Нејмар: Овој Мундијал мора да биде мој

Фудбалерот на Пари Сен Жермен и на бразилската репрезентација Нејмар де Силва Сантос Јуниор истакна дека посакува да ја освои шампионската титула на Светското првенство во Русија.

Фудбалерот е увреден дека може да му помогне на Бразил да стане првак на светот.

- Мундијалот е најголемо натпреварување на светот. Сакам да играм и да бидам шампион. Светското првенство мора да биде мое, истакна Нејмар.

Бразилскиот фудбалер, кој поради повреда не настапуваше од февруари, наведува дека полека се враќа на терен.

- Почнав да тренирам со топка и се чувствувам добро. Секако и понатаму постои страв, но одиме полека, нагласува Нејмар.

Бразил на Светското првенство е во групата Е и ќе игра против Србија, Швајцарија и Костарика./МИА

Облачно со повремен дожд и ретки грмежи

 Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец (над 60 километри на час).

Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 13, а максималните ќе достигнат од 15 до 21 степен.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималните ќе достигне 19 степени.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, пренесен во Истражниот затвор во Шутка

По повеќе од пет месеци поминати во екстрадициски притвор во Турција, синоќа во земјава е екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска на 27 ноември 2023 и на пензионерот Панче Жежовски.

Палевски синоќа со конвој од пет возила на Интерпол, беше спроведен во Истражниот затвор Шутка, откако претходно слета на Меѓународниот аеродром во Скопје со редовна линија Истанбул Скопје, потврди за МИА директорот на затворот Филип Андов.

МВР го потврди завршувањето на процесот на екстрадиција на Палевски, посочувајќи дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, за кого беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување" и „убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје.

Лицето, како што соопшти МВР, е пренесено во КПУ Затвор Скопје.

Се очекува негов распит пред истражен судија и 30-дневен притвор во посебна ќелија, каде ќе биде под специјален безбедносен режим, без контакт со други притвореници.

Палевски минатата година на 6 декември беше уапсен во Баликесир, Турција, во обид да избега.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023, беа пронајдени мртви во близина на Велес и на Скопје на 3 декември.

Според информациите од истрагата кои тогаш на прес-конференција ги изнесоа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шефот на скопското Основно јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, Вања била грабната во влезот од зградата во која живеела, а потоа во вреќа за спиење била ставена во гепек на возило и однесена на локација надвор од Скопје, каде што е убиена.

Убиството на велешанецот, пак, се случило пет дена претходно, односно на 22 ноември. Според информациите што беа досега соопштени, тој бил избран од осомничените поради неговиот автомобил, кој потоа бил користен при грабнувањето на Вања.

За соучество за убиството се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во домашен притвор од неодамна е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето.

Со мерки на претпазливост за овој случај е и Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, кој е осомничен за помагање при бегството.

Фицо е во свесна состојба

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, по неколкучасовната операција поради здобиените повреди во вчерашниот атентат, е во свесна состојба, објавија локалните медиуми.

Но, медиумите не наведуваат детали за здравствената состојба на Фицо, кој вчера беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ.

Напаѓачот е познатиот словачки писател Јурај Цинтула, кој тврди дека пукал во Фицо бидејќи не се согласувал со политиката на Владата.

Словачкиот премиер се здоби со повреди во градите и стомакот и со хеликоптер беше пренесен во болница, каде му беше извршена операција.

притисни ентер