ФудбалНејмар доби второ дете со девојката која ја изневерил 92 пати (ФОТО)Фудбалерот Нејмар доби второ дете со манекенката Бруна Бјанкарди.Двојката го потврди раѓањето на нивната ќерка Мел на социјалните мрежи. Девојчето било родено на почетокот на јули. „Нашата Мел е тука за да ни ги направи животите уште поцелосни и послатки. Добредојде, ќерко. Нека Бог те благослови и те заштити од сето зло. Едвај чекаме да започнеме со ова ново поглавје со тебе. Те сакаме“, напишаа тие во описот. Потсетете се дека двојката раскина само еден месец откако го доби своето прво дете во октомври 2023 година. Бруна се најде во тешка ситуација кога беше откриено дека Нејмар ја изневерил додека била бремена. View this post on Instagram A post shared by BRUNA BIANCARDI (@brunabiancardi) Наводно ја изневерил 92 пати Бразилскиот весник „Кореио Бразиленсе“ ја објави веста за нивното раскинување со тврдењето дека Бразилецот ја изневерил својата девојка дури 92 пати. „По предавството на 92-то, врската меѓу Нејмар и Бруно Бјанкарди заврши. Двајцата веќе подготвуваат официјално соопштение, но одржуваат пријателски однос заради нивната ќерка Мавија“, тврди „Кореио Бразиленсе“. View this post on Instagram A post shared by BRUNA BIANCARDI (@brunabiancardi) View this post on Instagram A post shared by Neymar Jr (@neymarjr) Кон крајот на ноември 2023 година, Бруна ја потврди веста за нивното раскинување. „Ова е приватна работа, но бидејќи често ме поврзуваат со вести, сомнежи и исмејување, би сакала да ве известам дека не сум во врска. Ние сме родители на Мави и тоа е причината за нашата врска. Ви благодарам“, напиша таа тогаш. Покрај децата со Бруна, фудбалерот има и син, Дави Лука (13), кого го доби кога имаше 19 години со неговата девојка во тоа време, Каролина Дантас. А по аферата што ја имаше со бразилската манекенка и инфлуенсерка Аманда Кимберли додека сè уште беше во врска со Бруно, ја доби ќерката Хелена кон крајот на јули минатата година.Тагови: девојка Нејмар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook