„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот
2„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот
МакедонијаНема одговор од Софија по предлогот на Мицкоски за поднесување на заедничка резолуција во ЕП Засега нема реакција од официјална Софија за повикот на премиерот Мицкоски во синоќешното „Само интервју“ заеднички да поднесат резолуција до ЕП во која се гарантира македонскиот идентитет и јазик.Засега нема официјална реакција од официјална Софија за повикот на премиерот Мицкоски во синоќешното „Само интервју“ заеднички да поднесат резолуција до ЕП во која се гарантира македонскиот идентитет и јазик доколку Бугарија тврди дека единствениот проблем за македонските интеграции се само Бугарите во Уставот. Иако пораките на Мицкоски од интервјуто на Канал 5 ТВ одекнаа во бугарските медиуми, денеска ниту претседателот Радев, ниту премиерот Жељазков кои се појавија во јавноста, не споменаа ништо за предлогот. Мицкоски зборувајќи за заострените односи по извештајот во ЕП и условите кои и се поставуваат на државата за евроинтеграциите порача дека Владата ја сака државата во ЕУ, но Македонија нема да стане членка по секоја цена. -Еве бидејќи така вели Радев, јас сум подготвен заеднички да драфтираме Резолуција во којашто јасно ќе стои многувековниот посебен македонски идентитет и јазик којашто заеднички преку бугарските пратеници во ЕП ќе ја поднесеме. Еве јас сум подготвен веднаш тоа да го направам, бидејќи само тоа е условот нели, ајде да видиме да вметнеме таква резолуција и да почнеме да испорачуваме, изјави Мицкоски. Дека понудата на Мицкоски до Радев и бугарската Влада за Резолуција за многувековен македонски и идентитет и јазик останува отворена, денеска посочи и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Сепак, во ВМРО-ДПМНЕ има доза на скептицизам дека ова барање ќе биде прифатено од официјална Софија, кажа Милошоски, бидејќи отворањето на Уставот за многу владини претставници во Софија, како што вели, е само почеток на многу други барања и изговори за идни блокади. Мицкоски во вчерашното „Само интервју“ повтори дека не гледа причина за лидерска средба во моментов со опозицискиот лидер Венко Филипче, а главната причина за неможноста да се постигне натпартиски консензус според него се нивните дијаметрално спротивставени страни за уставните измени и македонските евроинтеграции. – Како може да имаме исти црвени линиии кога јас сега зборувам како антипод од тоа што тој го зборуваше во истото ова студио пред неколку дена. Тој вели јас безусловно ќе ги ставам Бугарите во Устав. Како се нашите црвени линии исти? Јас можам сериозно да го разберам Венко Филипче ако излезе во јавност и да каже, видете ние како политичка партија направивме грешка, им се извинувам пред се на македонскиот народ и на граѓаните што со нашите чекори дојдовме до ситуација ваква каква што сме. Јас би сакал да седнам да разговарам со претседателот на Владата и безусловно да прифатам дека нема безусловно да ги ставаме Бугарите во Устав, изјави Мицкоски. По неодамнешното усвојување на извештајот, Европскиот парламент вчера во објава на социјалните мрежи, порача дека Македонија може да се приближи до членство во ЕУ, но потребно е да дејствува.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЈеменската војска соопшти дека го „обезбедила“ водниот пат во Црвеното мореЈеменските провладини сили поддржани од Саудиска Арабија велат дека го „обезбедиле“ теснецот Баб Ал-Мандаб на јужниот крај од Црвеното море, на почетокот на големата офанзива што ја презедоа против Хутите, поддржано од Иран.Јеменската војска, исто така, во соопштението наведе дека го освоиле градот мока на Црвеното море со помош на саудиските воздушни напади.но, во спротивставени извештаи, неименувани јеменски владини и воени извори за новинските агенции „Ројтерс“ и „АФП“ изјавија дека силите стигнале само до периферијата на градот. Хутите рекоа дека го нападнале меѓународниот аеродром во Ријад и други локации, но не коментираа во врска со Мока.Саудиска Арабија ги осуди нападите и ги повтори повиците до постојаните членки на Советот за безбедност на ОН да ја поддржат владата на Јемен. Владата на Јемен соопшти дека операциите започнале и на други фронтови вклучувајќи го и главниот град сана, кој падна во рацете на Хутите на почетокот на граѓанската војна пред 12 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
КошаркаЕвропска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на ФИБА Еврокупот. Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на FIBA Europe Cup, а пред натпреварот посетителите ги очекува богата забавна програма пред СЦ „Јане Сандански“. Аеродром ќе биде во знакот на европската кошарка. МЗТ Скопје Аеродром пред својата публика го пречекува реномираниот грчки состав Ираклис, во првиот домашен натпревар од новата европска сезона во FIBA Europe Cup. Европскиот дуел ќе биде повеќе од кошаркарски натпревар. Со почеток од 17:00 часот, на просторот пред СЦ „Јане Сандански“ ќе биде организирана преднатпреварувачка фан-зона, со музика, храна, пијалоци и забавни активности за посетителите од сите генерации. Во 19:00 часот фокусот се префрла на паркетот, каде МЗТ Скопје Аеродром ќе се соочи со Ираклис во европски натпревар кој носи посебна тежина за клубот, но и за цел Аеродром. Општина Аеродром ги повикува граѓаните, љубителите на кошарката и сите поддржувачи на МЗТ да бидат дел од европската кошаркарска вечер и со своето присуство да му дадат поддршка на клубот. Аеродром е сино-бел. Аеродром е МЗТ.Тагови: МЗТ Скопје Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајотКампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.Од 5 до 11 октомври, во рамки на меѓународната кампања на ROADPOL „Focus on the Road“, Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописна употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот. Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот. Не дозволувајте еден поглед кон екранот да биде причина за сообраќајна трагедија. Возете внимателно – гледајте го патот. Телефонот оставете го за подоцна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08