Нејмар поради повреда го пропушти неделниот натпревар против Коринтијанс (1:2) во полуфиналето на плејофот на бразилската Паулиста.
- За жал, чувствував болка во последните неколку недели. Многу сакав да му помогнам на тимот, правевме тестови, но повторно почувствував болка - напиша Нејмар на социјалните мрежи.
Бразилските медиуми посочуваат дека Нејмар не објаснил за каква повреда станува збор.
Нејмар (33) се врати во Сантос на 31 јануари, а за клубот одигра седум натпревари и постигна три гола. Неодамна доби повик да се приклучи на бразилската репрезентација, но поради повреда најверојатно ќе ги пропушти натпреварите против Колумбија и Аргентина во квалификациите за СП 2026 година.