Нема да дојде до историското спојување- Нисан подготвен да ги заврши преговорите со Хонда - Канал 5

Нема да дојде до историското спојување- Нисан подготвен да ги заврши преговорите со Хонда

Јапонскиот производител на автомобили Nissan Motor треба да ги прекине преговорите за спојување со Honda Motor Company, откако неодамна го отфрли предлогот да стане подружница на Honda.

Нема да дојде до историското спојување- Нисан подготвен да ги заврши преговорите со Хонда

Плановите за реструктуирање на Nissan не биле доволно убедливи за претставниците на Honda, а тоа бил клучен предуслов за спојување во холдинг-компанија со задржување на двете марки, пишува Kyodo, повикувајќи се на анонимни информирани извори.

Двата јапонски производители на автомобили се согласија во декември да започнат преговори за спојување и потпишаа меморандум за разбирање.

Според тогашниот план, компаниите сакале подоцна да го донесат Mitsubishi во холдинг-компанијата, во која Nissan е најголем акционер со 24 отсто удел.

Комбинираната компанија, составена од трите горенаведени производители на автомобили, можела да се справи со продажбата на осум милиони возила годишно, соопшти тогаш агенцијата Никеи.

Тоа би ја сместило компанијата меѓу најголемите светски производители на автомобили, но сепак би била под јапонската Toyota (регистрирајќи продажба од 11,2 милиони во 2023 година) и германскиот Volkswagen со 9,2 милиони продадени возила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нејмар донесе одлука, не сака да се врати

Поканата што Карло Анчелоти ја испрати до Нејмар да биде на списокот на играчи за Светското првенство предизвика голема врева, а сега еден од најголемите играчи на 21 век донесе одлука за неговото понатамошно учество во бразилската репрезентација.

Нејмар донесе одлука, не сака да се врати

Со години, Нејмар не беше на нивото што го красеше пред седум или осум години. Повредите го уништија, но не е дека блескаше кога станува збор за посветеност на фудбалот и тренинзите. Карло Анчелоти, селекторот на бразилската репрезентација, во интервју за „CNN Brazil“ нагласи дека Нејмар донел одлука за продолжување на играњето за „Селесао“:

- Неј заслужуваше да биде на последното Светско првенство поради своите квалитети, но веќе потврди дека не сака да се врати во репрезентацијата. Тој е незаменлив, беше исклучителен и уникатен талент - рече Анчелоти.

Нејмар одигра 130 натпревари за бразилската репрезентација и постигна 80 гола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот Мустафа Даути се наоѓало веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

По апсењето на дело на помошник-директорот на Царинската управа, под сомнение дека примил 17.500 евра поткуп, во јавноста се појави нова информација која бара итен одговор од полицијата.

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот Мустафа Даути се наоѓало веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

Дали е точно дека во моментот на апсењето, веднаш зад возилото на уапсениот се наоѓало возилото на заменик-директорот на Царинската управа, Мустафа Даути?

Доколку е така, бараме МВР јавно да појасни:

* Кој се наоѓал во тоа возило?

* Зошто возилото на заменик-директорот на Царинската управа се наоѓало на местото и во моментот на апсењето?

* Дали Мустафа Даути или лицата кои се наоѓале во неговото возило биле испрашувани?

* Дали се истражува дали случајот со 17.500 евра е поврзан и со други лица во хиерархијата на Царинската управа?

Кога службено лице е фатено на дело при примање поткуп поврзан со тендер, истрагата не смее да заврши само кај лицето кое ги примило парите. Мора да се расчисти целиот синџир: кој го организирал, кој знаел и кој стоел зад него.

МВР и Обвинителството имаат обврска да ѝ дадат на јавноста јасни и целосни одговори, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево време со попладневни врнежи од дожд и засилен ветер

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. 

Утре сончево време со попладневни врнежи од дожд и засилен ветер

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

14 Попова Шапка, 18 Крушево, 22 Маврови Анови, 24 Берово, Претор, Охрид, Прилеп, 25 Крива Паланка, 26 Битола, Виница, Тетово, 27 Штип, 28 Скопје Петровец, Зајчев Рид, Струмица, Демир Капија, Кавадарци, Велес, 29 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе биде стабилно и топло со мала до умерена локална облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До крајот на новата работна седмица ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност. Утре во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Утре ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а од среда ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер