Нејмар се враќа во тимот на Ал-Хилал во азиската Лига на шампиони - Канал 5

Нејмар се враќа во тимот на Ал-Хилал во азиската Лига на шампиони

 Бразилскиот фудбалер Нејмар учествуваше на тренинг со својот тим Ал-Хилал и ќе се приклучи на тимот за гостувањето кај Ал-Аин во азиската Лига на шампиони откако се опорави од тешката повреда на коленото, соопшти клубот од Саудиската професион

Нејмар се враќа во тимот на Ал-Хилал во азиската Лига на шампиони

Нејмар (32) нема играно откако се повреди за време на квалификацискиот натпревар на Бразил против Уругвај во октомври минатата година. Бразилецот заработи повреда на предните вкрстени лигаменти (АЦЛ) и беше опериран во ноември.

Откако се пресели во Саудиска Арабија од францускиот шампион Пари Сен Жермен за околу 90 милиони евра во август минатата година, Нејмар одигра само пет натпревари поради различни повреди.

-Ал-Хилал е среќен да објави дека Нејмар ќе се приклучи на тимот за гостувањето кај Ал-Аин. Тој се врати, објави клубот на социјалната платформа „X“.

Маркетиншката компанија на Нејмар - „НР Спортс“ објави дека љубовта на Бразилецот кон фудбалот и неговата надеж да игра на следниот Мундијал го враќаат во игра.

-Иако нема конечна одлука за неговото враќање на терените, бројот 10 ќе може да игра во понеделник за да ја продолжи својата извонредна траекторија. Ова беа денови на болка, мака и многу копнеж за фудбал, кои се надминати со помош на семејството и пријателите, кои секогаш се тука за нашиот број 10. И сите фанови ширум светот кои му дадоа целосна поддршка на социјалните мрежи, се вели во соопштението.

Објавата на социјалните мрежи, објавено во саботата, покажува како Нејмар зборува за неговото закрепнување и прикажува снимки од неговите напори да се врати на теренот.

-Секогаш кога ќе се повредам, се враќам. Но, не се враќам на половина пат, вели расплаканиот Нејмар во видеото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?

Построги казни за злоупотреба на службената положба и овластување, повторно посебно кривично дело за злоупотреби при јавните набавки, но и нови инкриминации.

Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?

Новиот предлог-Кривичен законик предвидува значителни промени во казнената политика за корупциските дела. За основниот облик на злоупотреба се предлага затвор од шест месеци до пет години, а за прибавена значителна имотна корист или предизвикана значителна штета – од четири до 15 години. Посебно се враќа и делото за злоупотреби при јавните набавки или договори за јавно приватно партнерство. Ако е прибавена поголема корист или предизвикана поголема штета, казната може да достигне до десет години, а за значителна корист или штета – до 15 години затвор.

Според поранешната врховна судијка Вера Коцо, построгите казни можат да придонесат за поголема казнивост и враќање на довербата во правосудниот систем.

-Сметам дека овие измени во однос на злоупотребата на службената положба и во однос на постапката за јавни набавки секако ќе имаат свој голем допринос во однос на казнивоста за овие кривични дела. Меѓутоа, секако дека зголемувањето на казната, со оглед на сите случувања во нашата држава, ќе имаат голем одраз во однос на довербата на граѓаните во правосудниот систем. Бидејќи она што се случи во 2023 година со намалувањето на казните за сторителите на одредени кривични дела на многу ниско ниво, допринесоа да довербата кај граѓаните падне, бидејќи тие кривични дела на некој начин застареа и сторителите останаа неказнети. – Вера Коцо – Поранешен судија

Токму измените од 2023 година кои предизвикаа негативни реакции во јавност ја променија казнената политика кога дојде и до застарување на многу предмети од висока корупција. Тогаш за најтешкиот облик на злоупотреба казната од три до 20 години беше намалена на една до пет години, а беше избришано и посебното дело за злоупотреби при јавните набавки. Во јануари годинава следуваше корекција, со зголемување на казната до осум години и повторно воведување на одредбата за јавните набавки.

Но, Европската комисија во јулскиот извештај оцени дека овие измени не ги отстраниле целосно последиците од 2023 година. Предупреди на стеснетиот опфат на делото и на пократките рокови за застарување, кои оставаат помалку време за истрага и гонење на сложени корупциски предмети.

Коцо очекува новите решенија да спречат повторување на ваквите последици, но посочува дека законот нема да важи за делата сторени пред неговото донесување.

-Па, со овие измени сега секако дека ќе се избегнат оние случувања во 2023 година, затоа што на некој начин, нели, ќе се потенцира казнивоста за овие така значајни кривични дела во системот на нашата држава. Меѓутоа, морам да кажам дека важноста на законот ќе биде од неговото донесување. Што значи, законот сè уште не е донесен и не може да се применува кога не е донесен на оние кривични дела кои се сторени пред неговото донесување. - Вера Коцо – Поранешен судија

Меѓу другите новини е и новото кривично дело за загрозување на стабилноста на банкарскиот систем, за кое се предлага затвор од една до пет години. Освен новиот КЗ и ЗКП, во Брисел на разгледување се пратени и други законски решенија поврзани со Реформската агенда. Премиерот Мицкоски денеска изјави дека очекува клучните закони да бидат усвоени во предвидениот рок, односно до декември, кога, како што најави, треба да биде завршена и реализацијата на реформската агенда.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

​Увид во Каменик, Кисела Вода: Се гради секундарна водоводна мрежа, резервоар и препумпна станица

 Со оваа инвестиција трајно се обезбедува сигурно и квалитетно водоснабдување за домаќинствата и индустриските капацитети во овој дел од општината.

​Увид во Каменик, Кисела Вода: Се гради секундарна водоводна мрежа, резервоар и препумпна станица

Денеска, претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, извршија увид во градежните активности за подобрување на системот за водоснабдување во населба Каменик, проект со кој конечно се решава еден од најгорливите, долгогодишни проблеми на граѓаните. Со оваа инвестиција трајно се обезбедува сигурно и квалитетно водоснабдување за домаќинствата и индустриските капацитети во овој дел од општината. Општина Кисела Вода реализира градба на нов резервоар и секундарна водоводна мрежа во должина од 4,2 километри, во вредност од 27.525.735,60 денари. Проектот во целост се заокружува со уште една клучна фаза : изградбата на препумпна станица која се финансирана и спроведува од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

- Денеска извршивме увид во градежните активности за подобрување на системот за водоснабдување во населба Каменик, со што конечно ставаме крај на децениските проблеми на нашите сограѓани. Преку овој капитален проект, Општина Кисела Вода гради нов резервоар и секундарна водоводна мрежа во должина од 4,2 километри, во вредност од 27.525.735,60 денари. Она што го заокружува целокупниот систем е изградбата на препумпната станица од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Досегашната постоечка мрежа беше правена со самопридонес од жителите пред многу години и беше целосно надвор од технички стандарди, што предизвикуваше секојдневен недостиг на вода и слаб притисок, особено во летниот период. Со овој проект решаваме проблем и за десетиците индустриски капацитети во оваа зона на Кисела Вода.

Голема благодарност до претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, до Владата, како и до Министерството за животна средина и просторно планирање за огромната поддршка во реализацијата на капиталните проекти. Нивното денешно присуство е потврда дека централната и локалната власт силно и здружено стојат зад секој чекор што го подобрува квалитетот на животот. Ова значи подобра инфраструктура, силни бизниси, локален економски развој и најважно- услови младите да останат и да ја градат својата иднина овде-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

-Како што вчера најавив, проект по проект ќе ги завршуваме, но и проект по проект оние коишто не се почнати, ги започнуваме. Како што кажа и градоначалничката Стаменкоска Трајкоска, станува збор за проект каде што имаме јасна соработка меѓу Владата и Општина Кисела Вода. Оваа инвестиција е од огромно значење за овој дел од Кисела Вода, бидејќи со неа конечно го затвораме деценискиот проблем со недостатокот на вода за пиење. Работиме плански. Откако ќе заврши изградбата на подземната инфраструктура, следен чекор е комплетно асфалтирање на овој потег. Потребите на граѓаните се јасни, а нашата цел како Влада е да одговориме на нив согласно можностите, што верувам дека го покажуваме и досега. Сакам да изразам благодарност до градоначалничката, до советниците кои што ја поддржуваат работата, до пратениците во македонското Собрание, до колегите од Владата, до Министерството за животна средина и просторно планирање. Како што кажав, ова е заеднички проект и добро е што ја има оваа синергија на терен и се прават вакви проекти, а а ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да договараме на она што се потреби на граѓаните -изјави претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Македонија на дното, на 41 место во Европа по проектиран БДП по жител, ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. 

Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Тој посочи дека ова е реалната состојба на македонската економија, а не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа и лагите за најбрз раст на платите и пензиите.

„Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа.Според ММФ Македонија е на 41 место меѓу 48 европски економија по проектиран БДП по жител.Проекциите на ММФ велат БДП по жител во Македонија ќе изнесува 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора, Албанија. Ова е сè она што СДСМ го зборува последната година.Сега потврдено и од ММФ“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ посочи дека македонската е далеку зад најбогатите економии во Европа, а граѓаните секојднево на свој грб ја чувствуваат разликата.

„Разликата со најбогатите европски економии останува огромна.Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите. Граѓаните оваа реалност многу добро ја знаат, ја чувствуваат секој ден.Цените се до плафон а платите стагнираат. Кошничката е 90 илјади денари со стан, ниту три плати не се доволни да се покријат месечните трошоци“, рече Филипче.

Притоа, Филипче порача дека зад пропагандата на власта се крие економска политика која ја задолжува државата, ги осиромашува граѓаните и не нуди никаква перспектива.

„ Реалноста е дека има 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е дека луѓето живеат полошо.Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата.Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата - само бајки“, рече Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер