Неколку месеци старо писмо ги открива причините за уривањето на зградата на Флорида

Претставник на станарите на облакодерот што минатата недела се урна на Флорида во писмо што го испратил пред неколку месеци напишал дека од 2018 година може да се забележи постепено влошување на зградата, пренесува Си-Ен-Ен.

Џан Воднички, претседател на градежниот комитет, на 9 април испратил писмо до станарите.

"Ерозијата на бетонот се забрзува. Ситуацијата на покривот се влоши, па затоа поправките требаше да бидат обемни. Кога е очигледно дека бетонот пука, тоа значи дека арматурата што го држи 'рѓосува и се руши", напишал Воднички.

Закупецот Ерик де Мора изјавил дека го добил писмото.

"Потребни беа многу пари за да се поправи зградата. Имаше протекување во гаражата, имаше пукнатини на балконите ... Сега, за жал, е премногу доцна", рече Де Мора.

„Тајмс“ наведува дека консултантот, инженер Френк Морабито, предупредил на проблеми во извештајот во октомври 2018 година, врз основа на кој бил изготвен проект за санација, чија имплементација требало да започне наскоро, повеќе од две и пол години откако биле предупредувани управителите на зградата.

Управителот на зградата објавил неколку од овие проблеми по несреќата.

Но, официјалните лица на „Сурфсајд“ објавиле за извештајот на „Морабит“ во петокот, во кој се открива целосната штета на бетонот и арматурата, се вели во весникот.

Најголемиот дел од штетата најверојатно била предизвикана од долгогодишно изложување на корозивен солен воздух на брегот на Јужна Флорида.

Морабит не посочил во извештајот дека зградата може да се сруши, но рекол дека се потребни поправки за „зачувување на структурниот интегритет“ на зградата и нејзините 136 станови.

„Иако дел од штетата е мала, најголемиот дел од оштетувањето на бетонот мора да се санира во разумен рок“, напишал Морабит за штетата во близина на темелот на 40-годишната зграда, објави весникот.

Весникот го цитира Кенет С. Директор, адвокат што го застапува управителот на зградата, кој неделава рече дека санацијата на зградата требало да започне наскоро, врз основа на проект изработен оваа година.

Тој потенцира дека процесот на реновирање на зградата ќе се спроведел поинаку ако сопствениците знаеле дека корозијата и испуканиот бетон, кои се релативно чести во многу крајбрежни згради, се сериозна закана.

Студија на истражувачи од Меѓународниот универзитет во Флорида вели дека зградата тонела околу два милиметри годишно во 90-тите години, пишува Би-Би-Си.

Студијата била објавена минатата година.

Интензивното движење на земјата можело да предизвика напукнување и на тој начин да влијае на структурните проблеми.

Некои веруваат дека вибрациите како резултат на неодамнешната изградба на нова зграда од 18 ката во соседството можело да влијаат на движењето на земјата.

Жителите на урнатиот облакодер во 2019 година изразиле загриженост затоа што почувствувале движење и тресење за време на работите.

Срушениот облакодер е изграден во областа на мочуришта во 1981 година. Повеќето згради во областа се изградени на сличен начин, а жителите на околните згради бараат потврда дека нивните згради нема да доживеат слична судбина.

Локалните власти започнале со проверки.

Атород Азизинамини, експерт од Меѓународниот универзитет во Флорида, рече дека истрагата ќе трае долго време.

Тој наведува дека градежните инженери ќе ги проучуваат плановите, конструкцијата и ќе земат примероци од челик и бетон за да ги тестираат за корозија.

Покрај тоа, добиената информација може да открие дали се случил необичен настан пред колапсот.

Откако ќе се добијат информациите, тие можат да симулираат различни сценарија и да утврдат како зградата навистина се срушила.

Истражителите се на местото на настанот и веќе работат на откривање на причината и обезбедување докази.

Спасувачките служби сè уште се обидуваат да пронајдат преживеани под урнатините.

Шефот на противпожарната служба во Мајами-Даде, Енди Алварез, рече дека се прават големи напори да се најдат жртви кои би можеле да бидат во дупките со проток на воздух.

Најмалку 11 лица загинаа, а по 150 се трага.

Сепак, спасувачките служби одбиваат да се откажат.

"Ќе продолжиме да работиме постојано, ќе ги користиме сите опции. Потрагата продолжува", изјави за медиумите началникот на округот Мајами-Даде, Даниела Левин Кава.

Спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините во тешки услови - во Мајами е многу топло, а воздухот е екстремно влажен. Првичните напори биле забавени од неколку пожари во остатоците од зградата.

На американските спасувачки тимови им се придружиле екипи од Мексико и Израел.

Ер Франс, КЛМ, Луфтханза и Брисел Ерлајнс се меѓу 20-те авиокомпании под истрага од ЕУ

Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од летовите може да се надоместат со „зелени“ проекти или употребата на одржливи горива се засновани на цврсти научни докази.

Европските авиокомпании „Ер Франс“, „КЛМ“, „Луфтханза“ и „Брисел ерлајнс“ се меѓу 20-те авиокомпании што се под истрага од страна на Европската унија за потенцијално погрешни практики дека нивната активност е ориентирана кон заштита на животната средина.

Ова го соопштија дел од компаниите, потврдувајќи ја информацијата на белгиската телевизија РТБФ.

Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од летовите може да се надоместат со „зелени“ проекти или употребата на одржливи горива се засновани на цврсти научни докази.

„Ер Франс“ потврди дека добиле писмо од Европската комисија. Компанијата во моментов ја прегледува нејзината содржина и ќе ги испита дејствијата што треба да се преземат, изјави портпаролот на француската авиокомпанија.

Луфтханза во соопштението наведе дека и таа внимателно го разгледува случајот.

Портпаролот на КЛМ рече дека холандската компанија, дел од групацијата Ер Франс, исто така добила писмо од ЕК. /МИА

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра

Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети./МИА

Црн лебед во грчката река Еврос

 Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Еврос наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

-Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

притисни ентер