ЖивотНедостигот на вода за наводнување - нов предизвик за јужна Европа Водите и нивното складирање стануваат се погорливо прашање во државите од југот на Европа во услови за зголемување на сушните периоди и растот на температурите, пред се во текот на летото.Водите и нивното складирање стануваат се погорливо прашање во државите од југот на Европа во услови за зголемување на сушните периоди и растот на температурите, пред се во текот на летото, поради што веќе се најавуваат и протести поврзани со водоснабдувањето на земјоделците. Во Стратешка агенда на Советот на ЕУ за периодот 2024-2029 година се наведува дека во услови на недостиг на вода, зголемени суши и нередовни врнежи, потребно е зајакнување на отпорноста на водите и инвестирање во поголема прекугранична водна инфраструктура. Во обраќањето пред европратениците на 18 јули при нејзиниот реизбор за претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен повика на изработка на „Стратегија за одржливо управување со водите“ со цел земјоделците да бидат „подобро подготвени“ за климатските промени. Истиот ден кога Фон дер Лајен се обраќаше во Европарламентот во Стразбур, кај мочуриштето Појтеван во западна Франција се одржа протест на неколку илјади луѓе против изградбата на резервоари за вода на отворено во негова близина, што би им овозможиле на земјоделците пристап до водни ресурси за наводнување. Организаторот на овие протести, француската еколошка група „Востанија на земјата“, најави дека во септември планира да организира марш од Појтеван до Венеција, со цел да алармира за изградбата на водните „мегабазени“ и за загадувањето на водата во регионот на Венецијанската лагуна. Целта на овие „мегабазени“ е да собираат и складираат дождовница што би се користела за наводнување, но во услови на недоволни количества на врнежи, тие може да црпат вода од земјата, што според нивните противници, ќе предизвика нарушување на биодиверзитетот и можно пресушување на мочуриштето и другите водни површини во нивната околина. Според портпаролот на француската организација Селанска конфедерација, која се противи на изградбата на „мегабазените“, Лорен Марандола, црпењето на вода за полнење на овие акумулации „создава притисок“ врз реките и подземните води, што резултира и со проблеми со водоснабдувањето во некои урбани центри. - Во Франција, мегабазените се финансираат од јавни средства, но потоа водата се приватизира, при што само неколку десетици луѓе имаат корист од нив, смета Марандола. Во услови на растот на просечните температури како последица на климатските промени, проблем кој е посебно нагласен во земјите околу Средоземното Море, се повеќе се иницира складирање на дождовницата. Според податоците, Шпанија складира околу 20 отсто од наврнатиот дожд, во Италија таа стапка е околу 10 проценти, додека во Франција се собира само 1,7 отсто од дождовницата. Дождовницата во Шпанија се складира во огромни слатководни базени, кои за разлика од француските „мегабазени“, во услови на недостиг на дожд црпат вода од реките или површинските води, но не и од самата земја. Сепак во услови на намалени врнежи пред се во текот на летните месеци, шпанските базени имаат проблеми со полнењето. Во 2023 година, со вода биле исполнет само околу половина од нивниот вкупен капацитет, поради што почесто се прибегнува кон пренасочување кон нив на вода од реките. Според директорката на шпанската еколошка организација Фондација за нова култура на водите (ФНЦА), Хулија Мартинез, пренасочувањето на водата од речните корита од едната страна овозможува да се акумулира потребната вода за наводнување, но од другата страна тоа предизвикува интензивни суши долж натамошниот тек на реките. Мартинез посочува дека покрај овие акумулации, кои се финансиираат со јавни средства, во Шпанија постојат и приватни „базени за наводнување“, за чие полнење земјоделците „немаат дилеми околу искористувањето на подземните води“. За справување со недостигот на вода за наводнување, здруженијата на земјоделците во Италија предложија изградба на водни базени кои нема да црпат вода од земјата, туку ќе се полнат само со дождовница и би имале опција за пренасочување на водата во реките „за време на најврнежливите периоди“. Дополнително, овие базени би биле покриени со „пловечки фотоволтаични панели“, кои би произведувале електрична енергија за работа на водните пумпи. Според најголемото италијанско земјоделско здружение, Националната конфедерација на професионални фармери (Колдирети), Италија годишно губи 89 отсто од дождовната вода. - Ова е неприфатлива загуба, со голем ризик од опустинување и создавање хроничен недостиг на вода во одредени региони, посочуваат од Колдирети, нагласувајќи дека земјата „треба да го зголеми собирањето на слатка вода преку подобрување на инфраструктурата“. Француските активисти кои се против изградбата на „мегабазените“ посочуваат дека водата е „општо добро на човештвото“ и не треба да се дозволи нејзина монополизација. - Стоп за агроиндустрискиот модел што ја монополизира водата во корист на малцинството, порача европратеничката Ема Фуро од левичарската партија Непокорна Франција (ЛФИ), во обраќање на протест кај мочуриштето Појтеван одржан минатата саботата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканИлија Срдановиќ разговарал со претседателот на Европскиот совет: на Србија местото ѝ е во ЕУ Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска разговараше со лидерот на листата Студентска листа - Студентите победуваат, Илија Срдановиќ, на кого му ја честиташе победата на листата на парламентарните избори во Србија.„Приоритет сега е да се конституира парламент и да се формира нова влада без одложување, преку мирна транзиција и со целосно почитување на резултатите од изборите. Србија има место во Европската унија“, напиша Коста на мрежата X, наведувајќи дека имал добар разговор со Срдановиќ, додавајќи: „Подготвени сме да го поддржиме нејзиниот европски пат, со јасен фокус на реформите што ги побара српскиот народ: владеење на правото, борба против корупцијата и слобода на медиумите.“ I just had a good phone conversation with Dr Ilija Srdanović. I congratulated him on the Student List’s election victory in Serbia. The priority now is to establish Parliament and the new government without delay, through a peaceful transition and in full respect of the election results. Serbia’s place is in the European Union. We stand ready to support its European path, with a clear focus on the reforms the Serbian people have called for: the rule of law, the fight against corruption and media freedom. — António Costa (@eucopresident) October 27, 2026 На парламентарните избори одржани во неделата во Србија, листата Студентска листа - Студентите победуваат освои 141 место со 53 проценти од гласовите, додека листата Александар Вучиќ - Обединета Србија беше втора со 38,8 проценти од гласовите, или 103 места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
ЗабаваХоландија се откажа од учество на Евросонг 2027. (ВИДЕО)Холандија нема да учествува на Евровизискиот натпревар за песна во 2027 година. Холандскиот јавен радиодифузен сервис NPO одлучи да ја повлече апликацијата откако некои радиодифузери и вработени се спротивставија на учеството. NPO изјави дека во моментов немаат доволна поддршка за враќање на натпреварот. Не успеаја да постигнат договор Претседателот на одборот на NPO, Јет де Раниц, објасни дека разговарале со издавачите, но не можеле да најдат решение што ќе ги задоволи сите. Иако на почетокот се чинеше дека има поддршка за учество, на крајот се покажа дека не е така. „Затоа, заклучивме дека е сè уште рано да се вратиме на Евровизискиот натпревар за песна 2027. Со оглед на чувствителноста на темите што се дискутираат, веруваме дека е најдобро засега да се откажеме од учеството“, рече Де Раниц, пренесува холандскиот RTL. Прво го најавија своето враќање, а сега се откажаа Одлуката дојде како изненадување бидејќи NPO на крајот на септември објави дека Холандија ќе се врати на Евровизискиот натпревар по едногодишна пауза. Промената се случи откако телевизиската компанија AVROTROS, која со години беше задолжена за настапот на Холандија на Евровизискиот натпревар, ја предаде организацијата на NPO кон крајот на август. AVROTROS се спротивстави на враќањето на натпреварот, првенствено поради вмешаноста на Израел и војната во Газа. NPO потоа, и покрај овие приговори, одлучи да ја регистрира Холандија, сметајќи дека Евровизија може да биде можност за поврзување на луѓето преку музика. Но, по новите разговори со издавачите, одлуката беше променета. „Мораме заедно да ја преземеме одговорноста“ Директорот на програмата на NPO, Јуре Босман, рече дека разбира зошто учеството на Израел предизвикува дебата и поделби. „Сакаме да испраќаме изведувачи и нивните тимови на Евровизискиот натпревар само ако барем еден издавач цврсто стои зад нив. Ова е единствениот начин тие соодветно да ги претставуваат вредностите на музиката, културата, различноста и заедништвото“, рече тој. Тој нагласи дека одговорноста за учеството не може да лежи само кај изведувачите. „Мораме заедно да ја преземеме таа одговорност. Затоа, по разговорите со Советот на издавачи, одлучивме дека Холандија нема да учествува на Евросонг во 2027 година“, додаде тој. Иако нема да испратат свој претставник, Холандија сепак ќе го емитува Евровизискиот натпревар. Како и досега, NOS ќе биде задолжена за телевизиското емитување.Тагови: Евросонг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДизелот од Русија плови кон Америка- три танкери веќе се во океанот, четвртиот се подготвува Руските компании се подготвуваат да испратат четврти танкер со дизел гориво од Русија во САД, кој треба да исплови на 28 октомври, изјави денес рускиот вицепремиер Александар Новак.„Во моментов, три брода се на пат кон САД. Очекуваме четвртиот танкер да исплови на 28 октомври“, изјави Новак за новинарите на маргините на 28-от министерски состанок на Форумот на земјите извознички на гас (GECF), објави Интерфакс. Тој истакна дека општите договори меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп се спроведуваат и покрај притисокот од демократите во врска со овие договори. „Ставот на демократите, кои зборуваат или дури дејствуваат спротивно на интересите на народот на САД, е изненадувачки“, рече Новак. Демократските сенатори и членовите на Претставничкиот дом на САД претходно испратија писма до поединечни банки и морски пристаништа, барајќи од нив да ја зачуваат документацијата за трансакциите со Русија поради евентуална истрага за договорот за снабдување со дизел од Русија. Во писмата се наведува дека договорот за снабдување со дизел од Русија може да претставува ризик за националната безбедност на САД.Тагови: Дизел Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter