Нема цијанид во Крива река, утврди државниот инспекторат за животна середина - Канал 5

Нема цијанид во Крива река, утврди државниот инспекторат за животна середина

Државниот инспекторат за животна середина утврди дека нема цијанид во водата на Крива река во Паланка, потврди директорката на инспекторатот, Ивана Гиновска на денешната прес конференција.

Нема цијанид во Крива река, утврди државниот инспекторат за животна середина

Дали сега ќе има кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка , Сашко Митовски, кадар на СДСМ поради свесно ширење паника и правење политички поени.

И кој ќе им ја надомести штетата на паланечките земјоделци, чии раноградинарски производи нема кој да им ги купи.

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска денеска оддржa прес конференција во врска со случувањата во рудникот Тораница, на која извести дека со огромна сериозност се пристапувало кон истиот, иако според неа, поединци излегуваа со неточни и полуточни информации и успеаја да направат збунетост кај населението.

‘Сега ќе зборувам со факти, откако од страна на ДИЖС е затворено едно подлавје за овој надзор со цел да ги запрам сите шпекулации кои се ширеа во јавноста: На 14 март од страна на компанијата БУЛМАК 2016, преку електорнска пошта добив известување за инцидент дека е пукната цевка од технолошка вода од таложникот за јамски води до погонот флотација. Согласно своите законски надлежности, веднаш издадов налог за вонреден инспекциски надзор и државните инспектори веднаш излегоа на терен’, рече Гиновска.

На компанијата БУЛМАК 2016, додаде таа, изречена им е казна од 180.000-200.000 евра за правниот субјект и 10.000 евра за одговорното лице, која е најголема казна во законот за животна средина. Компанијата потпиша спогодба и предметот е предаден на Комисијата за спогодување, при Министерството за животна средина и просторно планирање.

‘Компанијата БУЛМАК, на ден 24.03.2025г. од страна на ДИЖС е задолжена со решение да преземе мерки за процена на евентуална штета врз животната средина. Таа ќе биде извршена од страна на надворешни стручни лица и веднаш по добивање на официјалниот извештај кој ќе покаже дали имало било какво влијание врз почвата, водата и живиот свет и дали има последици врз животната средина’ најави Гиновска..

Директорката на ДИЖС рече дека ќе ги превземе сите соодветни мерки во согласност со законот и ќе ја информира јавноста за следните чекори.

‘Ги демантирам шпекулациите, дека тој ден инспектори од ДИЖС не излегле на терен.Ги отфрлам сите обвинувања каде што се наведуваше дека имам изјавено, дека се излеало само вода. Таква изјава не постои никаде. Ги демантирам шпекулациите дека има помор на риби во Крива Река, од 14.03.2025 до ден денес не е забележан никаков помор. И исто така сакам јавноста да биде запознаена со тоа дека дека ЕКОЦИД не се докажува со 1л вода земена од 1 место и со само 1 примерок, туку со темелна и сеопфатна анализа’ изјави Гиновска пред медиумите..

Таа потврди и дека цијанид неколку стотици пати над дозволеното ниво во Крива Река нема и додаде дека овој еколошки инцидент ги покажа слабостите на системот кој го наследила, истовремено ветувајќи дека овој случај ќе има правна разрешница, а јавноста ќе биде запознаена со сите мерки кои се превземени од страна на инспекторатот.

YouTube video

Лишен од слобода прилепчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Лишен од слобода прилепчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и со активна забрана за управување возило.

Лишен од слобода прилепчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

На 26.04,2025 во 03.25 часот на ул.„7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.М.(28) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,80 промили алкохол во крвта. Исто така, било констатирано дека возилото го управувал под активна забрана за управуање на моторно возило од „Б“ категорија.

А.М. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

МВР: Лишен од слобода возачот кој со патничко возило удри пешак во Скопје

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

МВР: Лишен од слобода возачот кој со патничко возило удри пешак во Скопје

На 26.04.2025 во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(31) од Скопје. На 25.04.2025 во 20.30 часот на кружен тек од ул.„Кирил и Методиј“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Костурски Херои“, тој со патничко возило „фоксваген“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот Ѓ.П.(87) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

СДСМ: Нема напредок со раскарана и неспособна Влада

Коалицијата на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е во постојани кавги и целосно нефункционална.

СДСМ: Нема напредок со раскарана и неспособна Влада

Наместо да работат за интересите на граѓаните, тие се занимаваат со меѓусебни пресметки, блокади и партиски калкулации.

Додека владата на ДПМНЕ тоне во расправии и нема капацитет за реализација на проекти и политики од интерес на граѓаните, државата стои!

Економијата е закочена и во постојан пад, институциите се нефункционални, Владата на ДПМНЕ не може ниту да исплати плати на време, ништо не функционира како што треба.

Очигледно е – на партиите од власта не им е гајле за стандардот, за животот, за иднината на граѓаните. Единствено што им е важно се државните фотелји, личните интереси и тендерите.

Со оваа неспособна, незаинтересирана и раскарана влада на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, Македонија нема напредок.

СДСМ

притисни ентер