КошаркаНедовиќ по поразот во Каунас: Судиите се вмешаа во исходот на натпреваротСудиите се вмешаа во исходот на натпреварот, долго време го немав ова доживеано.Кошаркарот на Црвена ѕвезда, Немања Недовиќ ги обвини судиите за синоќешниот пораз од Жалгирис во Евролигата. Црвена ѕвезда загуби во Каунас со 86:84. Српскиот клуб ги загуби првите две четвртини и се врати во вториот дел по двоцифрена негатива. Судбината на мечот ја реши Брајант Данстон со кош постигнат со звукот на сирената. -Се вративме и имавме шанса да поведеме, но тогаш овие тројца момци навистина се вмешаа во натпреварот. Одамна не сум учествувал на ваков натпревар, изјави Недовиќ. Тој натпреварот го заврши со 15 поени и пет асистенции. Жалгирис е на второто место во поредокот во Евролигата со биланс 5-1 (победи-порази). Црвена ѕвезда падна на 12. позиција со биланс 3-3. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Аларм од народниот правобранител: Пациенти со тешки кривични дела лесно бегаат од Демир ХисарВо вондреден надзор во психијатриската болница Демир Хисар е посебно забележано дека лицата кои покрај психолошкото нарушување имаат и тешки кривични дека, не се под посебен надзор и често бегаат од болницата.Проблемот со обезбдувањето на лицата со психичи заболувања кои се сметстни во судските одделенија во психијатриските болници се најдоа и во извештајот на народниот правобранител во делот на местата за лишуање од слобода, полициските станици, казнено поправните домови и психијтриските установи. Во вондреден надзор во психијатриската болница Демир Хисар е посебно забележано дека лицата кои покрај психолошкото нарушување имаат и тешки кривични дека, не се под посебен надзор и често бегаат од болницата. Канал 5 во серија прилози ја работи оваа тема каде што вработени од болниците велат дека и покрај малиот број на вработени за лекување не можат да бидат и полицијаци и да ги контролираат. Александар Пандов првиот човек на упрвата за извршување на санкции потври дека со новите измени на законот ќе биде ставено да има во овие установи затворска полиција. Исто од канцеларијата на народниот правобранител објанија дека има пренатрупаност во затвоите и многу често притворите и оние кои се во затвор се заедно. Во полициските станици е потврдено дека нема доволно униформирани полицајци и во поголем дел од станиците нема посебни простории за сослушување на деца. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
МакедонијаМуцунски во „Само интервју“: Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од СофијаОфицијална Софија не се извини, но по жестоките реакции од Мицкоски и Муцунски, тамошното МНР го осуди објавувањето на дипломатската нота за патувањето на семејството на македонскиот премиер во Пампорово.Ставот го нема на сајтот на министерстото, а го дале како одговор за дел од бугарските медиуми... Прашани за коментар по изјавата на Мицкоски дека по овој дипломатски скандал не очекува подобрување на односите со Бугарија, од кабинетот на Велислава Петрова-Чамова за БТА посочиле и дека случајот се испитува во рамки на министерството. -Министерството за надворешни работи придава најголемо значење на заштитата на дипломатската кореспонденција и ги осудува сите дејствија што ги кршат строго утврдените меѓународни правила и практики во оваа област. Како што веќе наведовме, нотата што циркулираше во јавноста се однесува на настани од 6 јануари 2026 година. Околностите околу случајот сè уште се разјаснуваат. Наредена е инспекција за да се утврдат сите факти поврзани со обработката на нотата.- МНР на Р. Бугарија Министерот за ндворешни Тимчо Муцунски во синоќешното Само интервју остаро реагираше на првичниот став на бугарското МНР во кое единствено се дистанцираа од скандалот и оценија дека немало никаква закана за безбедноста на семјството на Мицкоски, бидејќи настанот се случил во јануари. -Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од Софија. Одговорт во суштина беше – одамна се случило. Не беше ни јасен демант, туку „одамна се случил инцидентот“. Осуда очекував, да се каже дека се згрешило како што ние осудивме дејствија на наша територија. Наместо да кажеме можеби некој друг го направил, кажавме се случило нешто што не смеело да се случи, го осудивме и веднаш институциите постапија. Така се однесува одговорна држава. -– Тимчо Муцунски – Министер за надворешни работи и надворешна трговија Премеирто Мицкоски пак во отвореното студио на МТВ по повод 2 години Влада синоќа оцени дека провокациите во изминатиот период се резултат на организирана бугарска кампања во Македонија. -Ниски страсти и организирана кампања која овој период е забележлива. Ние сме зафатени со реконструкцијата и го користат слободниот простор, еден, двајца политички ликови во државава да се обидат да промовираат нешто кое никој не може да го прифати. Ова е еден поширок обид за влијание тука. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада Македонските власти претходно порачаа дека очекуваат темелна истрага од Бугарија за протекувањето на дипломатската нота со лични детали и маршрутата на патување на сопругата и малолетниот син на премиерот, а бугарскиот амбасадор во земјава веќе бил повикан на разговор каде што му бил изразен висок степен на незадоволство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСе менува законот за трансплантација: Поголем број донори и побрзи процедури за спас на животиПрв ќе дадам согласност за да бидам потенцијален донор на органи, посочи Министерот Алиу.Прв ќе дадам согласност за да бидам потенцијален донор на органи, а за околу една недела откако измените на законот се очекува да стапат на сила и системот на „мој термин“ биде променет, сите граѓани при следната посета кај матичниот лекар ќе мора да се изјаснат со „да“ или со „не“ на прашањето дали сакаат да бидат органодарители. Ова го посочи Министерот Азир Алиу потенцирајќи дека докторот нема да може да пристапи во „мој термин“ за да им издаде извештај или да ги упати на специјалист пациентите ако не се одговори на прашалникот. Понатаму, за олеснување на процедурите, во случај на клиничка смрт при отворање на комјутерот само со еден клик специјалистите и координаторите за трансплантација веднаш ќе знаат дали додека бил жив граѓанинот се изјаснил неговите органи да бидат донирани на друг човек. Со следните чекори процесот ќе се дигитализира и за трансплантација на орган нема повеќе да има бирократски процедури и да се чека на потпис и печат од Министер, а трансплантацијата е само една од областите во здравството во која институциите отсега ќе можат да конкурираат за европски средства, откако Македонија се приклучи кон програмата EU4Health – „ЕУ за здравјето“, која располага со буџет од околу 4,4 милијарди евра. Во однос на реконструкцијата на шест операциони сали на Клинички кои и по два ипол месеци откако се најави нивното отворање се уште не се во фукција, Алиу тврди дека нема пропусти при градењето туку во тек е верификација на салите кои ќе имаат гаранција долга 100 години и најави дека во нив пациенти ќе се оперираат од наредниот месец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36