Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
2Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
СветНема истекување на нафта по нападот на кувајтскиот танкер во близина на пристаништето во Дубаи Властите во Дубаи потврдија дека нема истекување на нафта од танкерот кој беше запален по ирански напад со дрон.Танкерот „Ал Салми“ (Al Salmi) бил целосно натоварен со два милиони барели нафта и бил закотвен во Дубаи на пат кон Кина, кога бил погоден во напад со дрон и избил пожар, пренесе Би-би-си. Медиумската канцеларија на Дубаи оттогаш потврди дека тимовите за итни интервенции „успешно го локализирале инцидентот во кој беше вклучен кувајтскиот нафтен танкер во водите на Дубаи, при што не е забележано истекување на нафта и нема пријавени повреди“. Кувајт претходно соопшти дека Иран погодил еден од неговите гигантски танкери за сурова нафта кој е закотвен во пристаниште во Дубаи. Кувајтската нафтена корпорација го опиша инцидентот како „брутален ирански воздушен напад“ и извести дека има одредена штета на бродот, но нема жртви. Танкерот „Ал Салми“ бил целосно натоварен во моментот на нападот, кој предизвикал пожар на бродот. Властите во Дубаи соопштија дека во нападот бил вклучен дрон и дека траат напорите за гаснење на пожарот. Сите 24 членови на екипажот се безбедни и неповредени, наведоа тие. Првично, Кувајт предупреди на можно излевање на нафта по нападот, но центарот за Поморски трговски операции на Обединетото Кралство нагласи дека „не се пријавени последици врз животната средина“. Тагови: Дубаи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветНајмалку 27 загинати во воздушен напад врз село во ЈеменНајмалку 27 лица загинаа, а 36 се повредени во воздушни напади врз куќи во селото Ал-Шарија, недалеку од главниот град на Јемен, Сана. Повеќето од загинатите се жени и деца, соопшти портпаролот на министерството за здравство под контрола на Хутите, пренесува „Скај Њуз“. Портпаролот Анис Ал-Асбахи во изјава за Асошиејтед Прес ја обвини Саудиска Арабија за нападите. Засега нема независна потврда за одговорноста за нападот. Граѓанската војна во Јемен нагло се интензивираше откако во текот на летото пропадна повеќегодишното примирје. Борбите се засилија меѓу Хутите, кои имаат поддршка од Иран и контролираат делови од северот и западот на земјата, и нивните противници на југот и истокот, кои ги поддржува Саудиска Арабија. Претставници на Хутите тврдат дека во воздушен напад врз пазар во Јужен Јемен претходниот ден загинале најмалку 30 лица. За одговорноста за тој напад меѓусебно се обвинуваат Хутите и јеменската војска, која има поддршка од Саудиска Арабија. Обновувањето на борбите предизвикува страв дека земјата повторно ќе се најде во најтешката фаза од граѓанската војна, која трае повеќе од една деценија и предизвика една од најтешките хуманитарни катастрофи во светот.Тагови: Јемен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција - зборот е збор!Ветив дека во мојот четиригодишен мандат ќе го ставиме во функција. Но само за неполна година, го одглавивме проектот и веќе ги асфалтираме пристапните улици со што ќе се стави во функција. Мостот што граѓаните го нарекуваа „мост за ловење риба“, конечно ќе ја добие својата вистинска намена! Претходно, го решивме процесот на експропријација неопходен за пристапите, заглавен од претходните раководства, ја ослободивме трасата и сега работиме за мостот наскоро да ги поврзе двете соседни општини. Со тоа ќе овозможиме полесно движење, пократки патувања и растоварување на сообраќајот. Паралелно, продолжуваме со експропријацијата на преостанатиот дел од булеварот, сѐ до неговото целосно завршување. Нашата обврска е да го довршиме проектот во целост! Дадениот збор пред мојот народ го исполнуваме со работа, чесно и посветено. Со решавање на проблемите и со резултати што се гледаат! Кога се сака и кога се работи, сѐ се може. Продолжуваме, за Скопје какво што заслужуваме. Скопје се сака со дела!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Филков и ЗНАМ се срам за ова општество, ЕК ja потврди катастрофаta во правосудствотоФилков од ЗНАМ вели дека ЕК го потврдила сработеното. За две години ги поставиле темелите за реформа на правосудството.Македонија доби катастрофален Извештај од ЕК. Нула напредок во борбата против корупцијата. Нула во слободата на изразување. Нула во јавните набавки. Судството и медиумите под политичка опсада. Корупцијата на високо ниво останува широко распространета и сериозна причина за загриженост. Предметите застаруваат. Се создава перцепција на неказнивост. Во најважниот кластер Темели има чиста нула. Во девет области оценката е пониска од лани. Покрај тоа што не се направени реформите, има криминал и корупција на највисоко ниво. Максим Димитриевски правел состаноци со Вулин за Алта банка. Вулин - директор на БИА, министер за полиција и одбрана, споменуван во Sky преписките како еден од главните за шверц на наркотици во Вучиќевиот клан. Една од темите на состанокот во Куманово била Aлта банка. Филков додека беше министер за правда не ги испрати документите за екстрадиција на Никола Груевски. Максим со земјуште за Лидл, бугарски пасоши и фирми во Бугарија што треба да ги испита обвинителството. Тендери во Пошта за советници од ЗНАМ. ЗНАМ прво ја издадоа партијата. Ги финансираше Мицкоски. Потоа ги издадоа гласачите и влегоа со ОКГ во тендер коалицијата. Денес ги лажат граѓаните. Срам за нашата земја кој го претставува правосудството. Уште малку и ќе бидат испратени на политичко-историското ѓубриште, а потоа и да одговараат пред европското обвинителство и слободните судови. Вистината излегува. Бандата ќе одговара, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook