КошаркаНема да ми ги земеш парите- познат НБА кошаркар ја оставил невестата на денот на свадбата Стефон Џексон (46), поранешен кошаркар во НБА, решил да ја остави својата вереница на денот на венчавката бидејќи таа не го потпишала предбрачниот договор.Како милионер, Џексон не сакал девојката да го изневерува и да се омажи за пари. Во 1997 година Џексон беше избран како втор пик на драфтот, имаше доста добри договори зад себе и заработи десетици милиони. Кога решил да се ожени со девојка со која долго време бил во врска, ѝ поставил само еден услов, да потпише предбрачен договор како доказ дека не се мажи за него само поради парите. Стефон чекал долго тоа да се случи, а на врската дефинитивно ставил точка на денот на венчавката. „На свадбата дојдоа сите 530 гости и сѐ што требаше да направиме е да го потпишеме предбрачниот договор. Во животот се грижев за многу луѓе, но никогаш не би дозволил една жена да контролира за тоа за што сум работел толку напорно цел живот.Никој од тие кучкини синови не беше со мене во сала.Затоа си ветив дека жена ми ќе мора да го потпише предбрачниот договор.Се договоривме три-четири месеци пред свадбата и чекав за таа да потпише.Дојдовме во Хјустон, јас постојано велев дека треба што поскоро да потпише.Таа рече дека ќе го направи тоа.Продолживме со планирањето на свадбата,јас ја сакав и планирав семејство со неа.На денот на на свадбата носев одело. Сите мои кумови беа таму и само требаше да се симнеме со лифт до свадбената соба. Баба ми дојде во собата и ми рече дека хартијата не е потпишана и дека тоа е крајот. Џексон веднаш решил да откаже сѐ. Не се грижел ниту за вложените 400.000 долари. „Сите беа во шок кога објавив дека венчавката е откажана. После тоа плачев половина час и не можев да верувам дека некоја жена ќе ме натера на тоа поради парче хартија“. На вратата тогаш се појавила несудената невеста. Плачејќи побарала да го потпише договорот. "Таа сакаше да разговара со мене, беше во венчаница и целата во солзи. Ме замоли да се потпишам на договорот. Но јас не сум од вчера. Мислев: "Ти, душо, го направи својот избор. Можеш потоа да ме тужиш дека договорот си го потпишала под стрес“, раскажа Џексон во една ТВ емисија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
АвтомобилизамКако Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобилНа една конференција, шефот на Ферари раскажа дека Џеф Безос му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, како и дека Ferrari треба сериозно да размисли за електричните возила.Претседателот на Ферари, Џон Елкан, откри дека разговорот од 2016 година со основачот на Амазон, Џеф Безос, одиграл клучна улога во одлуката на италијанската компанија сериозно да го разгледа развојот на електричен автомобил. На конференцијата, Елкан сподели дека Безос тогаш му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, и дека Ферари треба сериозно да размисли за електричните возила. Десет години подоцна, Ферари го претстави моделот „Luce“ – подготвен за сериско производство и прв целосно електричен модел на компанијата. „Luce“ предизвика значителни реакции, не само поради својот електричен погон, туку и поради дизајнот. Надворешниот и внатрешниот дизајн беа развиени од студиото „LoveFrom“, во чиј тим е вклучен и поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв. Сепак, Ферари истакнува дека Luce останува верен на наследството на брендот во поглед на перформансите. Автомобилот располага со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од 1.050 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди. Батеријата со капацитет од 122 kWh овозможува деклариран досег од 530 км – што е донекаде скромна бројка со оглед на големината на батеријата. Цената е исто така нетипична за електрични автомобили. „Ferrari Luce“ чини околу 550.000 евра во Европа, а се очекува цената во САД да биде приближно иста. Џон Елкан нагласува дека Ferrari немал намера да создаде контроверзен автомобил; напротив, разговорот со Безос ја зацврстил убеденоста на компанијата дека треба да ја прифати електрификацијата, пренесува b92.Тагови: ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Секси рагбистка воодушеви со облинитеРагбистката Џејми Чапман успеа да го маѓепса голем дел од машкиот свет со својата модна комбинација за време на доделувањето на наградите „Dally M“ во 2024 година. На свечената церемонија атрактивната Џејми се појави во црн фустан од тантела што совршено ги следеше линиите на нејзиното тело и ги истакна нејзините бујни гради. Провокативната тоалета се одликуваше и со длабок шлиц, а не смееме да го изоставиме ниту фактот дека нејзините прекрасни облини дојдоа до израз во оваа заводлива креација. Dayummmm!! 💓 Btw: she is Australian Rugby player Her name: Jaime Chapman https://t.co/zwQUjRxZJR — HollywoodCave (@HollywoodCave) October 9, 2026 Во 2024 година, таа предизвика вистинска помпа на церемонијата на доделување награди, а судејќи според најновите објави на X, повторно поттикна лавина од коментари и реакции кај машката публика. Нејзините фотографии од таа вечер повторно се актуелни на социјалните мрежи и масовно се споделуваат на X. Инаку, Чапман е една од препознатливите фигури во женското рагби во Австралија. Таа игра на позицијата центар за тимот „Голд Коуст Тајтанс“ во женската конкуренција на Националната рагби-лига (NRL), а настапува и за „Твид Хедс Сигс“ во женската рагби-лига на Квинсленд. Исто така, таа ужива голема популарност на социјалните мрежи, каде што редовно објавува фотографии од приватниот и деловниот живот, при што посебно внимание привлекуваат оние од атрактивните модни публикации. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривични пријави за возачот на мотоцикл кој дивееше на бул."Партизански Одреди" во СкопјеОд страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај е извршен разговор со А.А. кој посочил дека истиот на 03.10.2026 без да поседува возачка дозвола управувал мотоцикл "сузуки" на бул. "Партизански Одреди" Во врска со објавеното видео 10.10.2026 на повеќе портали и електронски медиуми во кое се гледа како едно лице управува мотоцикл "сузуки" движејќи се небезбедно на едно тркало на бул."Партизански Одреди" кај крстосницата со ул."29-ти Ноември" во повеќе наврати, загрозувајќи се себеси и другите учесници во сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во соработка со Безбеден Град преземени се мерки и дејствија при што е утврдено дека станува збор за мотоцикл "сузуки" со скопски регистарски ознаки кој на ден 03.10.2026 е управуван од машко лице по наведениот булевар при што најпрво е обавен разговор со сопственикот, потоа со корисник на мотоциклот од кого е добиена информација дека мотоциклот на 03.10.2026 го користел А.А.(37) од Скопје. Од страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај е извршен разговор со А.А. кој посочил дека истиот на 03.10.2026 без да поседува возачка дозвола управувал мотоцикл "сузуки" на бул. "Партизански Одреди" и истиот објавил неколку видеа на профил на мрежата Тик Ток. Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-А од Кривичниот законик, "безобѕирно управување на моторно возило" и по член 298 од Кривичниот законик- "загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство".Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook