Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
2Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
МакедонијаНегативен природниот прираст и во градските и во селските подрачјаПриродниот прираст кај населението минатата година e негативен и во градските подрачја и во селските подрачја. Три четвртини од вкупно 4 140 лица, за колку е намален бројот на население минатата година, се во градските средини, наспроти една четврина во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот регион со 40.4 %, а најмало Источниот регион со 5.8 %. Според податоците на Државниот завод за статистика во градските подрачја во 2024 година, во градските подрачја се живородени 9 694 деца, што е 60.4 % од вкупниот број на живородените деца, а умреле 12 826 лица, што е негативен природен прираст од -3 132 лица. Во селските подрачја во 2024 година имало 6 367 деца или 39.6 % од вкупниот број на живородените деца, додека умреле 7 375 лица, што е негативен природен прираст од 1 008 лица. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот регион со 40.4 %, а најмало Источниот регион со 5.8 %. И во однос на вкупниот број умрени лица, по региони, најголемо учество има Скопскиот со 30.3 %, а најмало Североисточниот регион со 8.0 %. Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја е 28, додека во селските подрачја умреле 19 доенчиња. Повеќе бракови се склучени во градските подрачја - 54.3 проценти, но и бројот на разведените бракови и тоа за 64.2 отсто. Бројот на склучените бракови во градските подрачја изнесува 6 014 или 54.3 %, наспроти 5 052 бракови или 45.7 % во селските подрачја. Бројот на разводите во градските подрачја изнесува 1 299 или 64.2 %, додека во селските подрачја има 725 разводи или 35.8 % од вкупниот број разводи. Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 42.2 % имаат преселбите од село во град, а Пелагонискиот регион има најголемо учество со 52.8 %. Меѓуселските преселби имаат најголемо учество во Полошкиот регион со 49.6 %, наспроти меѓуградските со учество од 2.5 %. Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, 2 603 лица, а најмало во Вардарскиот Регион, односно -177 лица. Тагови: бебе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
СветНАТО и Пентагон денес разговараат за можно повлекување на американските трупи од ЕвропаСојузниците од НАТО денеска ќе разговараат за американската ревизија на бројноста на војниците во Европа со Елбриџ Колби, шефот за стратегија во Пентагон. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека очекува појасни детали во врска со можното повлекување во текот на следните неколку недели, пренесува Ројтерс. Дискусијата се однесува на шестмесечна ревизија, иницирана во јуни од страна на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет. Во тоа време, Хегсет предупреди дека САД би можеле да задржат дел од своите придонеси кон НАТО, доколку сојузниците кои не инвестираат доволно во одбраната не ги исполнат своите обврски. Иако Хегсет експлицитно не наведе дека ревизијата би можела да доведе до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани во Европа, тој нагласи дека целта е да се поттикне поголем ангажман од европскиот континент, со што на американската војска би ѝ се овозможило да се фокусира на своите глобални обврски. „Очекуваме промени во бројноста на војниците, но сè уште немаме ништо конкретно“, изјави Писториус пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел, на кој ќе присуствува и Колби за време на работниот ручек. Писториус додаде дека до промена во распоредувањето на конвенционалните сили ќе дојдеше без оглед на тоа кој е претседател на САД, бидејќи тоа е резултат на зголемениот фокус на Америка врз регионот на Индо-Пацификот. Во Германија се стационирани околу 35.000 американски војници – што претставува најголем контингент во Европа – а резултатите од извршената анализа се очекува да бидат претставени пред Божиќ. Европски воени извори проценуваат дека Вашингтон би можел да премести една бригада – односно околу 5.000 војници – од Германија во Азија или поблиску до источното крило на НАТО, во Полска. Писториус нагласи дека целта на разговорите со Вашингтон е да се координираат дејствијата, со цел да се избегнат опасни празнини во европската одбрана што би можеле да настанат како последица на повлекувањето на американските сили.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо испитување на економски вештак, продолжи судењето за случајот „Државна лотарија“Со вкрстено испитување на економскиот вештак Анита Поповска во Кривичниот суд Скопје продолжи судскиот процес за проневери во државна лотарија од 9,7 милиони евра. Вештото лице одговараше на прашањ на бранителот на второобвинетиот, поранешен прв вицепремиер Артан Груби, а во најголемиот дел од одговорите таа реагираше до судијата дека од неа се бара да вади правни заклучоци или да одговара на прашања надвор од она што е напишано во вештачењето. Поповска одговараше и за тоа каква била улогата на Министерството за финансии, во делот на спорната набавка на ВЛТ апарати за државна лотарија, на што пред судот кажа дека Министерството изготвило мислење, но имало само административна улога. Покрај Груби, обвинети за случајот со проневери во државна лотарија, се уште и Перпарим Бајрами, поранешниот прв човек на Државна Лотарија, поранешниот генерален секретар на Владата Методија Димовски, како и уште 5 лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
АвтомобилизамПред половина век, „Porsche“ имаше амбициозен план: Да направи автомобил што нема да се расипува„Porsche FLA“ имаше 74 коњски сили и предвиден животен век од 300.000 километри.Со текот на времето, автомобилите се абат и завршуваат на отпад. Сепак, пред повеќе од половина век, „Porsche“ веќе истражуваше начини како да им го продолжи работниот век. Еден од најневообичаените резултати од ова истражување беше концептот „Forschungsprojekt Langzeitauto (FLA)“, претставен во 1973 година. Проектот беше инициран по студијата од 1972 година насловена „Границите на растот“ (The Limits to Growth). Студијата го предупреди светот за ограничените природни ресурси и последиците од неконтролираниот индустриски развој. Со поддршка на германското Сојузно министерство за истражување и технологија, „Porsche“ разви автомобил дизајниран да помине најмалку 300.000 километри и да трае 20 години. Тоа беше приближно двојно повеќе од очекуваниот животен век на еден просечен автомобил во тоа време. Интерно означен како „Type 1989“, моделот „FLA“ беше претставен на Саемот за автомобили во Франкфурт во 1973 година, иако никогаш не беше наменет за масовно производство. Издржливост пред перформанси „FLA“ изгледаше сосема поинаку од спортските автомобили по кои „Porsche“ беше познат. Имаше компактни димензии на мал семеен автомобил и необична, делумно отворена структура која ја откриваше неговата основна конструкција. Инженерите ставија посебен акцент на заштитата од корозија и долгорочната издржливост. Каросеријата вклучуваше алуминиум и нерѓосувачки челик, додека вратите поседуваа заштита од странични удари. Меѓу значајните карактеристики беа стаклото отпорно на гребење, електричните контакти обложени со сребро, акумулаторот што не бара одржување и модуларниот електричен систем дизајниран да ги поедностави идните поправки. Поголемите резервоари за масло и филтрите беа наменети за намалување на абењето и продолжување на интервалите за сервисирање. Мотор со 74 коњски сили и автоматски менувач За погон беше избран 2,5-литарски, четирицилиндричен „боксер“ мотор со воздушно ладење, поставен зад задните седишта. Развиваше моќност од само 74 коњски сили, со максимален број на вртежи на моторот од 4.000 во минута. Моторот беше поврзан со автоматски менувач со три брзини. Скромната моќност беше намерна: целта беше да се намали механичкото оптоварување и да се продолжи животниот век и на моторот и на менувачот. Според проценките на „Porsche“, сериската верзија би чинела околу 30 проценти повеќе од типичен автомобил од тоа време, но за возврат, би траела двојно подолго. Сепак, една идеја сепак стигна до сериско производство Иако „FLA“ никогаш не стана сериски модел, истражувањето не беше залудно. Едно од најзначајните решенија беше примената на топло поцинкување за заштита на каросеријата. Почнувајќи од 1975 година, „Porsche“ почна да користи поцинкувани каросериски панели за моделот „911“, со што значително се подобри неговата отпорност на корозија. Подоцна беше воведена и шестгодишна гаранција за каросеријата. Интересно е што уште во 1967 година, „Porsche“ експериментираше со каросерија од нерѓосувачки челик за моделот „911 S“. Повеќе од пет децении подоцна, идеите промовирани преку „FLA“ повторно станаа актуелни: зачувување на ресурсите, рециклирање, полесно поправање и продолжување на животниот век на автомобилите. Во 1994 година, „Porsche“ претстави уште еден необичен концепт – „C88“, едноставен и достапен седан развиен за кинескиот пазар. Наместо култниот амблем на „Porsche“, автомобилот имаше специјално дизајниран знак на кој беше прикажано тричлено семејство. И овој проект, исто така, никогаш не стигна до сериско производство. Извор: Б92Тагови: Porsche Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter