ЗабаваНекогаш важеше за убавица, а денес е сосема заборавена и не личи на себе (фото)Бројните естетски операции и трагите од зависностите се видливи на лицето на познатата актерка.Многумина се сеќаваат на убавото лице на Мелани Грифит, која пленеше со својата убавина. Таа беше една од омилените актерки, особено по бракот со Антонио Бандерас. Холивудската актерка која летово полни 67 години, неодамна беше фотографирана на улиците на Лос Анџелес во автомобил. Многумина беа запрепастени од нејзиниот запуштен изглед, а на оваа фотографија е речиси непрепознатлива и не личи на себе. Актерката се повлече од јавноста наводно поради проблемите кои ги имаше со алкохолот и дрогата, додека пак нејзиниот поранешен сопруг Антонио Бандерас ѝ замерил поради бројните естетски операции кои на крајот целосно ја уништиле. Приватниот живот на Мелани Грифит никогаш не бил тајна и секогаш го привлекувал вниманието на медиумите. Таа едвај полнолетна се омажи за актерот Дон Џонсон, но бракот траеше само 6 месеци. Пет години по разводот, таа повторно вплови во брачните води, овој пат со актерот Стивен Бауер. Иако во тој брак го доби синот Александар и овој брак после осум години заврши со развод, а Грифит се оддаде на пороците. Како логичен редослед на несреќните околности што ја снајдоа поради разводот и пороците, таа падна во депресија, а по лечењето му се врати на Дон Џонсон и тие повторно ѝ дадоа шанса на нивната љубов, па во 1989 г. застанаа пред матичар. Од тој брак се роди нивната ќерка, познатата актерка Дакота Џонсон, ѕвезда на филмот „Педесет нијанси сиво“. По неколкуте разделби во нивната врска, тие конечно се разведоа во 1995 година. Неколку месеци по разводот, во нејзиниот живот влезе актерот Антонио Бандерас, кој тогаш беше оженет, што не го спречи да се одлучи за Мелани, која реши по четврти пат „да рипне во тавче“. Од тој брак ја добија ќерката Стела. Овој брак со актерот Бандерас траеше најдолго, дури 18 години. Иако се стабилизираше и започна нормален живот, во текот на 2000-тите таа повторно им се врати на зависностите. Кога почна со рехабилитација, во една прилика, за странски медиуми таа изјави дека тоа е „битка без крај, но мора да се биде упорен и да се победи, а за тоа е неопходна голема помош“. Разводот на познатите актери, по речиси две децении брак, се смета за еден од најскапите разводи и е проценет на 50 милиони долари. - Причината поради која раскинавме е тоа што заглавив и не можам никого да обвинувам за тоа - признала тогаш Мелани. Последиците од зависностите и турбулентниот живот денес се видливи на нејзиното лице, за кое многумина велат дека буквално се распаѓа и дека актерката изгледа непрепознатливо. Ниту таа, како повеќето нејзини колешки, не одолеа на естетската хирургија, па на 40-годишна возраст ја направи првата пластична операција, поради што нејзиниот изглед беше целосно трансформиран. Тоа секако се одрази на нејзината кариера, а не беше поштедена ни од критиките на јавноста. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЦрна Гора до крај на годината ги затвора сите преговарачки поглавја со ЕУЦрна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ.Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна седница одржана вчера црногорскиот парламент ги усвои предлог-измените на уставот што се однесуваат на судскиот и тужителскиот совет и на централната банка. Фото: ВИТагови: ЕУ Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМанчестер Сити не се откажува од Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити не се откажува од Аргентинецот, Енцо Фернандез, и покрај тоа што го пропушти рокот што претходно го одреди Челзи за доставување понуда. „Гардијан“ денес пренесува дека Сити би можел да ги искористи средствата од продажбата на Нико Гонзалез во Њукасл за да направи нов обид да го ангажира аргентинскиот играч за врска. Фернандез е заинтересиран за повторна соработка со Енцо Мареска, со кого претходно работеше во Челзи. Иако Челзи не се обидува активно да го продаде, клубот одреди цена од околу 140 милиони евра. Сити моментално спроведува голема реконструкција на средниот ред по заминувањата на Родри и Тиџани Рејндерс, а веќе постигна договор за ангажман на Ајуб Буади од Лил за 95 милиони евра плус дополнителни бонуси. ESPN исто така пренесува дека Сити е подготвен да ја плати сумата што ја бара Челзи за Фернандез.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаСоветниците на СДСМ во Пехчево против дата центарПобараа тргање на точката од дневен ред!„Како координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, предлагам втората точка, која е доставена во материјалите од дневниот ред, да се изземе, да се симне од дневен ред и да се стави на некоја наредна седница, која ќе биде отворена, на која граѓаните ќе бидат информирани за постапувањето по истата. Ние, како советничка група, нашиот став е јасен: дека нема да ја поддржиме таа иницијатива“ рече Николчо Јовчев, претседател на ОО СДСМ Пехчево и координатор на Советничката група на СДСМ. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30