3Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
Шоу бизНекогашна холивудска убавица, сега претура по контејнери по парче леб (ФОТО)Лони Вилисон, поранешна манекенка и поранешна сопруга на ѕвездата на Baywatch, Џереми Џексон, е фотографирана на улиците на Лос Анџелес, каде што сега живее како бездомник.Непрепознатливата Лони била уловена како турка количка полна со пластични шишиња и ѓубре покриена со партали низ улиците, а еден од минувачите ѝ ја подарил својата ќеса полна со шишиња. Се дознало дека Лони живее како бездомник во 2018 година, кога фотографите ја препознале и фотографирале. Новинарите кои разговарале со неа тогаш рекоа дека таа „целосно го изгубила умот“. Откако фотографиите стигнаа во јавноста, неколку нејзини поранешни пријатели покренаа акција за да ја тргнат од улица, но не успеаја. Лони наводно само се туширала и ручала во хотелот што го платиле и повторно се вратила на улица. Во краткото интервју за Дејли Мејл, таа тогаш изјавила дека тоа ѝ било прво туширање по една година. „Не се миев намерно. Улиците се опасни, не сакам некој да ме силува“, рекла таа. „Убаво живеам на улица, Лос Анџелес е богато место, луѓето фрлаат сè и лесно можам да најдам храна во ѓубрето. Луѓето ми даваат пари, некои 20, некои 40 долари и тоа ми е доволно“, додала таа тогаш. И денес, пет години подоцна, се чини дека Лони го живее истиот живот. Поранешниот модел доживеа нервен слом во 2016 година и оттогаш живее на улиците на Лос Анџелес. Според познаници, нејзиниот живот тргнал во надолна линија по разводот со Џереми Џексон во 2014 година. Таа не можела да се помири со тоа, а нејзиниот поранешен сопруг не сакал ништо да има со неа после тоа. Тие беа во брак од 2012 до 2014 година, а се разведоа по серија пијани расправии. Џереми го играше Хоби Бјукенон, синот на главниот лик Мич, во мегапопуларниот Baywatch. Неговата поранешна девојка Синди Ковач претходно за американските медиуми изјави дека „едноставно не се грижел“ за поранешната сопруга. „Ми здодеа неговата реакција на информацијата дека Лони живее како бездомничка“, изјави таа пред неколку години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Македонија„Бизнис арена“: Вмрежување и вештачка интелигенција во фокусот на македонскиот бизнисВо Скопје се одржува „Бизнис арена 2026“, конференција посветена на развојот на македонските брендови, вмрежувањето на компаниите и можностите за настап на странските пазари. Во фокусот се и влијанието на глобалните економски трендови, дигитализацијата и примената на вештачката интелигенција во бизнисот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: 59 години МАНУ - тврдина на македонското знаење, творештво и идентитетГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на одбележувањето на 59 години од основањето на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). - На покана на претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, мој драг пријател, имав чест да присуствувам на одбележувањето на овој значаен ден за македонската наука и уметност. Силата на една нација се огледува во знаењето што го создава, културата што ја негува и наследството што им го остава на идните генерации. Токму затоа, МАНУ има посебно место во нашиот национален и општествен развој. Особено задоволство ми беше што бев меѓу истакнати претставници на научната мисла од Македонија и од регионот, со кои разговаравме за теми од значење за иднината на Скопје. Нивното знаење, искуство и визија се драгоцена поддршка во создавањето град што се развива, го почитува своето наследство и отвора нови можности за генерациите што доаѓаат – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Македонската академија на науките и уметностите со децении е столб на научното и уметничкото творештво и на интелектуалниот и духовниот развој на Македонија. Со својот авторитет и интегритет, таа има непроценлива улога во проучувањето, афирмацијата и зачувувањето на македонскиот јазик, култура и идентитет, како и во унапредувањето на меѓусебното почитување и соживотот меѓу заедниците. - Почитта кон ваквите институции ја покажуваме и преку конкретна грижа. Како Град Скопје, започнавме со хортикултурно уредување на просторот околу МАНУ, за ова значајно средиште на знаењето и творештвото да добие поубаво и поуредено опкружување, достојно на неговото значење – истакна Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски упати искрени честитки до Соња Должан од Словенија, овогодинешната добитничка на меѓународното признание „Блаже Конески“, со желби за уште многу успеси и нови творечки достигнувања, а на сите членови и соработници на МАНУ им го честиташе празникот, со длабока почит кон нивната работа и придонес.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд пракса до вработување-кои се очекувањата на студентите а кои на компаниите? Како полесно до реализација на професионалната кариера?Од факултетските клупи до првото работно искуство. Студенти, дипломирани инженери и претставници на 18 компании денеска на едно место, во потрага по нови професионални можности. На Машинскиот факултет во Скопје започна дводневниот Саем за пракса и вработување, на кој младите имаат можност директно да разговараат со работодавците, да се информираат за слободните позиции и да го направат првиот чекор кон својата кариера. Дали лесно се наоѓа пракса или работа по завршувањето на студиите? Што очекуваат од компаниите? Покрај можностите за вработување, фокусот е ставен и на практичната работа, преку која младите можат стекнатото теоретско знаење да го применат во реална работна средина. Токму ваквата соработа меѓу факултетите и компаниите треба да им помогне на студентите полесно да преминат од образованието кон пазарот на трудот. -Целта е да се обезбеди лесно наоѓање на пракса, изработка на семинарски работи и дипломски работи во овие но и во други компании/ Интересот на вработување инженери е голем , ние сакаме со ваквите настани да овозможиме студентите својата пракса и вработување да ја дадат во домашни услови а не да ни избегаат во странство“. Од другата страна, за студентите ваквите саеми се можност одблиску да се запознаат со барањата на компаниите, но и да дознаат какви услови и можности за професионален развој им се нудат. -Од гледна точка на студентите ние сме навистина среќни што факултетите организираат саеми за пракса и вработување затоашто на нас студентите кога на факултет имаме задолжителби предмети и пракса навистина ни е потребно да дојдат компаниите, да ни се претстават и ние да можеме да си го пронајдеме нашиот кариерен пат, - Ана Шоповска заменик правобранител на Машински. Од факултетот најавуваат дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, но очекувањата и на студентите се овие првични средби да прераснат во конкретни можности за пракса но и вработување на младите инженери. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00