Муцунски: Досегашните разговори со Софија се без напредок, потребна ни е помош од ЕУ како најзасегната страна
2Муцунски: Досегашните разговори со Софија се без напредок, потребна ни е помош од ЕУ како најзасегната страна
Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
1Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
ФудбалНејмар со неколку варијанти за продолжување на кариератаИднината на бразилскиот фудбалер Нејмар е неизвесна особено што на крајот на годината му истекува договорот со Сантос. Медимуите во еден момент го „преселија“ во Европа во Серија А, но од тоа најверојатно нема да има ништо.Според бразилските медиуми во опција е и останување во Бразил во сегашниот клуб. Во оптек е и варијанта за премин во МЛС лигата и настап во Интер Мајами, каде би настапувал заедно со соиграчите од Барселона Лионел Меси и Луис Суарез. Секако за Нејмар прва опција е да најде клуб што би му помогнало да се најде на списокот на фудбалери за Светскиот куп 2026, затоа тој сака трансфер пред се во Европа, но проблем е што ниту еден клуб не го сака во своите редови. Тагови: Нејмар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
СветОслободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сумБританската полиција за борба против тероризмот потврди дека петмина мажи, уапсени под сомнение за тероризам во близина на базата на Кралските воздухопловни сили (RAF) во Ферфорд, се пуштени на слобода со кауција. RAF Ферфорд е британска воздухопловна база во Глостершир која интензивно ја користат американските воздухопловни сили, особено за стратешки бомбардери и летови со долг дострел. Заради инцидентот, завчера рано наутро беше прогласена вонредна состојба и беа евакуирани десетици домаќинства, откако полицијата доби пријави за три сомнителни возила во близина на базата. Од полицијата за борба против тероризмот наведуваат дека истрагата се одвива во повеќе насоки. Се испитува можноста во инцидентот да биле вклучени посредници или поединци кои работеле – свесно или несвесно – за странска држава. Сите петмина уапсени мажи се британски државјани од Лондон, на возраст меѓу 23 и 25 години. Тие првично беа приведени под сомнение за кршење на Законот за експлозиви, а потоа повторно уапсени под сомнение за подготовка на терористички чин. Полицијата потврди дека мажите и понатаму се предмет на истрага. Тие се пуштени на слобода под строги ограничувања на движењето и забрана за контактирање со одредени лица. Тројца од осомничените живеат во Вестминстер, еден во Камден, а еден во Вилсден, пренесува Би-би-си. Со децении, Американските воздухопловни сили (USAF) ја користат базата „РАФ Ферфорд“ како истурена оперативна локација. Во последните месеци, американски бомбардери полетуваа од оваа база кон Блискиот Исток, откако Обединетото Кралство го одобри барањето на САД за користење на објектот за одбранбени напади врз Иран. Во јули, Иран изјави дека „секоја база што се користи за агресија врз иранска територија претставува легитимна цел за неговите сили“. Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа за „Фокс њуз“ изјави дека е јасно оти во настаните бил вклучен „странски актер“, иако не понуди ниту докази, ниту детали. „Она што се случи, она што за малку ќе се случеше или она што можеше да се случи во Обединетото Кралство за време на викендот, претставува многу сериозна ситуација. Јасно е дека е вклучен странски актер“, рече тој. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба изјави дека е „изненаден“ од ослободувањето на петтемина осомничени и дека тој не би им дозволил да излезат со кауција. „Знаеме сè за нив; немаше да ги пуштиме надвор“, рече Трамп, додавајќи дека Обединетото Кралство тесно соработувало со САД на овој случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: Досегашните разговори со Софија се без напредок, потребна ни е помош од ЕУ како најзасегната странаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека со досегашните разговори со официјална Софија, во кои не била вклучена трета страна, не е постигнат никаков напредок.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека со досегашните разговори со официјална Софија, во кои не била вклучена трета страна, не е постигнат никаков напредок и дека очигледно во разговорите треба да помогне, како што вели, најзасегнатата страна, а тоа е Европската унија. Муцунски ова го изјави во телевизиско гостување, прашан да го образложи предлогот што пред неколку дена го изнесе во интервју за МИА – вклученост на ЕУ во натамошните разговори со Бугарија. „Пред неколку месеци јас имав билатерална средба со мојата колешка. Претседателката Силјановска-Давкова се сретна со претседателката Јотова. И на тие средби секоја страна си ги кажува своите позиции, а никаков напредок не постигнуваме. А целта и најголемиот успех би било да се најде начин да обезбедиме предвидлив пат на државата, што значи дека очигледно е потребна помош од најзасегнатата страна, а тоа е европската унија во една целина. Затоа сме убедени дека е потребно засилено директно вклучување“,изјави Муцунски прашан да го коментира извештајот на „Политико“, според кој Македонија е исклучена од патоказите што ги подготвува ЕУ за дел од земјите кандидати, Муцунски рече дека се очекува Европската комисија неделава да објави документ поврзан со политиката на проширување, во кој, според неговите информации, треба да биде дефиниран и патот кон нови политики на т.н. Постепена интеграција, што, како што кажа, е особено значајно за земјава.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денарОд полноќ дизелот е со нова пониска цена за 4,5 денари за литар, бензините поскапеа за еден денар. Владата претходно на седница ја продолжи мерката за намаленото ДДВ за дизелот до 12 октомври Литар дизел сега се продава по цена од 100 денари, бензинот еуросупер 95 за 100 а еуросупер 98 за 102 денари за литар... Со владината одлука да продолжи мерката за намаленото ДДВ до 12 октормври според владата има цел да се обезбеди стабилност о заштита на животниот стандард на граѓанитеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter