Арсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање
1Арсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање
2Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаНема лекарска грешка во случајот со 37 - годишната Елена Ѓорѓиевска Нема лекарска грешка во случајот со 37 -годишната Елена Ѓорѓиевска која почина дома по направени две операции на Дигестивна хирургија пред еден месец.Нема лекарска грешка во случајот со 37 -годишната Елена Ѓорѓиевска која почина дома по направени две операции на Дигестивна хирургија пред еден месец, на истиот ден кога била пуштена од болница, стои во Извештајот на стручната комисија која ја формираше Министерот Азир Алиу. Во него пишува дека пациентката се лекувала од кронова болест уште од 2013 година и имала комплицирана форма на умерена и тешка состојба, па третманот од страна на лекарите како конзервативно, така и оперативно бил соодветно спроведен, согласно најновите медицински протоколи, велат за Канал 5 од Министерството за здравство. -Заради компликации од кронова болест, пациентката била примена за болничко лекување на Клиниката за дигестивна хирургија, каде бил извршен оперативен зафат. Кроновата болести носи двапати поголем ризик од појава на тромбоза на крвните садови, во споредба со здрави индивидуи, која може да доведе до нарушување на циркулацијата во засегнатиот анатомски сегмент со сите последици кои ги носи, вклучително и перфорација на црево и белодробна емболија,- - Министерство за здравство. Семејството на починатата Елена не е изненадено од исходот на последниот извештај и остануваат на ставот дека нивната блиска која инаку била мајка на две мали дечиња починала од лекарска грешка при првата операција и лекарска негрижа во постоперативниот период. Тие сметаат дека најголем пропуст е тоа што хирургот што ја оперирал не му ја препуштил пациентката на друг свој колега специјалист хирург. -Како што тој велеше нас како што ни кажуваше дека по шведски систем работел. Говорам за првата операција и верувам дека во Шведска не ги умираат вака луѓето како во Македонија. Не ги оставаат на практиканти. Тоа добро го знаат и шефот на одделот и Директорот Костовски, дека Елена не е оставена на специјалист на време, туку била оставена на неговиот тим од специјализанти. Очекувам надлежните од Клиниката, познавајќи ги пропустите од докторот, дека ќе направат нешто за да не се повторуваат вакви грешки и да се губат млади животи. Јас сметам дека тој човек не треба повеќе да оперира во сала,- Ирена Димовска – роднина. Директорот на Дигестивна хирургија Д-р Огнен Костовски вели дека очекува интерната комисија при Клиниката да си ја заврши работата, по што ќе има Извештај по кој ќе може да постапи доколку се утврдат недостатоци. -Интерната комисија што е формирана, а која има задача да констатира и евентуални дисциплинки постапки за случајот има законски има рок од 60 дена да си ја заврши работата и следствено ќе мора да изготви сопствен Извештај, настрана од оние на Министерството и ДСЗИ иако и нив ќе ги има на увид. Комисијата со која раководи Д-р Реџеп Селмани сè уште постапува,- Проф. д-р Огнен Костовски - Директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија – Скопје. Инаку, за овој случај постапуваше и Државниот здравствен инспекторат кој исто така во медицинската евиденција не најде недостатоци и пропусти од својата надлежност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАрсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласањеВисоката излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање.Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање, а секој евентуален обид да се оспори резултатот, може да ја втурне Србија во нов период на нестабилност и политичка криза, оценува политичките аналитичар Петар Арсовски за Канал 5. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часотГласачките кутии во Србија остануваат отворени уште два часа, но веќе сега е извесно дека излезноста ќе биде рекордна.. До 17 часот гласаа 61% од запишани 6,45 милиони глаѓани, со што се надмина вкупната излезност на претходните избори во 2023 година... Главната битка се води меѓу владејачката СНС предводена од Александар Вучиќ и Студентската листа, додека останатите партии и коалиции се борат да го поминат изборниот праг од 3 проценти за да влезат во парламентот... Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, расте и излезноста, но и напнатоста, со оглед дека високата излезност сугерира дека гласачите бараат промени... Каква е атмосферата во центарот на градот? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПовторно гори „Орловото гнездо“ на Хитлер (ВИДЕО)Пожар повторно избувна ноќеска во планинското засолниште „Орловото гнездо“ во јужна Германија, кое некогаш го користел нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, соопшти денес баварската полиција. „Повторно изгоре до висина на просторијата“, изјави полицискиот службеник. Пожарникарите беа испратени на историското место, познато во Германија како Келштајнхаус, на самиот врв на планинското одморалиште Оберзалцберг и го изгаснаа пламенот. Не е невообичаено тлеечките жарчиња повторно да разгорат пожар откако ќе се изгасне главниот пожар, додаде службеникот, објави ЗД. Уапсен маж Голем пожар избувна во „Орловото гнездо“ во петокот вечерта. Полицијата го уапси осомничениот под сомнение за палење. Првичната психијатриска проценка на 33-годишниот Германец покажа дека тој е ментално болно лице, според обвинителството. Зградата беше во голема мера уништена во пожарот, а штетата се проценува на милиони евра. „Орловото гнездо“, кое се наоѓа на надморска височина од над 1.800 метри надморска височина, е изградено под нацистичкиот режим во 1930-тите години како дел од комплексот што го користел Хитлер на Оберзалцберг. View this post on Instagram A post shared by Walk Among Heroes (@walkamongheroes) Нацистичка историја Се користи како ресторан од 1952 година. Сепак, објектот бил затворен во петокот и никој не бил повреден во пожарот. Хитлер го посетил „Орловото гнездо“ неколку пати за да прими дипломати и други странски гости, според локалниот туристички одбор во градот Берхтесгаден. Сепак, од политичка гледна точка, ова засолниште „останало од мало значење“ и главно го користеле високи нацистички функционери за одмор, слободно време и приватни прослави, додава здружението. Денес, во него се одржува изложба што ја прикажува неговата нацистичка историја.Тагови: Адолф Хитлер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter