Неизвесно е колку време ќе трае прекинот со вакцинирањето против туберколоза за новороденчињата - Канал 5

Неизвесно е колку време ќе трае прекинот со вакцинирањето против туберколоза за новороденчињата

Неизвесно е колку време ќе трае прекинот со вакцинирањето против туберколоза за новороденчињата во родилиштата бидејќи засега не се знае кога точно ќе пристигнат БСЖ вакцините од јапонскиот производител и кога ќе бидат достапни за апликација. 

Неизвесно е колку време ќе трае прекинот со вакцинирањето против туберколоза за новороденчињата

Од Министерството периодов најавија дека „денови се во прашање“, но не даваат детали за едногодишната набавка откако целосно ја запреа имунизацијата на бебињата поради сомнежите за неквалитет на вакцината на бугарскиот производител „Бул био“ кои во Македонија се користат повеќе од 20 години.

Педијатрите велат дека во пракса ретко се случува да се види случај со „остеомиолитис“ кај дете, кој не може да настане само од вакцина, но баш предизвикан од имунизација до сега нема регистрирано, посочува д-р Мира Атанасова. Таа додава дека откако родителите ќе видат дека нивното дете примило БСЖ од истите серии кои се спорни, 683-1 и 807-1 барале појаснувања.

Во Хрватска трае истрагата, и иако производителот тврди дека веројатноста во четирите случаи на воспаление на коските на деца да била дадена многу поголема доза, тамошните власти тврдат дека сите вакцини биле дадени во различни вакцинални пунктови, како и дека по 10 години немање на ниту еден регистриран случај, 4 дечиња за една е доволен аларм за да се провери квалитетот.

Токму поради тамошните случаи и македонските власти решија да го следат примерот и да ја сопрат вакцинацијата што пак предизвика и уште понамалена доверба кај родителите.

Интересот е голем само за вакцината против грип, за неполни 24 часа 25.000 граѓани се пријавиле на вакцинаја.мк, а на располагање засега има 30.000 дози од тривалентната вакцина против инфлуенца на компанијата од Јужна Кореја GC Џи-Си Биофарма, обезбедени преку заем од Албанија преку УНИЦЕФ. 26.000 дози што допрва ќе треба да стигнат се од француската компанија Санофи, а за остаток 24.000 разговорите се во тек.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има - Обвинителството да постапува

За влезот на Алта банка во Македонија, пералницата за пари на Вучиќ,  мора да има и кривична и политичка одговорност.

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има - Обвинителството да постапува

СДСМ поднесе интерпелација за работата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Бараме Собранието, како орган којшто го избира, да утврди политичка одговорност за постапката со која на Алта банка Белград ѝ беше дадена согласност за стекнување квалификувано учество во тогашната Стопанска банка Битола.

Знаеме кој ѝ ја отвори вратата на Алта банка во Македонија, тоа се Мицкоски и Трајко Славески.

Имаме јавно признание од Славески дека се консултирал со Мицкоски.

Што разговарале Мицкоски и Славески за Алта банка? За Давор Мацура? Со која надлежност Мицкоски давал насоки а Славески ги слушал?

СДСМ поднесе и кривични пријави за скандалот со Алта банка. Веќе 10 дена го повикуваме Јавното обвинителство да се вклучи, да отвори истрага и да има и кривична одговорност.

Не може во Србија да има истрага, стечај, приведен сопственик, да се истражуваат 380 милиони евра а кај нас да нема ништо. Непостапувањето значи соучешништво, затоа што се создава простор да се уништат докази, сметки, транасакции.

Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво од страна на Давор Мацура, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло?

Време е за вистина, време е за правда, време е за одговорност за Алта банка.

Скопје, 25.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија се соочува со казна до 25 милиони евра и замрзување на дел од европските фондови

Европската комисија предупреди дека Бугарија се соочува со парична казна во висина до 25 милиони евра поради прекумерното буџетско трошење и непочитувањето на фискалните правила на Европската унија.

Бугарија се соочува со казна до 25 милиони евра и замрзување на дел од европските фондови

Како што пренесуваат бугарските медиуми, Европската комисија соопштила дека не гледа доволни напори за намалување на трошоците, по започнувањето на постапката за прекумерен дефицит против земјата.

Тековните препораки се однесуваат на дефицитот за 2026 година, кој, според пресметките на Европската комисија, ги надминува утврдените граници од 2,3 отсто.

Според европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис, конечната одлука за изрекување на казната се очекува на 11 декември. Дополнително, Софија се соочува и со ризик од замрзнување на дел од средствата од европските фондови доколку до пролет не преземе соодветни мерки за стабилизирање на јавните финансии. Доколку казната биде официјално изречена, Бугарија ќе стане првата земја-членка во историјата на Европската унија која е парично санкционирана поради прекршување на европските фискални правила..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛШ: Реал убедлив против ПСВ, Арсенал и Сите без победи на домашен терен

Кралевите од Мадрид беа најубедливи на стартот на 5 коло во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Реал со резулатски пресврт го матираа ПСВ со убедливи 5-1.

ЛШ: Реал убедлив против ПСВ, Арсенал и Сите без победи на домашен терен

„Експлозија“ на Реал на полувремето, фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа ПСВ со 5:1 во петтото коло од Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Манчестер Сити и Наполи одиграа нерешено 2:2 во возбудлив натпревар од 5. коло на Лигата на шампионите. Гостите од Неапол двапати поведоа, но не успеаја да ги освојат сите три бода.

Арсенал и Борусија Дортмунд исто така одиграа без победник, 1:1. Лондонскиот тим поведе во 10-тата минута. Виктор Ѓекереш ја затресе мрежата по асистенција на Нони Мадуеке, носејќи му на Арсенал предност од 1:0. Дортмунд возврати во продолжението од натпреварот. Во 55-тата минута, Максимилијан Бајер ја искористи асистенцијата на Жилиен Гаду и го постави конечниот резултат 1:1.

Лига на шампиони, 5. коло

вторник

Бодо/Глимт - ЛАСК 1:0 (0:0) Халмарсен 90+2

Галатасарај - Астон Вила 1:0 (0:0) Ѓул 77

Арсенал - Борусија Дортмунд 1:1 (1:0) Џокерес 10 - Бејер 55

Комо - АЕК 1:0 (0:0) Мила 57

Феенорд - Порто 0:1 (0:1) Таргалин 2. аг

Манчестер Сити - Наполи 2:2 (0:0) Буади 67, Шерки 86 - Хојлунд 55, Ланг 76

РБ Лајпциг - Ленс 2:1 (2:0) Раум 6, Нуса 9 - Удол 58

Реал Мадрид - ПСВ 5:1 (0:1) Валверде 50, Белингем 60, Мбапе 64, 84, Винисиус 87 - Перишиќ 32.п

Слован - Бетис 0:2 (0:1) Хернандез 43, 57

среда

18:45 Сабах - Барселона

18:45 Славија - Виљареал

21:00 Атлетико Мадрид - Викинг

21:00 Клуб Бриж - Ливерпул

21:00 Интер - Штутгарт

21:00 Лил - Баерн

21:00 ПСЖ - Рома

21:00 Шахтјор - Фенербахче

21:00 Спортинг - Манчестер Јунајтед

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер