Нејмар може да се врати на теренот порано од очекуваното - Канал 5

Нејмар може да се врати на теренот порано од очекуваното

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар планира да се врати на теренот до крајот на април.

Нејмар може да се врати на теренот порано од очекуваното
Дваесет и шестгодишниот Бразилец има повреда на ногата и продолжува со своето закрепнување.

Нејмар се повреди за време на натпреварот од францускиот Шампионат меѓу „принцовите“ и Олимпик Марсеј на 25 февруари, на кој парискиот клуб победи со 3:0.

Во оваа сезона, бразилскиот репрезентативец има 30 натпревари и 29 гола во дресот на лидерот во Лига 1.
Парижаните испаднаа од Лигата на шампионите, но водат со 17 поени на табелата во францускиот Шампионат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чилиманов: Себеси може да се лажете, народот не! Собраниската архива сведочи!

Почитувани дами и господа од власта, себеси може да се лажете, но народот не можете!

Чилиманов: Себеси може да се лажете, народот не! Собраниската архива сведочи!

На 1 април 2025 година ЛДП првпат го поднесе Предлог-законот за воведување електронски нараквици за следење на сторителите на семејно насилство. Предлогот беше одбиен! А потоа следуваа трагедии. Зад секој датум стои човечки живот, вели Илија Чилиманов, истакнат правник и член на ИО на ЛДП.

- 3 МАЈ 2025 – РАМАЈАНА АСАН. Само 32 дена по првото одбивање на предлогот на ЛДП.

- 15 СЕПТЕМВРИ 2025 – РОСИЦА КОЦЕВА. 167 дена, односно 5 месеци и 14 дена по одбивањето.

- 2 МАРТ 2026 – ИВАНА И КАТЈА. 335 дена по првото одбивање.

- НОЕМВРИ 2026 – БИЛЈАНА КИРИЌ. 581 ден по првото одбивање, сметано до 3 ноември.

Ова не се само имиња и бројки, додава Чилиманов, ова се човечки животи!

„Ова се трагедии што отвораат страшни прашања за пропустите на системот и за тоа колку жени можеле да добијат дополнителна заштита доколку институциите реагирале навреме“, посочува Чилиманов.

На 5 март 2026 година ЛДП повторно го поднесе Предлог-законот, а на 18 март тој повторно беше одбиен во Собранието!

Во меѓувреме, во собраниската документација се појавува предлог поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на 26 август 2026 година. Но, предлог поднесен од пратеници не е исто што и предлог поднесен од МВР!

„Согласно член 72 од Деловникот на Собранието, материјалите доставени во првите пет работни дена се разгледуваат во тековниот месец. Предлогот од 26 август бил доставен по тој рок, што го отвора прашањето зошто не бил ставен на разгледување во септември. Билјана беше убиена во ноември. ШТО ЧЕКАВТЕ?! И сега се обидувате да ја убедите јавноста дека вие први сте го предложиле решението? Собраниската архива има датуми, документи и предлагачи. Со политички изјави не можете да ја избришете хронологијата“, вели Чилиманов во својата изјава.

Решението што го предлага ЛДП е јасно, конкретно и применливо - предлагаме 24-ЧАСОВЕН ЕЛЕКТРОНСКИ МОНИТОРИНГ НА НАСИЛНИЦИТЕ, со следење на нивното движење, автоматски аларм при прекршување на забраната за приближување од 100 метри до жртвата и известување на надлежните институции, вклучително и МВР, кои треба веднаш да постапат.

„Во случаи со висок ризик, електронската нараквица треба да биде задолжителна. Жртвата, доколку сака, ќе добие посебен уред за предупредување. Системот ќе алармира и при обид за отстранување на нараквицата или губење на сигналот. Значи, не предлагаме само нараквица! Предлагаме систем за непрекинато следење, предупредување и институционална реакција, со една единствена цел – ДА СЕ ЗАШТИТИ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ“, нагласува Чилиманов.

Ниту една мерка не може да гарантира стопроцентна заштита, но тоа не е оправдување државата да не ги воведе механизмите што можат да спречат насилство. Росица, Рамајана, Ивана, Катја и Билјана не смеат да бидат заборавени!

„Совеста не се пере со прес-конференции, ниту институционалните пропусти се бришат со политички оправдувања. Јавноста заслужува вистина. Жртвите заслужуваат правда. Одговорните за докажаните пропусти мора да понесат одговорност! БАРАМЕ ОДГОВОРИ, ОДГОВОРНОСТ и итно усвојување на законот“, заклучува Илија Чилиманов во своето обраќање.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски: Ја собрав топката, не можам да исчезнам во таква ситуација

Столе Димитриевски за ВАР одлуката за пенал.

Димитриевски: Ја собрав топката, не можам да исчезнам во таква ситуација

“Ја собрав топката, не можам да исчезнам во таква ситуација. Ние никогаш не би добиле таков пенал”, изјави македонскиот голман Столе Димитриевски по поразот од Шкотска (1-2) во Глазгов во рамки на Лигата на нациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како настанала „коњската сила“?

Иако моќноста на моторот кај современите автомобили официјално се изразува во киловати (kW), коњските сили (hp) сè уште се користат во секојдневната употреба. Но, зошто?

Како настанала „коњската сила“?

Кон крајот на 18 век, шкотскиот пронаоѓач Џејмс Ват создал нова, поефикасна парна машина.

За да ги стави своите подобрувања во контекст што е попријателски кон луѓето, Ват сметал дека споредувањето на неговиот мотор со моќта на коњ ќе им помогне на клиентите да ја разберат вредноста на неговиот нов изум, пишува Ревијахак.

Ват работел со коњи во рудник за јаглен. Тој проценил дека просечното животно може да помести 100 килограми јаглен на растојание од 30 метри за една минута.

Од друга страна, тој пресметал дека неговата парна машина може да ја изврши истата работа како десет коњи, и затоа тврдел дека има десет коњски сили. Ова значело дека неговиот мотор во суштина може да помести 1.000 килограми, низ рударско окно, 30 метри секоја минута.

Ова добро резонирало кај клиентите, а тврдењата на Ват за перформансите на моторот формираа основа за споредба со машините на конкурентските инженери.

Наскоро сите почнуваат да ја користат единицата коњски сили, како груба проценка дефинирана на начин што би бил разбирлив за обичните луѓе.

И токму благодарение на Џејмс Ват денес ја имаме мерната единица дефинирана во Меѓународниот систем на единици (SI) - „ват“. За да се конвертира 1 kW (киловат) во коњски сили, потребно е да се помножи со 1,35962.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер