Нејзиното детство било вистински хорор, а сега е “мајка“ на 700.000 деца! (видео) - Канал 5

Нејзиното детство било вистински хорор, а сега е “мајка“ на 700.000 деца! (видео)

Кристина Нобл успеала да им го промени животот на дури 700.000 деца и се уште им помага на децата кои се загрозени.

Нејзиното детство било вистински хорор, а сега е “мајка“ на 700.000 деца! (видео)
Во време кога војната во Виетнам била во полн ек, Кристина слушала за сето тоа и мечтаела за тоа на некој да им помогне на луѓето кои не се виновни за ништо. И во таа намера неколку години подоцна и успеала.

Во времето кога размислувала како да им помогне на луѓето од Виетнам, Кристина одгледувала три деца во Бирмингем, работела како секретарка и само што излегла од брак во кој била малтретирана. Таа не била ниту богата, ниту високо образована, не знаела ништо за Виетнам и не очекувала дека ќе може да направи нешто за да помогне. Кога се јавила во организацијата за помош на загрозените во таа земја, им рекла што сака да направи и тие и рекле дека повторно ќе и се јават, но тоа не го направиле.

Но, Кристина која и самата имала тешко детство, поради која ги разбира загрозените деца, не сакала тука да застане.

- Сакав тие деца да ги тргнам од војната, бидејќи немаа детство – сите деца заслужуваат љубов и внимание и топла храна и кревет и ниту едно дете не треба да биде уплашено“ – изјави таа.

Сето тоа и недостигало во нејзиното детство. Таа е родена 1944 година во Даблин како најстаро дете во семејство од осум деца, од кои две умреле уште како бебиња. Мајка и умрела кога имала 10 години, па таа станала мајка на нејзините браќа и сестри.

- Се обидував да готвам и да се грижам за нив, додека татко ми пиеше надвор, па одев од паб до паб да го барам и да го молам да се врати дома“ – додава Нобл.

Успеала да ги одгледа своите браќа и сестри, а потоа судот ги одземал децата од нејзиниот татко, а и тој самиот сметал дека така е најдобро.

На Кристи не и се допаднал манастирот во кој била одведена, па побегнала од него, за потоа некое време да живее на улица, каде била сексуално злоставувана, па била испратена во друго сиропиталиште, во кое сестрите ја тепале со прачки. Таму од некоја непозната причина и рекле дека нејзините сестри и браќа починале.

Кога во 1989 година конечно успеала да дојде во Хо Ши Мин и да ги запознае децата на улица, една од првите работи со кои ги привлекла било пеењето. Иако не ги разбирале зборовите на ирските песни кои им ги пеела, тие внимателно ја слушале.

„Ниту една агенција за помош не ме прифати, па затоа самата седнав во авион, земав соба во хотел и почнав да ги запознавам децата од улиците и да им излегувам во пресрет за нивните потреби“ - изјави Нобл.

Кога ги видела валканите, гладни уплашени и тажни деца, ги носела во својата соба, ги хранела, бањала и тешела. Таа знаела како тие се чувствуваат, па знаела и како да им пристапи.

После некое време добила поддршка од нафтените компании кои и помогнале да го основа првиот центар за децата од улица, во кои тие можеле да добијат медицинска помош, храна, образование и пријателство. Денес нејзината добротворна организација работи во Монголија и Виетнам и е заслужна за подобар живот на голем број на деца.

- Најважно е за запаметиме дека сите сме исти, човечки суштества. Никогаш нема да ми биде жал што користев трикови кои ги научив на улиците на Даблин за да им помогнам на децата во Виетнам. Тоа е најдобриот начин на кој можев да ги употребам – изјави Кристина.


Пред две години, во 2014 година, снимен е филм кој раскажува за нејзината помош.



YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директно предупредување: Америка ја чека брутален одговор

„Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи.

Директно предупредување: Америка ја чека брутален одговор

Ниту една американска агресија против Иран не смее да остане без одговор, предупреди денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, наведувајќи дека Техеран се потпира на сопствените способности и не се надева на помош од другата страна.

Багеи на прес-конференција рече дека користењето на дипломатски канали не треба да се толкува како Иран да ги полага своите надежи во која било друга земја, објави Тасним.

„Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи.

Тој рече дека Иран не е загрижен за внатрешните спорови меѓу американските претставници, но оцени дека Вашингтон „ја лишил дипломатијата од нејзиното значење“.

Тој нагласи дека дипломатијата треба да служи како средство за спречување на тензиите, додека, како што изјави, САД ја користеле како „алатка за поставување заседи и извршување изненадувачки напади“.

„Светот со сомнеж гледа кон американските дипломатски тврдења“, рече Багеи, истакнувајќи дека Иран, со оглед на неговото негативно искуство во соработката со Вашингтон, е особено должен да ги земе предвид минатите настани.

Зборувајќи за прекините во летовите кон САД, Багеи рече дека американската влада треба да модернизира застарена опрема и инфраструктура, наместо да троши пари за купување оружје и „убивање луѓе во Иран“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол.

Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер