Нема да се менува изгледот на Универзалната сала - Канал 5

Нема да се менува изгледот на Универзалната сала

Универзалната сала во Скопје ќе го задржи својот автентичен изглед.

Нема да се менува изгледот на Универзалната сала
Универзалната сала во Скопје, преименувана во Конгресен центар Александар Македонски ќе се реконструира и прошири со одделни придружни содржини, наместо да се гради нов објект на тоа место како што беше планирано и избрано идејно решение.

Ова денеска го најавија министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.
Одлуката е донесена на седница на Влада и се очекува реконструкцијата да чини околу 15 милиони евра, што е значително помалку отколку проектот за изградба на нов објект во вид на јајце кој ќе чинеше од 60 до 65 милиони евра.

- Верувам дека оваа одлука ги оправдува и барањата коишто призлегоа од голем број здруженија на граѓани и уметници, и од желбата да остане постоечкиот објект и тој да се реконструира, рече Канческа-Милевска.

Таа појасни дека по изборот на идејното решение на „Стоун дизајн“ за изградба на Универзална сала во вид на јајце и направените проценки од проектантската куќа дека реализацијата ќе чини од 60 до 65 милиони евра, одржани се низа состаноци со проектанската куќа со цел да се намали износот.

- Имавме долги состаноци и комуникација со проектантската куќа и побаравме некоја рационализација на одредени содржини и намалување на сумата, така што се стигна некаде до 50 милиони евра, но сепак се увиде дека навистина тој нов објект согласно конкурсното решение навистина доста чини во споредба со реконструкцијата на постоечкиот објект чија првична сума е седум милиони евра, а со проектирањето на ентериерите и сценската технологија се очекува да чини максимум до 15 милиони евра. Навистина има голема разлика и сметавме дека оваа сума на новиот објект за изградба на Универзална сала со чинење од 60 до 65 милиони евра е економски неоправдано и нецелисходно, истакна министерката за култура.
За реконструкција на Универзалната сала беше изработен проект пред околу осум години. Тој ќе треба да се измени за во него да бидат внесени пропратните содржини, ентеритерите и сценската технологија. Откако ќе биде изменет проектот за реконструкција, одлуката ќе треба да ја донесе Советот на Град Скопје.

Градоначалникот Коце Трајановски нагласи дека Скопје ќе добие нов, модерен и функционален Конгресен центар со изглед сличен на постојниот, но со дополнителни сали, а ќе биде решено и паркирањето според сите стандарди на урбанистичкото планирање.

- Земајќи го во предвид мислењето и јавувањата на голем број граѓани и здруженија коишто бараа Универзалната сала да остане на истото место и да биде со сличен изглед како што е постојната, како Совет на Град Скопје ќе го префрлиме правото на измена на проектот за реконструкција, доградба и надградба на Универзалната сала т.е. на КЦ „Александар Македонски“, со што очекуваме вредноста за реализација на овој проект да биде околу 15 милиони евра, рече Трајановски.




YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Египет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава

Според дел од информациите што се споделуваат египетските власти оваа и останатите 30-ина организации ја поврзуваат со транснационални исламистички движења како „Муслиманско братство“, кои во Египет се забранети и се сметаат за екстремни. 

Египет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава

Невладина организација од Скопје се најде на листата од 35 терористички организации кои Египте ги прогласи за закана за државата.

Одлуката ја донел Кривичниот суд во Каиро, а Решението е објавено во египетскиот Службен весник. Според листата објавена во медумите и на социјални мрежи, се работи за Здружението „Исламски младински форум – Скопје“, кое фигурира во јавно достапните податоци од Централниот регистар, но нема официјална потврда за тоа.

Канал 5 се обиде да стапи во контакт со македонската организација на јавно наведенот телефонски број, но никој не одговори на нашиот повик.

Како што дознава „Канал 5“ од свои извори, здружението „Исламски младински форум – Скопје“ веќе неколку години не функционира активно, наводно поради блокирани банкарски сметки и сомнежи поврзани со неговото финансирање.

Организацијата функционирача уште од 90-тите години, а пред пандемијата имала простории во близина на Мавровка и во скопската населба Јаја Паша.

Нејзините активности главно биле насочени кон едукација на младите, организирање курсеви и програми за нивна интеграција во општеството. Раководството се менувало на секои две години.

„Канал 5“ побара одговори од Агенцијата за национална безбедност и МВР дали се запознаени со египетската одлука, за која конкретна организација станува збор и дали таа претходно била предмет на безбедносни проверки за евентуални врски со радикални или екстремистички структури, но до објавувањето на прилогот не добивме одговор.

Египетските власти тврдат дека организациите од списокот се дел од европска мрежа поврзана со Муслиманското братство, но не се објавени конкретни докази за секоја од нив поединечно.

Братството е забрането во Египет од 2013 година, по воениот удар со кој беше соборен претседателот Мохамед Морси, а на власт дојде Абдел Фатах ал-Сиси.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров

На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилство врз 13-годишно девојче во скопско Ѓорче Петров им е изречена мерка упатување во воспитно-поправен дом.

Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров

Како што потврдија од Основниот кривичен суд за Канал 5, судија за деца, на две од девојките им изрекол мерка во траење од една година, додека за останатите две, во траење од по осум месеци.

Од кривичен посочуваат дека се работи за одлука што не е правосилна.

Станува збор за случај од март годинава што ја шокираше јавноста поврзано со група деца која се изживува врз девојче, додека дел од присутните го снимаат насилството.

По откривањето на случајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири малолетнички, една на возраст од 17 години која во меѓувреме стана и полнолетна, како и против три девојчиња на возраст од 14 години, поради основано сомнение за кривичното дело „насилство“.. обвинителството тогаш информираше дека малолетничките учествувале во дејствија на насилство во два одвоени настани..

Во рамките на истиот случај, до обвинителството беа доставени и шест кривични пријави против родители за „запуштање и малтретирање дете“..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура

Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година.

Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура

Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година предводена од тогашниот премиер Димитар Ковачевски, со која како што тврди, по предлог тогашниот министер Фатмир Бесими се барало од владата да го овласти Државното правобранителство да ѝ ги отуѓи на Алта банка - Белград акциите што државата ги има во банката во Србија како резултат на сукцесијата на поранешна Југославија.

Лидерот на СДСМ, Филипче, пак, како целосни невистини и манипулации ги отфрли ваквите наводи на прес-конференција која ја одржа на пауза од надзорната расправа.

Тој објасни дека, откако Мацура во 2023 година се стекнал со над 90 проценти од акциите во белградската Алта банка, која претходно се викала ЈУБМЕС – односно Југословенска банка за меѓународна економска соработка, преостанатите акции биле преземени без согласност на македонската страна, според механизмот предвиден во српското законодавство.

На прес-конференцијата од Филипче реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

И тој покажа документи од записникот од владината седница во 2023 година кои според власта ги демантираат обидите на опозицијата да ги изврти фактите и аргументите, а опозициските пратеници како што рече наместо на пресови надвор од сала сите прашања можеле да ги постават директно до учесниците на надзорната расправа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер