Нејмар ќе биде подготвен за пријателскиот натпревар со Хрватска - Канал 5

Нејмар ќе биде подготвен за пријателскиот натпревар со Хрватска

Најдобриот бразилски фудбалер Нејмар да Силва најверојатно ќе се врати на теренот во пријателски натпревар против Хрватска на 3 јуни во Ливерпул.

Нејмар ќе биде подготвен за пријателскиот натпревар со Хрватска

Напаѓачот на Пари Сен Жермен не игра од февруари поради повреда, но ќе биде подготвен пред Мундијалот.

Докторот на „кариоките“, Родриго Лесмар истакна дека заздравувањето на Нејмар се одвива добро и дека следната недела ќе тренира со групата.

- Ние направивме неколку тестови, заздравувањето на Нејмар оди во вистинска насока, а следната недела ќе биде подготвен да тренира со тимот. Нашата идеја е да работи со топка за да бидеме целосно фит да го одигра првиот пријателски натпревар, истакна Лесмар.

Покрај Бразил, во групата Е за СП се Србија, Швајцарија и Костарика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Против шест лица ќе биде поведена постапка за кршење на работниот ред

По документирање на целокупниот доказен материјал ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

МВР: Против шест лица ќе биде поведена постапка за кршење на работниот ред

Одделот за Внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР презема мерки и дејствија за настанот случен на 07.10.2026 за прекумерна употреба на физичка сила и нанесени телесни повреди врз лица од страна на полициски службеници при преземање на полициски овластувања, соопштуваат од МВР.

Од извршените проверки, обезбедените снимки од настанот и обезбедените изјави на лица сведоци на настанот, утврдени се низа неправилности при постапувањето на полициските службеници за што од страна внатрешната контрола ќе бидат изречени мерки за отстранување од работно место-суспензија.

По документирање на целокупниот доказен материјал ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Папата заминува на операција на белите дробови

На папата му е потребна операција. На белите дробови му беше откриен јазол.

Папата заминува на операција на белите дробови

71- годишниот Папа Лав XIV денес објави дека во наредните денови ќе биде подложен на операција, откако лекарите откриле јазол на белите дробови, пренесува „Асошиејтед прес“.

Поглаварот на Католичката црква ја соопшти веста за време на традиционалната неделна молитва пред верниците.

Според него, абнормалноста на белите дробови била откриена при неодамнешните медицински прегледи и била констатирана во рана фаза. Папата изјави дека станува збор за локализиран проблем и дека операцијата е закажана за во наредните неколку дена. Засега нема дополнителни информации за неговата здравствена состојба.

Ватикан сè уште нема објавено дополнителни детали за зафатот или за точната дијагноза. Природата на абнормалноста на белите дробови не е позната. Јазолот на белите дробови може да има различни причини и не мора нужно да укажува на малигно заболување.

Папата Лав XIV, првиот Американец на чело на Католичката црква, претходно немал никакви познати сериозни здравствени проблеми.

Тој е познат по својот активен начин на живот; редовно игра тенис и плива за време на престојот во папската летна резиденција Кастел Гандолфо. Неизвесно е дали операцијата ќе влијае на неговото планирано патување.

Предвидено е Папата да ги посети Уругвај, Аргентина и Перу во периодот од 6 до 17 ноември. Сè уште не се знае дали операцијата и закрепнувањето ќе влијаат на неговото планирано патување во Јужна Америка. Ватиканот сè уште не го објавил датумот на операцијата ниту очекуваното времетраење на закрепнувањето на Папата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Словенците денес на четири референдуми

Во Словенија денеска се отворени избирачките места на кои граѓаните се изјаснуваат за четири референдумски прашања.

Словенците денес на четири референдуми

Меѓу нив се укинувањето на задолжителната радиодифузна такса, ограничувањето на правото на глас на странските државјани на локалните избори и измените на законот за парламентарни истраги.

Граѓаните можат да гласаат за едно или за повеќе од четирите прашања, но избирачкото место можат да го посетат само еднаш.

Најголемо внимание привлекува законодавниот референдум за измените на законот за парламентарни истраги, усвоени од словенечкиот парламент на 26 мај.

Граѓански организации, со поддршка од опозицијата, собрале 40.000 потписи за распишување на референдумот. Тие сметаат дека новите законски решенија ја намалуваат правната заштита на граѓаните и им даваат преголеми овластувања на политичарите за навлегување во приватноста.

Критичарите предупредуваат дека измените би можеле да отворат простор за политички пресметки и злоупотреба на парламентарните истраги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер