Нема абер од автопатот Кичево – Охрид, а сегашниот магистрален пат во катастрофална состојба - Канал 5

Нема абер од автопатот Кичево – Охрид, а сегашниот магистрален пат во катастрофална состојба

На стартот на новата година кинески Синохидро доби нов рок од 2 години да го изгради автопатот Кичево – Охрид, но на терен неизвесно дали воопшто нешто се работи. 

Нема абер од автопатот Кичево – Охрид, а сегашниот магистрален пат во катастрофална состојба

Продолжениот викенд кога голем број граѓани го искористија да го посетат Охрид, на автопатот од Кичево кон Охрид освен колони возила, друго не можеше да се забележи.

И додека во светот се градат километарски подводни автопати за 4 до 5 години, кај нас 57 км делница и по една деценија никако да го доживее својот епилог. На терен викендов, ниту работници ниту механизација. Денеска молк од надлежните институции, а последната информација поврзана со изградбата токму на овој автопат беше пред речиси една недела, дека во период од неколку часа ќе се врши минирање.

„Дали во моментов се вршат активности на терен? Колкав број на работници се ангажирани? Дали на местото каде треба да се гради има механизација?“ прашавме и во Јавното претпријатиа за државни патишта но оттаму одоговри не добивме. Се обидовме да стапиме и во контакт со се уште актуелниот министер за траснпорт и врски, Благој Бочварски, но ниту тој не одговори на нашите телефонски повици.

Охрид, важи за еден од најпосетените туристички градови во земјава, не само од домашни, туку и од странски туристи. Од туристичко угостителската комора за Канал 5 велат со години говориме дека доколку имаме добар автопат од Скопје до Охрид бројот на туристи значително ќе се зголеми. Првиот човек на комората, Аркан Керим вели неизгрдабата на автопатот е проблем на домашните институции, но и проблем за посетителите, кој наместо два патуваат и по 4 часа.

„Патот трае повеќе кога се градеше, кога се гради, има застои и на пример патот Скопје – Охрид е 2,5 часа а вака со сите застои е 4 часа и затоа сега даваме повеќе паузи, дали на Стража, дали во Маворово, дали на некој други места правиме попатни паузи за да го амортизираме тоа што се прави патот не е до нас тоа е некоја виша сила ... меѓутоа ако се напрви патот верувајте ми може да имаме удвостручување на бројот на турсисти кој ќе доаѓаат и кон Охрид и кон Скопје...“- изјави Аркан Керим – претседател на Туристичко угостителска комора.

Од она што е досега познато, кинески Синохидро започна со изградба на автопатот во 2014 година, рокот неколкупати беше пролонгиран за што беа потпишани 6 анкес договори, а со дел од нив порасна и цената. Па наместо првичните 400 сумата скокна на 600 милиони евра. При последниот увид на автопатот, на кој беа поканети и новинарски екипи, дел од екпертите и професорите беа едногласни дека една деценија за изградба на 57 км делница е предолг период, но беа отпимисти дека доколку новата проекција би течела како што треба, санацијата на 13 те свлечишта кои ја закочија работата, би траела околу една година.

Останантите делници од Коридор 8 до границата сос Албанија треба да ги гради конзорциумот Бехтел и Енка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветто одделенците со дигитални учебници по математика и хемија

Учениците од деветто одделение од учебната 2026/2027 година за првпат имаат пристап до целосно дигитални учебници по математика и хемија, со интерактивни и мултимедијални содржини и вграден систем за управување со учењето.

Деветто одделенците со дигитални учебници по математика и хемија

За разлика од електронските учебници во PDF-формат, новите изданија се наменети за учење во целосно дигитална средина. Покрај текстот и илустрациите, лекциите содржат видеа, анимации, галерии, интерактивни задачи, симулации и други образовни материјали. Преку вградениот LMS-систем наставниците ќе можат да го следат напредокот на учениците во дигиталните лекции и да добиваат увид во областите каде што е потребна дополнителна работа. Од друга страна, учениците ќе можат да ги совладуваат содржините со сопствено темпо и да го следат сопствениот напредок. платформата е приспособена за користење преку компјутер, таблет и мобилен телефон, што овозможува пристап до учебниците од различни уреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава

На 02.09.2026 во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б.(67) од с.Кадрифаково, светиниколско. 

Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава

Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот.

При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот од Грачани го покри Скопје

На територија на Град Скопје има еден пожар, што ноќеска се чувствуваше на територија на главниот град.

Пожарот од Грачани го покри Скопје

Според центарот за управување со кризи пожарот е навлезен од косовска страна пред два дена кај селото Грачани – Ѓорче Петров. Пожарот не загрозува населени места. Горат ниска смрека и грмушки. Синоќа ветерот дуваше во насока на Скопје и чадот од пожарот што е активен на косовска и на македонска територија.

Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови на линијата на пожарот но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно. Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови на линијата на пожарот, но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно. Утрово продолжува со гаснење на пожарот со засилен број на пожарникари, а воздушна поддршка даваат и два ер трактори на ДЗС, еден полициски и еден армиски хеликоптер. Во текот на вчерашниот ден имаше 31 пожар на отворен простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер