Некои земји од Латинска Америка нема да ги признаат изборите во Венецуела - Канал 5

Некои земји од Латинска Америка нема да ги признаат изборите во Венецуела

Некои земји од Латинска Америка нема да ги признаат изборите во Венецуела, други ја поздравија победата на Мадуро.

Некои земји од Латинска Америка нема да ги признаат изборите во Венецуела

Чиле, Перу, Костарика, Уругвај, Гватемала и Аргентина најавија дека нема да ги признаат резултатите од претседателските избори во Венецуела, додека лидерите на Куба, Хондурас и Боливија ја поздравија победата на актуелниот претседател Николас Мадуро.

Чилеанскиот претседател Габриел Бориќ изјави дека режимот на Мадуро мора да разбере дека е тешко да се поверува во резултатите објавени од изборната комисија, наведувајќи дека Сантијаго нема да ги признае резултатите што не можат да се проверат.

„Меѓународната заедница, а особено народот на Венецуела, вклучително и милиони Венецуелци во егзил, бараат целосна транспарентност“, рече Бориќ.

Перускиот министер за надворешни работи Хавиер Гонзалес-Олаечеа изјави дека ги осудува серијата нерегуларности на изборите, наведувајќи дека целта на венецуелската Влада е „да изврши изборна измама“. Тој посочи дека Перу нема да прифати кршење на волјата на венецуелскиот народ.

Уругвајскиот претседател Луис Лакале Пау рече дека не ги признава резултатите што му донесоа победа на Мадуро, велејќи дека имало голем број пропусти пред одржувањето на изборите и за време на пребројувањето на гласовите.

Претседателството на Костарика соопшти дека категорично го отфрла прогласувањето на Мадуро за претседател на Венецуела, наведувајќи дека тоа го смета за изборна измама. Претседателството наведува дека ќе работи заедно со демократските влади на Јужна Америка и меѓународните организации за да се обезбеди почитување на изборната волја на венецуелскиот народ.

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј пред објавувањето на резултатите од претседателските избори во Венецуела изјави дека Аргентина нема да признае, како што наведе, „уште една измама“ и дека се надева дека „овој пат вооружените сили ќе ја бранат демократијата и волјата на народот“.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел му ја честиташе победата на Мадуро, велејќи дека тоа е победа над, како што рече, „проимперијалистичката опозиција“.

Претседателот на Хондурас, Ксиомара Кастро исто така му честиташе на Мадуро за победата, велејќи дека изборните резултати го потврдуваат историското наследство на поранешниот венецуелски претседател Уго Чавез.

Боливискиот претседател Луис Арсе изјави дека ги почитува изборните резултати и волјата на венецуелскиот народ покажана на изборите и дека неговата земја сака да ја зајакне соработката и пријателството со Венецуела.

Министрите за надворешни работи на Аргентина, Парагвај, Уругвај, Перу, Еквадор, Панама, Костарика, Гватемала и Доминиканската Република во заедничка изјава пред објавувањето на изборните резултати изјавија дека сметаат дека е неопходно да се има гаранции дека изборните резултати во целост ќе ја почитуваат изразената волја на венецуелскиот народ на гласачките места. Во соопштението се наведува дека тоа може да се постигне само преку транспарентно пребројување на гласовите под контрола на набљудувачите и делегатите на сите претседателски кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод.

Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе.

За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години.

Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото.

Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки.

Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови.

Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови.

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди.

Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание.

За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради.

Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур.

Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми.

Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови.

Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата.

Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ.

НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот.

Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност.

Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА.

Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер