Неколку лица повредени при судар на два патнички воза во Данска - Канал 5

Неколку лица повредени при судар на два патнички воза во Данска

Најмалку 17 лица се повредени, од кои четворица се во критична состојба, при судар на два воза во Данска, соопштија полицијата и службите за итна помош.

Неколку лица повредени при судар на два патнички воза во Данска

Несреќата се случила на околу 40 километри северно од престолнината Копенхаген, на железничката линија што ги поврзува градовите Хилерод и Кагеруп, се наведува во полициското соопштение. „Директно се судриле два регионални патнички воза“, изјави портпарол на Противпожарната служба од регионот на Копенхаген.

Пријавата за несреќата била примена изутринава околу 6:30 часот.

„Има повредени меѓу патниците. Сите се евакуирани од возовите, така што нема заглавени лица“, додаде портпаролот. „На терен се испратени значителни ресурси“.

Повредените се евакуирани со амбулантни возила и хеликоптери.

Железничките несреќи се ретки во Данска. Последниот посериозен инцидент се случи во 2019 година, кога дел товарна полуприколка поради силен ветар се откачи од товарна композиција во која удри патнички воз при што загинаа осум, а беа повредени 16 лица. Во август 2015 година едно лице настрада кога воз удри во трактор испречен на пругата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж од Косово ја убил бремената сопруга, била во деветти месец на бременост

Дваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била бремена во 34-та недела, е убиена синоќа во семејната куќа во селото Кервасари во близина на Малишево во Косово.

Маж од Косово ја убил бремената сопруга, била во деветти месец на бременост

Нејзиниот 26-годишен сопруг е осомничен за тешко убиство, потврди утрово Основното обвинителство во Ѓаковица.

Сопругот е исто така тешко ранет од огнено оружје и е во критична состојба во Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина. Тој е интубиран и поврзан на респиратор, а лекарите ја опишуваат неговата состојба како многу сериозна и нестабилна.

Парот пронајден ранет во спалната соба

Полицијата добила пријава за пукањето синоќа околу 23:20 часот. По пристигнувањето во куќата, полицајците ги пронашле сопружниците со прострелни рани во спалната соба.

Двајцата биле пренесени во болница. Универзитетскиот клинички центар на Косово објави дека 25-годишна сопруга била донесена околу 00:15 часот без знаци на живот. И покрај обидите за реанимација, нејзината смрт е потврдена. Таа била бремена во 34-та недела.

Нејзиниот сопруг е тешко повреден. Директорот на службите за итни случаи, Насер Сила, изјави дека мажот бил интубиран и поврзан со респиратор, како и дека се извршени потребните тестови.

Обвинителство: Сопругот е осомничен за тешко убиство

Основното обвинителство во Ѓаковица потврди дека 26-годишниот сопруг на убиената жена се води како осомничен во овој случај. Покрената е постапка за тешко убиство и неовластено поседување, контрола или поседување оружје.

На местото на злосторството е пронајдено и огнено оружје за кое се сомнева дека е употребено во пукањето. По наредба на обвинителот, телото на убиената жена е пренесено во Институтот за судска медицина во Приштина за обдукција.

Полицијата и обвинителството ја продолжуваат истрагата за да ги утврдат сите околности на злосторството. Засега, официјално не е објавен можен мотив, ниту е потврдено како сопругот ги претрпел повредите.

Членовите на семејството се збогуваат со убиената 25-годишна жена на социјалните мрежи. Косовски Клан објави дека нејзиното име е Јетлира Фониќи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со едноминутен молк во Собранието одбележана 35-годишнината од независност на Украина

Со оддавање почит кон загинатите и едноминутен молк, во Собранието се одржа сесија на интерпартиската парламентарна група за поддршка на кримската платформа, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина..

Со едноминутен молк во Собранието одбележана 35-годишнината од независност на Украина

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жителите на гостиварско Дебреше половина година без вода – најавуваат блокади на патишта

Речиси половина година полна со ветувања, но и натаму со празни чешми, жителите на гостиварското село Дебреше продолжуваат летните горештини да ги минуваат без капка вода во домовите. 

Жителите на гостиварско Дебреше половина година без вода – најавуваат блокади на патишта

Конечно решеавање на овој децениски проблем им беше ветено најдоцна до 15ти јули, но велат состојбата не е мрдната од “мртва точка“ - и натаму надлежните само декларативно се залагаат, а во последниот период ги избегнуваат и нивните повици. Револтот велат кај жителите секојдневно расте, велат тие, па по неколкуте протести, од кои еден помина потензично, најавуваат блокада на главниот пат Гостивар – Охрид.

-На новиот директор му се јавив, ми кажуваше „треба ова, треба она, запознаен сум“ – Му реков, во ред, убаво што сте запознаени, но дали имате нешто преземено. Тој вели треба рестрикција, јас му реков дај преземете, ништо од тоа. Повторно го барам прво ѕвонење – ѕвони и телефонот исклучува. Ако ништо не се преземе, ќе мора цело село да се организираме и да се блокираат патишта за да добиеме вода, ова веќе 5 месеци, капка, значи воопшто, капка не е падната од чешмите. Планираме да блокираме после патарина Гостивар и Здуњнска крстосница, тој пат да биде онеспособен тотално, целосно. Тоа е главниот пат кон Охрид. Да, да. - Гаврил Исајлоски – Жител на С. Дебреше.

Во Гостивар за време на епидемијата се носеа полни цистерни со вода, а во Дебреше не е однесена ниту капка, половина година, вели Исајлоски, кој секојдневно со возилото оди во соседните села да наполни вода за семејството. Се жали, едноставно веќе е и физички исцрпен.

-Секој ден одиме, колата ја искршив, по 200л вода ставам во кола, тоа е секој ден, треба да се полнат тие туби, да ги растовариш, да ги натовариш во автомобил, кога ќе дојдеш до село да ги истовариш. Тоа е секој ден значи и раце и коли и нозе, ова е невидено, пет месеци, пет, можеби и повеќе, капка вода од цевките нема потечено, многу се изреволтирани сите. Во Македонија има и села и населби, ние сме Македонија целосно, не се само градовите. - Гаврил Исајлоски – Жител на С. Дебреше.

Дека во првите две недели од јули проблемот ќе биде трајно решен, градоначалникот на Гостивар Лимани тогаш уверуваше и во изјава за Канал 5.

На минатиот протест, жителите на Дебреше пред општината симболично донесоа кофи да им бидат наополнети, а дојде и до турканица при што беше искршено стакло од зградата на општината.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер