ЗабаваНеинтелигентните раси кучиња се најтешки за тренирање Уште од припитомувањето на првото куче, луѓето се обиделе да ги скротат овие животни и да ги обучат да извршуваат задачи по заповед. Наскоро станало јасно дека некои раси се поуспешни во ова и можат побрзо да ги научат командите, додека со други треба повеќе трпение. Не случајно белгискиот овчар е една од најпаметните раси, па толку често се чува и одгледува како полициско куче. Следат неколку раси коишто не се толку интелигентни. Авганистански 'рт И покрај тоа што е едно од најскапите кучиња во светот, според познавачите, авганистанскиот 'рт има најниска интелигенција од сите раси на кучиња. Се работи за енергично, разигрно куче кое е дружељубиво кон странци, но очекувајте никогаш да не совлада повеќе од неколку најосновни трикови со кучиња. Меѓутоа, бидејќи овие кучиња се познати како независни и „многу силни по волја“ т.е. тврдоглави, тие едноставно не се грижат да ги следат наредбите. Наместо тоа, тие претпочитаат своето време да го посветат на членовите на семејството и играњето со други домашни миленици. Басенџи И ова куче, инаку со потекло од Средна Африка, исто така, е познато по неговата независност и одвоеност. Некои луѓе ја споредуваат оваа раса со мачките, поради некои одлики, како што е тоа дека тешко учи наредби. Одгледувањето басенџи може да изгледа како припитомување диво животно, но од друга страна, тие се многу љубопитни, дружељубиви и разиграни, а сепак, понекогаш, и будни и претпазливи. Англиски булдог Воопшто, булдозите се исклучително популарна раса којашто, исто така, се најде на листата на не толку паметни кучиња. Овде спаѓа и англискиот булдог, за којшто се вели дека е „третата најглупава“ раса. Англиските булдози имаат ниска интелигенција, но тоа понекогаш може, едноставно, да се должи на мрзеливост. Сепак, она што му недостига во интелигенција, булдогот го надополнува со својот послушен темперамент. Чау-чау Можеби изгледаат како мечиња за гушкање... Но, овие кучиња првично биле одгледувани како кучиња чувари, ловци или влечни кучиња. Нивната личност е посериозна, независна и повлечена отколку слатка и шармантна. Нивната силна волја и тврдоглавост ги отежнуваат тренирањето, што ги става на листата на најглупи раси на кучиња. Крвав 'рт Кучињата „сентхјубертинци“, како што поинаку ги нарекуваат, тешко се тренираат бидејќи се премногу расеани, од сите прекрасни мириси коишто „чекаат да бидат истражени“ од оваа љубопитна раса. Нивната безгранична енергија, тврдоглавост и немилосрдност кога станува збор за истражување и душкање е тоа што ги сместува меѓу најмалку интелигентните, но и најпребирливите раси. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам25.000 такси роботи пристигнуваат на улиците низ Европа25.000 такси роботи пристигнуваат на европските улици, „Lucid и Bolt“ ги здружуваат силите. .Американскиот производител на електрични возила „Lucid“ склучи партнерство со компанијата за превоз „Bolt“ за амбициозен план за воведување на 25.000 автономни такси-возила на европските улици. Оваа соработка е дел од планот на „Bolt“ да им овозможи на корисниците на својата платформа пристап до флота од 100.000 возила без возач до 2035 година. За овој европски проект, „Lucid“ ќе ја искористи својата претстојна платформа за возила од средна класа, за која се очекува да биде посоодветна за европските патишта и градови отколку поголемите модели од типот SUV. „Bolt“ ќе биде сопственик на целата флота од 25.000 возила. Робо-такси возилата ќе поседуваат автономија од 4-то ниво, што значи дека ќе можат да функционираат самостојно – без човек зад воланот – во рамките на нивните предвидени оперативни параметри. Технолошкиот пристап ќе се разликува од оној во партнерството на „Lucid“ со „Uber“ во САД. За проектот во САД се користат системи од компанијата „Nuro“, додека возилата за „Bolt“ ќе ја користат платформата „Nvidia Hyperion“. „Lucid“ веќе има договор со „Uber“ за воведување на до 35.000 робо-такси возила во Северна Америка, почнувајќи од оваа година. Тој проект ќе опфаќа користење на моделот „Gravity SUV“, како и на идниот модел од средна класа. Трката за робо-такси возила во Европа Пазарот за автономни такси-возила во Европа брзо се развива. Uber, Verne — компанија основана од Мате Римац и група инвеститори — и Pony.ai веќе работат на проекти за автономно возење, додека Waymo ја тестира својата технологија во Европа и планира да ги прошири своите активности. Uber и Wayve, исто така, работат на воведување автономни возила „Ford Mustang Mach-E“ во Лондон. Сепак, засега е неопходно во возилата да биде присутен човек за време на тестирањето, сè додека се чека на потребните регулаторни одобренија. Илон Маск исто така го најави доаѓањето на „Cybercab“ на Tesla во Европа.Тагови: роботакси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter