МакедонијаНегативен природен прираст во првото тримесечје - родени 3 526, умрени 5 398 Во првото тримесечје од 2025 година бројот на живородените деца е 3 526, и во споредба со истиот период од 2024 е намален за 2.9 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 3.8 % во споредба со истото тримесечје од 2024 и изнесува 5 398 лица, а од нив 15 се умрени доенчиња. Природниот прираст е негативен и изнесува -1 872, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во ова тримесечје од годината се склучени 1 846 бракови и нивниот број е намален за 25.8 % во споредба со истиот период од 2024 година. Регистрирани се 465 разведени бракови, што претставува намалување од 22.1 % во споредба со истиот период од 2024 година.Тагови: бебе ДЗС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканФото: Змија виси над волан на автомобил во БиХКорисниците на социјалните мрежи биле изненадени од видео од Сјеница кое неодамна кружи на интернет. Сопственикот на автомобилот снимил змија како виси од вратата на автомобилот. Таа висеше веднаш над воланот, обидувајќи се да се ослободи; како успеа да се заглави во вратата на автомобилот останува непознато. Оваа необична глетка ги забавуваше многу корисници. „Ја закачи како освежувач на воздух“, гласеше еден од коментарите. https://www.instagram.com/reel/DbjENoYxfSq/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loadingТагови: змија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисСаша Зверев: „Новак има 400 милиони во банка, мислиш ли дека го интересира тоа?“Еден од најдобрите свтески тенисери, Германецот, Саша Зверев застана во одбрана на најтрофејниот свтески тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој беше нападнат поради одлуката да се откаже од турнирот „Мастерс“ во Монтреал на 40-годишна возраст.Мастерс турнирот во Монтреал повторно ги разочара навивачите бидејќи не успеа да ги привлече најголемите тениски ѕвезди. Ниту оваа сезона во Канада нема да ги видиме Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер и Карлос Алкараз; тие одлучија да се повлечат од турнир кој, со оглед на случувањата таму со години наназад, можеби и не заслужува статус на турнир што носи 1.000 бодови. Постојат различни причини поради кои тенисерите се откажуваат, но најважна е календарот. Турнирот се одржува по Вимблдон, а пред Синсинати и Ју-Ес Опен, и трае две недели. Токму затоа најдобрите во светот нема да настапат, иако некои почнаа да ги критикуваат, тврдејќи дека се незадоволни поради парите. Поради тоа, Саша Зверев – овогодишниот победник на Ролан Гарос и моментално трет тенисер во светот – одлучи да застане во одбрана на своите колеги, а пред сè на Новак Ѓоковиќ: „Дали мислите дека бонусите му се важни на Новак? Верувам дека тој има – ако можам да проценам – повеќе од 400 милиони во банка, така што не верувам дека тоа му е важно. Уште помалку го интересира пласманот на светската АТП-листа...“, се насмеа Зверев. И додека челниците и организаторите на турнирите се обидуваат да најдат други виновници наместо да ја признаат грешката со форматот, Саша Зверев не може да поверува дека се размислува за одземање бодови од АТП-листата или за укинување на бонусите за тенисерите кои не сакаат да играат. „Дали сакате да паднеме на светската ранг-листа ако не играме? Искрено, ако форматот се врати на стариот, со времетраење од седум дена, би можеле да разговараме за тоа. Но, ако треба да бидеме на овие натпреварувања две и пол недели, а притоа сме среде сезоната на Грен слем турнирите, тогаш не можете да нè присилувате“, додаде одлучно Зверев.Тагови: Зверев Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамДали се ближи крајот на пребрзото возење? Ќе забавува ли самиот автомобил?Европската комисија разгледува воведување на напреден систем кој автоматски би ги забавувал автомобилите кога возачот ќе ја надмине дозволената брзина.Европската комисија разгледува воведување на напреден систем кој автоматски би ги забавувал автомобилите кога возачот ќе ја надмине дозволената брзина; доколку биде одобрен, неговата имплементација би можела да започне околу 2030 година. Според достапните информации, системот би користел сателитска навигација, дигитални мапи, 5G мрежи и камери за препознавање сообраќајни знаци за да ја одреди дозволената брзина, по што електрониката на возилото би ја ограничила моќноста на моторот и би спречила понатамошно забрзување, а воедно би овозможила привремено зголемување на брзината во итни ситуации. Ова опфаќа понапредна верзија на системот за интелигентна помош за брзина (ISA), кој е задолжителен од јули 2024 година за сите нови автомобили што се продаваат во Европската Унија, а кој во моментов само ги предупредува возачите кога ќе го надминат ограничувањето на брзината. Иако организациите за безбедност во сообраќајот сметаат дека ваквата технологија би можела значително да го намали бројот на тешки сообраќајни несреќи предизвикани од пречекорување на брзината, критичарите предупредуваат на можни грешки при препознавањето на сообраќајните знаци, застарени дигитални карти, неточности во GPS-системите, како и на ризици по приватноста на корисниците и сајбер-безбедноста на возилата. Европската комисија нагласува дека проектот сè уште се разгледува и дека се водат консултации со производителите на автомобили и со експертите за безбедност во сообраќајот во врска со можните регулативи; следствено на тоа, сè уште не е донесена конечна одлука за негово спроведување, пренесува „iamexpat“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter