Нејмар во лов на рекорд што го немаат Роналдо ниту Меси - Канал 5

Нејмар во лов на рекорд што го немаат Роналдо ниту Меси

Бразилскиот напаѓач Нејмар е на чекор до рекорд што не успеале да го остварат ниту Лионел Меси ниту Кристијано Роналдо иако во Лига на шампиони постигнале повеќе од 200 голови.

Нејмар во лов на рекорд што го немаат Роналдо ниту Меси
Напаѓачот на ПСЖ би можелда биде првиот играч во историјата на ЛШ кој постигнал голови во сите шест натпревари во една сезона.
Бразилецот оваа сезона успеал во пет натпревари да постигне шест голови.
Серијата ја отвори во првото коло со гол против Селтик. Во второто коло постигна против Баерн, две победи против Андерлехт и уште два негови гола, додека во минатото коло постигна два гола во победата против Селтик (7-1).

Роналдо во ЛШ постигнал рекордни 113 голови при што 59 во натпревари по групи додека Меси постигнал 97 голови од кои 60 по групи, но ниту еден од нив не успеал да постигне гол во сите шест натпревари по групи.
ПСЖ со 24 глови во првите пет кола е најефикасен клуб по групи во историјата на ЛШ. Досега тој рекорд беше на Борусија Дортмунд кои лани постигнаа 21 гол.
Уште еден рекорд во кариерата „лови“ и Кристијано Роналдо. Португалецот ќе се обиде да го престигне Меси во број на голови постигнати во групи во Лига на шампиони. Аргентинецот досега постигнал 60 голови по групи, а Роналдо еден помалку.
Барселона во вторник го дочекува Спортигнг, а Реал еден ден подоцна со Борусија Д.

Стрелци по групи во ЛШ
60 – Лионел Меси (Барселона)
59 – Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид)
40 – Карим Бензема (Лион, Реал М.)
32 – Златан Ибрахимовиќ (Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Ј.)
29 – Раул Гонзалес (Реал Мадрид, Шалке)
Најмногу голови во групи ЛШ по сезони

2015/16 – 11: Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)
2016/17 – 10: Лионел Меси (Барселона)
2014/15 – 9: Луиз Адријано (Шактар)
2013/14 – 9: Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)
Најдобри стрелци во ЛШ 2017/18
8 - Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)
6 – Хери Кејн (Тотенхем)
6 – Висам Бен Једер (Атлетико М.)
6 – Единсон Кавани (ПСЖ)

6 - Нејмар (ПСЖ)
Најмногу голови по групи
24 - ПСЖ - 2017/18
21 – Борусија Д. 2016/17
20 – Манчестер јунајтед - 1998/99
20 - Барселона 2011/12
20 – Реал Мадрид 2013/14
20 – Барселона - 2016/17.MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.

Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите за унапредување на меѓусебната соработка.

Посебен акцент беше ставен на трговската размена и економската соработка, особено во областа на транспортната политика и инфраструктурното поврзување.

На средбата, министерот ги претстави развојните политики на Владата и плановите за подобрување на инфраструктурната поврзаност во регионот.

Николоски нагласи дека Македонија претставува поволна дестинација за инвестиции и претставува порта за поврзувањето со Централна Европа.

Во таа насока, беше истакнато дека присуството на голем број турски компании кои инвестираат во земјава претставува потврда за развиените пријателски односи меѓу двете држави, како и за потенцијалот за натамошно унапредување на економското партнерство.

Соговорниците ја потврдија важноста на продолжувањето на соработката меѓу Македонија и Турција во повеќе области, со посебен акцент на економијата, поврзувањето на граѓаните и развојот на туризмот.

Во делот на туризмот, беше нагласено дека постојат огромни потенцијали за поврзување меѓу двете земји, со цел поттикнување на туристичките посети и продлабочување на меѓусебните врски.

Средбата претставува можност за зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција, во интерес на економскиот развој, новите инвестиции и унапредувањето на севкупните билатерални односи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златна лира 2026-Сабота, 24 октомври, 20 часот, Музеј на македонската борба

Вечер на виолина и пијано со Момчило Куфојанакис и Весна Ангелова Христов, долгогодишни камерни партнери со бројни заеднички настапи во Македонија и на меѓународната концертна сцена. 

Златна лира 2026-Сабота, 24 октомври, 20 часот, Музеј на македонската борба

Концерт на Момчило Куфојанакис - виолина, Весна Ангелова Христов - пијано. Сабота, 24 октомври, 20 часот, Музеј на македонската борба.

Вечер на виолина и пијано со Момчило Куфојанакис и Весна Ангелова Христов, долгогодишни камерни партнери со бројни заеднички настапи во Македонија и на меѓународната концертна сцена. На програмата се деца од Моцарт, Витали, Тартини, Стојков и Шуберт.

Момчило Куфојанакис основното и средното музичко образование ги завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во класата на проф. м-р Ерхан Шукри. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. м-р Михаило Куфојанакис, со највисока оцена cum laude. Двегодишните магистерски студии ги завршува во 2015 година на Државниот конзерваториум „А. К. Глазунов“ во Петрозаводск, Русија, во класата на заслужниот артист на Русија и народен артист на Република Карелија проф. Климентиј Јосифович Векслер, повторно со највисока оцена.

Во текот на образованието се усовршува кај Ирина Головина, Ара Богданјан, Благородна Танева и Евгенија Чугаева. Учествува на 14. Интернационален мастер-клас „Аркутино“ во Приморско во 2005 година под раководство на Минчо Минчев, на интензивни мастер-класови кај проф. д-р Ино Мирковиќ во Меѓународниот центар „Е-Вивалди“ во Венеција во 2009 и 2010 година, на European Summer Music Academy во Приштина во 2012 година, а во 2014 година и на мастер-класови кај Александар Зиновјевич Бондурјански, Дора Шварцберг и Игор Малиновски во рамките на Dresden Meisterkurse Musik.

Од 2004/2005 година развива континуирана рецитална дејност во Скопје и во повеќе градови низ Македонија, често во соработка со пијанистката Весна Ангелова-Христов. Настапува како солист со Македонската филхармонија во 2005 и 2008 година, со гудачкиот оркестар „Арко“ во 2007, Мандолинскиот камерен оркестар – Скопје во 2008, Симфонискиот оркестар при ФМУ во 2008 и 2011 и со „Скопски солисти“ во 2012 година. Во Русија се претставува со рецитал во 2013 година, со изведба на Концертот за виолина од А. К. Глазунов, камерни концерти во 2014 и со целовечерен магистерски концерт во јуни 2015 година. Настапува и на „Скопско лето“, ДАМ во Приштина, „Есенски музички свечености“, „Новаљско глазбено лето“, „Опатијско културно лето“ и во Омишаљ на островот Крк, каде во 2010 година соработува со руската пијанистка Наталија Маричева.

Посебно место во неговата меѓународна биографија имаат настапите во Софија: во 2008 година во КИЦ на Република Македонија изведува Бахови двојни концерти со виолинистот Михаило Куфојанакис и пијанистот Тодор Светиев, настап кој бугарската критика го карактеризира како вечер на великани на баховата интерпретација; следната година се враќа со рецитал во камерната сала „Бугарија“. Во 2016 година гостува во Кина со три концерти со хармоникашот Александар Коловски и е член на меѓународно жири на фестивалот во Харбин, а истата година настапува на Франкофонскиот фестивал „Soleil“ во Созопол. Во 2017 година со Весна Ангелова-Христов реализира целовечерен рецитал во Македонскиот културен центар во Њујорк; во 2018 година заедно го основаат Трио „Aperto“ и настапуваат на „Скопско лето“. Следуваат концерти во Скопје, Велес, Куманово, Истанбул, Тирана и Струмица, како и настапи на „Златна лира“ во 2020 и 2023 и на „Есенски музички свечености“ во 2021 година.

Критиката посебно го препознава неговиот афинитет кон лирскиот репертоар. Во осврт на концертот „Encores“ на „Златна лира“ 2020, Викица Костоска Пенева го издвојува неговото изразено вибрато, течните трилери, чувството за динамичка градација и сериозноста во делата на Изаи и Блох, а неговиот израз го опишува како „вокална“ интерпретација на виолинската линија. Во репертоарот на Куфојанакис се застапени Бах, Бетовен, Брамс, Вјењавски, Сарасате, Моцарт, Хендл, Паганини, Прокофјев, Дебиси, Сук и Барток, како и македонските автори С. Стојков, А. Џамбазов и М. Трендафиловски; има освоено и повеќе награди на државни и меѓународни натпревари.

Фото: Приватна архива

Весна Ангелова Христов основното и средното музичко образование ги завршува во Скопје во класата на проф. Павлина Среброва. На седумнаесетгодишна возраст е примена на Факултетот за музичка уметност, каде дипломира пијано со највисока оцена во класата на проф. Борис Романов. Магистрира пијано-интерпретација на ФМУ под менторство на реномираната пијанистка и педагог Рита Кинка од Академијата на уметности во Нови Сад. Во текот на школувањето е добитничка на многубројни државни и меѓународни награди и признанија: специјална награда на меѓународен натпревар во Нови Сад, диплома од натпреварот во Етлинген, Германија, како и специјални и први награди на државните натпревари по пијано и камерна музика.

Во 2008 година добива стипендија за културен престој во Cité internationale des arts во Париз. Се усовршува на меѓународни мастер-класови кај Борис Романов, Рита Кинка, Антон Диков, Јокут Михајловиќ и Јаромир Клепач, а како стипендист на Музичка младина на Македонија учествува и на мастер-клас во Вајкерсхајм, Германија.

Како солистка и камерен музичар настапува во Македонија, Косово, Србија, Бугарија, Хрватска, Франција, Германија, Турција, Чешка и САД. Нејзината концертна биографија ги вклучува „Денови на македонска музика“, „Златна лира“, „Охридско лето“, „Скопско лето“, ДАМ и Chopin Fest во Приштина, Франкофонскиот фестивал „Soleil“ во Созопол и Fête de la musique во Париз.

Повеќепати настапува како солистка со Македонската филхармонија, а изразениот афинитет кон камерната музика ја води кон формирање пијано-дуо и, во 2018 година, кон основање на Трио „Aperto“ со виолинистот Момчило Куфојанакис. Како пијано соработник особено често работи со виолинисти, поддржувајќи млади музичари на натпревари, семинари и концертни подиуми.

Во рецензијата за концертот „Encores“ на Куфојанакис и Ангелова Христов на „Златна лира“ 2020, критиката ја опишува пијанистката како „уверлива и сигурна“ и како достоен партнер во обликувањето на заедничкиот настап, а кај лирските пиеси го издвојува усогласениот интензитет меѓу виолината и пијаното и внимателното градење на динамичките нијанси (Викица Костоска Пенева, СМУМ). Ангелова Христов работи како професор по пијано и камерна музика во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, членува во комисии на државни натпревари и е надворешен соработник на Македонската филхармонија и Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Влезот е слободен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонската репрезентација во традиционално карате на Светското првенство во Копер, Словенија

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на Светското првенство, кое ќе се одржи од 22 до 25 октомври во Копер, Република Словенија.

Македонската репрезентација во традиционално карате на Светското првенство во Копер, Словенија

Македонија ќе ја претставуваат 14 натпреварувачи во различни возрасни категории:

Сениори:

Матеј Јарчевски

Кадети:

Камелија Недев

Софија Јарчевска

Деца од 11 до 13 години:

Филип Недев

Георги Кокорманов

Драган Стојановски

Миле Спанџев

Деца од 8 до 10 години:

Тадеј Недев

Максим Поп Трпев

Коста Стојановски

Михаил Стојановски

Лина Ранова

Предраг Брезовски

На ова големо меѓународно спортско натпреварување се очекува да учествуваат околу 1.500 натпреварувачи од 58 земји од светот.

Настапот на македонските каратисти претставува можност за афирмација на традиционалното карате и на македонскиот спорт на меѓународната сцена. На последното светско првенство кое се одржа во 2024 во Буенос Аирес, Аргентина Дејан Недев го освои бронзениот медал во кати за сениори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер