Неформален состанок на Советот на ЕУ во Варшава

Во Варшава денеска се одржува неформален состанок на Советот за општи работи на ЕУ, на кој ќе се разговара за хибридните закани со кои се соочуваат земјите-членки на ЕУ и партнерите што се стремат да влезат во ЕУ.

Неформален состанок на Советот на ЕУ во Варшава

На состанокот се очекува да се разговара и за зајакнувањето на европската цивилна и воена подготвеност и повеќегодишната финансиска рамка (ВФО) на Унијата за периодот по 2027 година.

„Бидејќи проширувањето е приоритет за Европската унија, сигурна сум дека тоа ќе биде многу добро разгледано во следниот ВФО“, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос по пристигнувањето на состанокот.

Трамп воведува 25 отсто царини за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трампденеска соопшти дека воведува 25 отсто царини за сите увози од земји што купуваат нафта или гас од Венецуела.

Трамп воведува 25 отсто царини за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Новите, таканаречени секундарни царини против Венецуела за нафта и гас, треба да стапат во сила од 2 април, објави Трамп на неговата платформа „Truth Social“, пренесува ДПА.

Како една од причините за оваа мерка, Трамп го наведе тековниот спор околу миграцијата, тврдејќи дека венецуелската влада намерно испраќала криминалци и членови на картели во САД.

Американскиот претседател, исто така, ја обвини владата во Каракас дека е непријателски настроена кон САД.

Трамп најави дека на 2 април ќе објави поширок сет на трговски мерки, кои ги нарече „Ден на ослободувањето“.

Покрај царините за трговските партнери на Венецуела, републиканскиот претседател планира да воведе и реципрочни царини, со кои ќе бидат опфатени земјите што вовеле тарифи на американски производи. Овие мерки би можеле да влијаат и врз Европската Унија.

Тинејџер направил Ламборџини од картон- достигнува брзина од 40 км/час (ВИДЕО)

Етсенуме Ахмад е 18-годишен Нигериец кој ги остави корисниците на Твитер без зборови откако создаде целосно функционално Lamborghini користејќи ништо друго освен картон.

Тинејџер направил Ламборџини од картон- достигнува брзина од 40 км/час (ВИДЕО)

Тинејџерот поминал две години градејќи реплика на реткиот Lamborghini Egoist, суперавтомобил со ограничено издание. Она што ја прави неговата верзија уште поневеројатна е тоа што всушност може да вози, благодарение на малиот мотор кој му овозможува да достигне брзина до 40 km/h.

@talentedahmad_official @lyric Paul official @Talented Ahmad @Lamborghini ♬ original sound - talented Ahmad

Во неговите видеа на TikTok, Ахмад може да се види како вози низ улиците со неговото картонско Ламборџини, оставајќи ги минувачите во целосно неверување. Откако го сподели конечниот резултат со неговите 470.000 следбеници на TikTok, неговите објави брзо станаа вирални, собраа преку 30 милиони прегледи и илјадници коментари.

„Кажи што сакаш... Од ништо го направи ова... Почит“, „Братко, не застанувај додека тие надарени раце не те одведат на возење со твоето ново Ламборџини“ и „Сакам да го видам како минува низ автоперална“, се само дел од коментарите.

@talentedahmad_official @Lamborghini @bugatti @TOYOTA @GehGeh @VDM ♬ Shallipopi Laho - SHALLIPOPI NEWS

Во изјава за Supercar Blondie, Ахмад рече: „Верувам дека мојата способност да создавам реплики доаѓа од природниот талент што отсекогаш сум го имал, а не од нешто што конкретно го научив“.

„Ги наоѓам деловите за моите реплики со рециклирање отпадни материјали. Верувам во моќта на одржливоста и повторното користење на она што инаку би било отфрлено, претворајќи го во нешто вредно и функционално“.

Картонскиот автомобил е инспириран од едно од најскапите Lamborghini некогаш продадени - Lamborghini Egoist, кој беше купен од приватен колекционер во 2013 година за 117 милиони долари (90 милиони фунти).

Ердоган: Главната опозициска партија ќе одговара за повредените полицајци и за штетата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека протестите поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу се претвориле во „движење на насилство“ .

Ердоган: Главната опозициска партија ќе одговара за повредените полицајци и за штетата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека протестите поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу се претвориле во „движење на насилство“ и најави дека главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) ќе одговара за повредените полицајци и за штетата предизвикана за време на демонстрациите.

Ердоган по владиниот состанок во Анкара рече дека „ЦХП треба да престане да ги провоцира граѓаните“.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја претходно изјави дека демонстрантите ја загрозуваат националната безбедност, додавајќи дека во петдневните протести се приведени 1.133 лица, а повредени се 123 полицајци.

притисни ентер