Нејмар највреден на листата на ЦИЕС

Меѓународната организација за спортски студии (ЦИЕС) објави список на највредните играчи врз основа на девет параметри, според кои Нејмар е прв со цена од 213 милиони евра, пред Лионел Меси со 202 и Хари Кејн со 194,7 милиони евра.


Најважните параметри земени в предвид се: годините, формата, репрезентативното искуство и силата на договорот.

Интересно, официјално најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо е рангиран на 49-то место со вредност од 80,4 милиони евра.

Меѓу десетте највредни играчи се Килијан Мбапе (192,5), Пауло Дибала (174,6), Дели Али (171,3), Кевин Де Бруин (167,8), Ромело Лукаку (164,8), Антоан Гризман (150,2) и Пол Погба (147,5).

15 годишник најмлад пациент со мозочен удар

25 илјади пациенти во статистиката биле запишани дека минатата година имале мозочен удар.

15 годишен пациент е најмладјиот на клиниката за неврологија. Неврохирургот Рендевски вели дека бројката се зголемува и на клиниката за неврохирургија, но и расте бројот на мозочни удари и кај млади луѓе. Причина за мозочните удари се нерегуларниот висок притисок. Емотивниот стрес, големата количина на храна со сол е причина за високиот притисок. Неврохиругот Рендевски вели дека многу често високиот крвен притисок се игнорира но последиците се големи и со ризик за губње на живот. Она што е важно е лекувањето по хеморагичните мозочни удари. Неврохирургот Рендевски и биологот Алексовски со години ја истражуваат маркерките кои по прележаниот удар покажуваат како ќе се лекува пациенотот. Преку математички формули определуваат како биомаркерите влијаат вра развојот на отокот по ударот.

Истражувањето е објавено во престижното медицинско списание Интеч Опен во Лондон го објави истражувањето „Двете страни на глутаматот“ маркер кој е најодговорен за лекувањето по прележан удар.

Рендевски и Алексовски веруваат дека со развојот на ова истражување ќе се направи фокус во лекувањето кај пацинтите со мозочен удар.

Утре нов обид да се намалат ценита на осигурителните полиси

Утре во министерството за финасии ќе има нов состанок каде повторно ќе се разговара, дали граѓаните ќе продолжат да плаќаат за 15% повисоко на осигурувањето за регистрација на возилата.

Одлуката доаѓа откако и покрај предлогот на финасии да останат старите цени пред 25 Април осигуртелние компании наплатуваат по повиски цени. По утрешниот состанок се очекува да се достави предлог со цени до владата за формирање на нов тарифник со кои ќе се влијае на намалување на цените. Владата ќе ја донесе конечната одлука на седница кои цени ќе останат. Според извори од Агенцијата за супервизија со податоци за Канал 5 објаснуваат зошто цените на задолжителната автомобилска одговорност не треба да се зголемат.

Според добиените податоци, за 2023 година за штети осигурителните компании исплатиле 39,3 милиони евра што претставува само 45%од парите наплатени од осигурениците. Додека наплатата била 65милиони евра. Во однос на претходниот тренд бил дека осигуртелните компании исплаќале и до 50% од собраните средства. Вкупно за 2023 година се исплатени над една милијарда денари провизии за продажба на автомобилско осигурување. Доколку останат цените што ги одредило Националното биро, сопствениците на возила со моќност на моторот од 44 до 55 киловати наместо 5.453 денари, сега за осигурување ќе треба да платат 839 денари повеќе, односно 6.292 денари. Најголемо зголемување на цената на осигурителната полиса ќе почувствуваат сопствениците на возила со помоќен мотор. Над 1300 денари повеќе ќе платат возачите чии коли се со моќност од 84 до 110 кв, додека пак над 1500 денари повеќе ќе ги чини осигурувањето тие кои поседуваат автомобил со моќност на моторот од над 110 киловати.

Оправдувањето на осигурителните компании одлуката за зголемување на цената на осигурителната полиса за 15,4 ‘ ја оправудваат дека повеќе од десет година цената не е промената, а трошоците им се зголемиле.

МВР подготвено за преземање на Палевски, точниот тајминг не се соопштува

Откако Република Турција даде одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски, се очекува негово пристигнување во Македонија.

Се уште нема конкретна информација кога точно Љупчо Палевски ќе биде испорачан во Македонија, во интерес на процесот на спроведување на екстрадицијата не се соопштува точниот датум на испорака. Вчера министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека полициските службеници од Македонија се во комуникација со турските колеги и се очекува во наредниот период да утврдат сѐ што е потребно за Палевски да биде изведен пред лицето на правдата. Полициски извори велат дека не треба да очекуваме спроведувањето на Палевски да се случи денес или утре.

Откако Република Турција даде одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски, се очекува негово пристигнување во Македонија, по што според процедурата, веднаш по слетувањето на Аеродромот Скопје, со полициска придружба ќе биде веднаш спроведен во истражниот затвор Шутка, по што ќе се чека отпочнување на судскиот процес. Постапката за екстрадиција ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи.

Поранешниот полициски началник, Љубомир Ѓурчевски предупредува дека постои веројатност со пристигнувањето на Палевски во Македонија, да се смени текон на истрагата. Сега е на потег Обвинителството кое ќе ја игра клучната улога во распитот.

Вчера, министерот за правда Кренар Лога потврди дека е добиено одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски, осомничен за двете убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Палевски во Турција беше уапсен на 5ти декември.

За убиствата се осомничени уште 4 лица меѓу кои и таткото на убиената Вања, кој минатата недела беше пуштен во домашен притвор.

притисни ентер