Нелоски ќе паузира осум месеци поради повреда - Канал 5

Нелоски ќе паузира осум месеци поради повреда

Македонскиот репрезентативец Марко Нелоски ќе паузира подолг период, откако се повреди на натпреварот меѓу Кобург и Балинген во петокот.

Нелоски ќе паузира осум месеци поради повреда
Од германскиот второлигаш Кобург, за кого настапува Нелоски, соопштија дека станува збор за сериозна повреда, односно на ракометарот му се скинати лигаменти и повреден му е менискусот.

Нелоски ќе биде опериран и ќе паузира околу осум месеци.

Тој се пресели во Германија на стартот од сезоната и потпиша договор за едногодишна позајмица со Кобург, откако претходно настапуваше за Металург./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез ја воодушеви публиката на концертот на Дејвид Гета во Париз

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез блесна на сцената како специјален гостин на концертот на еден од најдобрите светски ди џеји Дејвид Гета одржан викендов во Париз.

Џенифер Лопез ја воодушеви публиката на концертот на Дејвид Гета во Париз

Мегапопуларната Џеј Ло беше специјална гостинка на големиот концерт на францускиот диџеј и продуцент Дејвид Гета на стадионот „Стад де Франс“ во Париз, каде што имаше неверојатен настап пред околу 80.000 луѓе.

Таа се појави на сцената за време на првиот настап од серијата „Ultimate Monolith Show“, што предизвика големо воодушевување кај публиката. Со Гета, таа ја изведе заедничката песна „Save Me Tonight“, која беше објавена претходно годинаВА и веќе стекна огромна популарност.

По заедничкиот настап, таа го изведе и својот познат хит „On The Floor“, додека публиката пееше заедно со неа и го следеше секое нејзино движење. Целиот спектакл беше заокружен со ласерски ефекти, сценска продукција и огномет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потпишана е декларација за намери за превенција на насилство кај младите

Во Скопје потпишана е декларација за намери за превенција на насилство кај младите .

Потпишана е декларација за намери за превенција на насилство кај младите

Во Скопје потпишана е декларација за намери за превенција на насилство кај младите во рамки на националната работна група за превенција на насилството кај младите, предводена од министерството за социјална политика, демографија и млади со поддршка на ОБСЕ денеска се одржува во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: Државната матура помина добро, отстранети беа само 60 ученици

Државната матура помина добро,оваа година за разлика од лани кога имаше препишување од страна на учениците и споделување по вибер групи ова утринава го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. 

Јаневска: Државната матура помина добро, отстранети беа само 60 ученици

Таа информираше дека биле отстранети само 60 ученици .

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер