Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
1Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
2Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
БалканНема да биде екстрадиран од Грција уапсениот Ацо Боцевски баран за убиство од пред 28 годиниМакедонскиот државјанин, баран со европска потерница за убиство пред 28 години што беше уапсен на крајот на мај годинава во грчкиот град Катерини, нема да биде екстрадиран во земјава, поради застареност на случајот, одлучил судот во Солун.Македонскиот државјанин, баран со европска потерница за убиство пред 28 години што беше уапсен на крајот на мај годинава во грчкиот град Катерини, нема да биде екстрадиран во земјава, поради застареност на случајот, одлучил судот во Солун, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Со отфрлање на барањето за екстрадиција, судиите одлучиле и да му ја укинат мерката притвор. Убиството, за кое 60-годишниот беше баран со европска потерница се случило во Македонија во ноември 1997 година, а жртва бил 37-годишен македонски државјанин. Сторителот тогаш бил осуден на 15-годишна затворска казна, но побегнал во Грција, а пред шест месеци, беше уапсен во Катерини. Според описот најверојатно станува збор за 60 годишниот Аце Боцевски (Аце циганот) кој во 1998 година беше осуден на 15 години затвор за убиството на Сеат Ибраими во центарот на Скопје. Откако беше пуштен во куќен притвор тој избега од државата. Против него беше распишана една од најстарите меѓународни потерници на мвр.Тој беше во бегство повеќе од две децении и беше уапсен во грчкиот град Катерини. Според судскиот предмет и документите од македонското обвинителство, како што пишува АНА-МПА, 60-годишниот намерно предизвикал сообраќајна несреќа, а кога жртвата излегла од возилото да ги види оштетувањата, пукал кон него и го убил, додека пак една година подоцна се одржало судењето и бил осуден на 15 години. Пред солунскиот суд, објаснил дека откако бил пуштен од притвор, побегнал и се преселил во Грција и дека сега има бизнис со соби за изнајмување во областа Пиерија. -Тој, преку своите адвокати, изјави дека во тој период служел во личното обезбедување на тогашниот претседател на државата, Киро Глигоров и дека бил на мета од политички причини. Според неговите тврдења, бил задржан во притвор 90 дена, по што бил пуштен на слобода, а потоа избегал со пасош издаден од властите на неговата земја и се преселил во Грција, пишува АНА-МПА. Со оглед на тоа што изречената казна е пред 20 години, согласно грчкото кривично право е застарена и затоа судиите го отфрлиле барањето за негова екстрадиција во Македонија./МИА Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
ФудбалМрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!Со децении, „Златната топка“ (Ballon d'Or) е многу повеќе од обична награда за најдобриот фудбалер во светот. Зад овој престижен трофеј се водат жестоки кампањи, се врши лобирање, се контактираат новинари и се убедуваат гласачите, а понекогаш работите – според сведоштвото на човек кој со децении бил во самото средиште на случувањата – одат и многу подалеку. Паскал Фере, поранешниот главен уредник на „Франс фудбал“ (France Football) и човекот кој со години беше задолжен за „Златната топка“, отвори врата што долго време беше затворена. Во книгата „Скриеното лице на Златната топка“, како и во интервјуата по повод нејзиното објавување, тој откри низа неверојатни детали од задкулисните случувања поврзани со најпрестижната индивидуална награда во фудбалот. Фере раскажа за средба со агент на еден фудбалер номиниран за награда. Според неговите зборови, агентот најпрво му ги претставил квалитетите на својот клиент, а потоа директно го прашал дали може да ја „продаде“ неговата кандидатура на членовите на жирито. Фере одбил. Во еден момент станал од масата за да се јави на телефон. Кога се вратил – агентот го немало, но на масата останал плик. Фере не го отворил пликот. Го зел и веднаш го однел на рецепцијата во хотелот. И денес, како што вели, не знае што имало внатре. Уште побизарно е тоа што подоцна повторно се сретнал со истиот агент, но никогаш не му го спомнал пликот. Фудбалерот што го застапувал тој агент никогаш не ја освоил „Златната топка“. Името на Флорентино Перез е речиси неизбежно кога се зборува за Реал Мадрид и „Златната топка“. Реал со години имаше свои кандидати, од Кристијано Роналдо и Лука Модриќ до Карим Бензема и Винисиус Жуниор. Ситуацијата особено ескалираше во 2024 година, кога мадридскиот клуб одлучи да ја бојкотира церемонијата откако Винисиус заврши зад Родри. Делегацијата на Реал Мадрид тогаш не отпатува за Париз. Сепак, Фере тврди дека Перез лично никогаш не се обидел да влијае врз него. „Тој ја сака таа награда, но никогаш не ми испратил порака ниту, пак, индиректно навестил нешто“, раскажува Фере за своето искуство со претседателот на Реал. Тоа, сепак, не значи дека немало сериозно лобирање околу „Златната топка“. Фере зборуваше и за годините на големо ривалство меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Според него, луѓето од опкружувањето на Роналдо, а особено оние од Реал Мадрид, одлично знаеја како да се борат за наградата – се разбира, во рамките на дозволеното. Токму тој период покажа колку важна стана „Златната топка“, не само за играчите, туку и за клубовите, агентите и целосните фудбалски империи. Една од најемотивните приказни се однесува на Лука Модриќ. Токму Фере бил тој што го известил хрватскиот маестро дека ја освоил „Златната топка“ во 2018 година. Модриќ на почетокот не се јавуваше на телефон. Кога конечно разговараа, настана тишина, а потоа почнаа солзите. „Зошто јас?“, праша Модриќ – според сеќавањето на Фере – целосно совладан од емоции. Тој вети дека нема никому да ја соопшти веста пред церемонијата – дури ни на сопругата. Бензема беше воздржан, Фере беше збунет Ниту повикот до Карим Бензема во 2022 година не се одвиваше како што се очекуваше. Фере беше изненаден од неговата воздржана реакција, особено затоа што знаеше колку е значајно освојувањето на „Златната топка“. Дури подоцна Бензема му објасни дека во тој момент бил опкружен со луѓе и морал да внимава да не ја открие тајната. Така, некогашниот чувар на најголемата фудбалска тајна ја откри и другата страна на приказната – онаа во која победникот веќе знае дека станал дел од историјата, но сè уште не смее да каже ни збор. Фере е свесен дека неговите приказни ќе предизвикаат бура. Но, истовремено предупредува дека околу „Златната топка“ кружат огромен број гласини и неточни информации. Затоа, неговата книга не се занимава само со местење, лобирање и притисоци, туку и со тоа како славата, парите, егото и престижот го промениле односот на фудбалскиот свет кон оваа награда. И можеби токму тоа е најинтересното. Бидејќи зад гламурозната вечер, скапите костуми и блескавиот трофеј се крие свет во кој се туркаат кандидатури, агенти лобираат, клубови се лутат, а понекогаш – на масата се појавува мистериозен плик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Изградба на дом за стари лица во КавадарциПотпишан е договорот меѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Кавадарци за изградба на Јавна општинска установа за вонсемејна социјална заштита на стари лица, објави на фејсбук, градоначалникот Митко Јанчев.Изградба на дом за стари лица во Кавадарци [✔️] Потпишан е договорот меѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Кавадарци за изградба на Јавна општинска установа за вонсемејна социјална заштита на стари лица, со што е направен значаен чекор кон реализација на овој важен проект. Новата установа ќе располага со капацитет за 57 лица и ќе се простира на вкупна површина од 3.365,1 м². Вкупната вредност на договорот изнесува 154.927.746 денари, од кои 149.489.782,12 денари се обезбедени од Министерството, додека 5.437.963,88 денари се учество на Општина Кавадарци преку средства од општинскиот буџет. До крајот на месецот се очекува да започнат градежните активности, со што проектот влегува во фаза на реализација. Со изградбата на оваа современа установа, Кавадарци ќе добие значаен капацитет за згрижување и социјална заштита на старите лица, создавајќи подобри услови за грижа, сигурност и достоинствен живот. Ова е инвестиција во луѓето, во социјалната сигурност и во подобра иднина за Кавадарци и неговите граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
МакедонијаСДСМ: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии - арамијата троши како да има бунар без дноАрамијата ја троши народната каса како да е бунар без дно. Троши ама не за граѓаните, не поголеми плати и пензии - туку за криминални партиски тендери. И сега пари нема за до крајот на годината! Состојбата со централниот Буџетот е катастрофална. Буџетскиот дефицит ќе надмине 900 милиони евра. Целиот планиран дефицит е веќе потрошен, нема пари за плати и пензии и тековни трошоци до крајот на годината. Затоа нов ребаланс. Втор само два месеци после последниот ребаланс. Ребалансот не е заради некакви мерки за горивата, тоа е уште една лага, ребалансот е поради катастрофалната состојба со буџетот и потфрлањата во приходите. Наместо да скрати од непродуктивните трошења, да го запре луксузот и партиските тендери – повторно нови задолжувања. Како што најавивме. Едното веќе го почнаа, 250 милиони евра за буџетски потреби до крајот на годината. Следува и задолжување од огромни 1,3 милијарди евра. Не за развој, не за инвестиции што ќе донесат нови работни места - туку за да се покријат дупките во касата. Наместо да обезбеди стабилни приходи и одговорно трошење, трупа долг врз долг за да ги сервисира основните обврски. За две години Мицкоски создаде нови 4 милијарди евра долг или колку половина од задолжувањата за 35 години. Со долговите кон ЈПДП и другите јавни претпријатија долгот веќе надминува 63% од БДП. Каматите што државата ги плаќа годишно се зголемија од 120 на околу 350 милиони евра. Овие милијарди долгови не се за повисоки плати, пензии, инвестиции и подобар стандард. Тоа се пари што денес ги троши Мицкоски, а утре ќе ги враќаат граѓаните, затоа што кредитот не е приход, туку долг. Ова е резултатот од катастрофалните економските политики на Мицкоски - раскрчмување на народната каса. Буџет што се полни со кредити, додека граѓаните едвај врзвуваат крај со крај. Бајките на Мицкоски за „трета економија во Европа“ паднаа во вода. Со Мицкоски државата се движи кон економски и социјален амбис. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на ИО СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59