Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
2Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
3Видео-Фото: „Ферари“, „Мерцедес“, „Порше“ „Бентли“ ... на паркингот на ПСЖ, а потоа се појави тој и сите останале без зборови!
БизарноНекогаш таму летувале холивудските ѕвезди- денеска е град на духови (ВИДЕО)Можете ли да замислите крајбрежен град со прекрасни плажи и тиркизно море кој е пуст?!Звучи нереално, но таква е ситуацијата со одморалиштето Вароша, кое се наоѓа на границата на турската и грчката страна на Кипар. Некогаш омилена дестинација на Брижит Бардо, Елизабет Тејлор и Ричард Бартон, како и на други елити од 1970-тите, денес се нарекува „град на духови“, додека дотраените згради и напуштените автомобили укажуваат дека некогаш тука имало живот. И денес буди љубопитност Одморалиштето се наоѓа во јужниот дел на градот Фамагуста, а пред турската инвазија во 1974 година, беше многу популарно меѓу туристите. И денес буди љубопитност, а еден Јутјубер од Босна, Роберт Дачешин, имаше можност да го посети. Тој сними неверојатни сцени со својата камера и ги прикажа на популарната платформа. „На врвот на својата слава, овој град беше место на гламур, раскош и богатство. Луксузот и сјајот траеја само четири години, сè додека во есента 1974 година, животот овде замре, а тогашните 39.000 жители останаа без покрив над главата“, објасни Дачешин. Природата ја презеде контролата По воените дејствија, жителите го напуштија подрачјето, а Вароша остана затворена и напуштена повеќе од четири децении. Зградите пропаднаа, а природата полека ја презеде контролата, претворајќи го некогаш популарното одморалиште во место на духови. Дачешин не само што имаше можност да влезе и да покаже како изгледа одморалиштето денес, туку разговараше и со поранешни жители кои ги опишаа своите спомени.Тагови: град на духови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Српска актерка ужива во танга на плажаУбавата српска актерка Ивана Дудиќ покажа како ужива во одморот, а со фотографија од плажата предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Таа позираше во едноделен костим за капење, а кога му сврте грб на фотоапаратот, нејзините следбеници имаа што да видат. Од напред сè изгледа умерено, но одзади, костимот за капење со танга-крој ги открива повеќето од нејзините атрибути. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Шоу бизБрус Вилис сепак присуствувал на свадбата на својата ќерка, објавена е ретка фотографија од негоТалула Вилис (32), најмладата ќерка на поранешната холивудска брачна двојка, Брус Вилис и Деми Мур, се омажи за музичарот Џастин Ејси. Свадбата се одржа на 8 август на семејниот имот во Ајдахо, во присуство на најтесното семејство. Најголемо внимание привлече доаѓањето на таткото на невестата, славниот актер Брус Вилис – кој ретко се појавува во јавноста поради сериозната здравствена состојба. „Вог“ објави црно-бела фотографија на која се гледа како Брус Вилис ја прегрнува Талула, истовремено држејќи го и својот зет. Талула ја опиша сцената како нежен момент споделен со нејзиниот татко и сопруг на почетокот на празничниот викенд. Фотографијата предизвика бројни емотивни реакции на социјалните мрежи. Многумина коментираа колку биле трогнати од сцената, особено имајќи ја предвид борбата на актерот со болеста и неговата одлука да биде покрај својата ќерка на нејзиниот важен ден, и покрај сè. Брус Вилис се повлече од актерството во 2022 година откако му беше дијагностицирана афазија. На почетокот на 2023 година, неговото семејство објави дека актерот боледува од фронтотемпорална деменција. Станува збор за прогресивно невродегенеративно нарушување што може да влијае на говорот, разбирањето на јазикот и однесувањето. Оттогаш, Вилис ретко се појавува во јавноста, а за него се грижи неговото семејство. Покрај Талула, Брус Вилис ги има и ќерките Румер и Скаут од бракот со поранешната сопруга Деми Мур. Тој остана близок со Деми и по нивниот развод.Тагови: Брус Вилис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
ЗабаваВидео-Фото: „Ферари“, „Мерцедес“, „Порше“ „Бентли“ ... на паркингот на ПСЖ, а потоа се појави тој и сите останале без зборови!Светски шампион, милионер – а вози вакво нешто?! „Ферари“, „Ламбо“, „Бентли“ на паркингот на ПСЖ, а потоа се појави тој и сите останаа вчудоневидени!Скако платените фудбалери на европскиот шампион ПСЖ на тренинг пристигнуваат во скапи автомобили, а потоа се појави , Шпанецот Руиз! Неговиот избор ги остави сите без зборови. Пристигнувањето на играчите на ПСЖ на тренинг честопати изгледа како вистинска парада на луксуз, но овојпат сите погледи не беа вперени во скапите „ѕверови“ на четири тркала. Напротив! На социјалните мрежи се појави видео од пристигнувањето на играчите на францускиот гигант на тренинг, а меѓу многуте луксузни автомобили, една сцена особено ги изненади навивачите. PSG boss Luis Enrique and his players arriving at training in their luxury vehicles… but everyone was talking about Fabián Ruiz’s choice of transport. 👀😂 Imagine being a World Cup winner and a Ballon d'Or contender and driving that. 🤯 pic.twitter.com/NAZKRoT6X5 — Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) August 15, 2026 Иако околу него има автомобили што чинат вистинско мало богатство, шпанскиот репрезентативец се одлучи за сосема поинаков стил. Шпанскиот репрезенативец на тренингот пристигна во „Smart“ – автомобил толку мал и невообичаен во споредба со она што се очекува од фудбалските суперѕвезди, што веднаш стана главна тема. Француските медиуми претходно пишуваа дека Руиз привлекувал внимание на паркингот на ПСЖ токму со таков автомобил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook