ЗдравјеНема нови тестирани за коронавирус, да се почитуваат препораките за заштитаВо текот на изминатото деноноќие нема нови тестирани за коронавирусот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Состојбата на пациентката со коронавирус која е хоспитализирана на Клиниката е стабилна. Нејзиниот контролен тест е негативен, но за тоа да се потврди треба да поминат 24 до 48 часа. Тоа ќе го направиме согласно препораките и проценката на клиничката состојба и параметрите денеска или во текот на утрешниот ден по што ќе ја информиравме јавноста. Тоа значи дека доколку контролниот тест е негативен, таа повеќе не е инфективна, значи не може да ја пренесе болеста, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека денеска во 13:30 Владата ќе одржи седница на која ќе дискутираат за предлог на Министерството за здравство за продолжување на препораката за неодржување големи масовни јавни собири и одржување спортски натпревари без публика. Тој рече дека двајца странци со симптоми слични на грип, вчера се тестирани, нивните тестови се негативни, прегледани се на Клиниката за инфективни болести, дадена им е соодветна терапија за нивната здравствена состојба и се пуштени. – Од вчера попладне со помош на мобилните оператори сите странци кои доаѓаат во државава добиваат тестуална СМС порака во која стои дека доколку почувствуваат за време на престојот некакви симпотоми слични на грип треба да се јават на телефонот на Институтот за јавно здравје. Тоа е една дополнителна мерка со информации како на флаерот кој странците го добиваат или го сликаат на граничните премини, рече Филипче. Нагласи дека изутрината добиле информација од една наша туристичка агенција дека се очекува група од 20-тина туристи од Сингапур и од Јапонија преку Бугарија на граничниот премин Деве Баир да пристигнат во нашата земја. – Известен е локалниот центар за јавно здравје кој ќе го пречека автобусот. Тие патници ќе бидат детално интервјуирани, по потреба и прегледани. Тие доаѓаат од Романија, каде има веќе регистриран случај со коронавирус, истакна Филипче. Тој го повтори апелот граѓаните да се придржуваат до мерката за одржување лична хигиена, темелно миење и дезинфекција на рацете, а воедно информираше дека дистрибуцијата на дезинфекциски средства низ училиштата веќе е почната. – Вчера беа дистрибуирани количините во скопските училишта, а денес продолжува дистрибуцијата во другите училишта низ државата. Разговарав со нашиот конзул од Италија, тој е во моментот во нашата земја, меѓутоа има секојдневна комуникација со италијанските власти. Таму се размислува да се затвори уште еден регион на Пјаченца. Веројатно одлука ќе се донесе денеска или во текот на викендов. Се трудиме да направиме контакт со што повеќе наши граѓани за да не информираат однапред доколку планираат да дојдат во земјава. Во секој случај продолжуваат мерките и за секоја следна информација јавноста навремено ќе биде информирана, додаде Филипче.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook