3Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
ЗдравјеНедостиг на лекот „креон“ наменет за лицата со цистична фиброзаНедостиг на лекот „креон“ наменет за лицата со цистична фиброза, од МЗ велат ќе го има од понеделник. Покрај недостигот од „трикафта“ за лицата со цистична фиброза, веќе неколку месеци пациентите се оставени и без лекот „креон“ кој помага полесно да се апсорбира храната во телото. МИА контактираше неколку аптеки кои потврдија дека лекот го нема веќе подолго време, а стапи во контакт и со увозникот на лекот, од каде информираа дека лекот го нема од јуни и дека не знаат кога ќе стигне. МИА побара став и од Министерството за здравство. Оттаму соопштија дека веќе од понеделник лекот ќе биде достапен во аптеките. - Согласно информацијата од дистрибутерот на лекот „креон 25.000“, во тек е дистрибуцијата во аптеките и веќе од понеделник ќе биде достапен за сите пациенти. Станува збор за лек од биолошко потекло, кој е во ограничено производство на светско ниво и оттука се појави краткотраен дефицит со увозот на овој лек, кој е веќе надминат, се наведува во писмениот одговор од Министерството за здравство. Претседателката на Асоцијацијата за цистична фиброза, Ивана Атанасоска потврди за МИА дека пациенти се жалат на недостиг од овие капсули. Бидејќи нема „креон 25.000“, односно лек наменет за возрасни, тие се принудени да земаат од лекот наменет за деца, „креон 10.000“. - Панкреасните ензими неколку месеци ги нема или на месечно ниво пациентите наоѓаат само по една до три кутии, а во зависност од внесувањето на храна, лица земаат до седум кутии во еден месец, вели Атанасоска. Пациентите со цистична фиброза велат дека со примањето на „трикафта“ се враќа здивот, полесно се дише, но дека доколку не се земе „креон“, храната не се апсорбира во телото. - Ставаш нешто во уста, џвакаш, но, не чувствуваш како да јадеш. Но, тоа не е најголемиот проблем. Имаш болки во стомакот, грчеви, а храната си останува несварена и тоа носи еден куп други проблеми, вели пациент со цистична фиброза, кога го прашавме што ќе се случи, доколку не се земе „креон“ пред оброк, појаснуваат пациентите со цистична фиброза. Александар Стамболиски, пациент со цистична фиброза, за МИА вели дека проблемот трае изминатите три месеци. - Сѐ уште немаме никаква информација ниту од Министерството за здравство, ниту од добавувачот, кога би се решил тој проблем и кога повторно би почнале да го набавуваме без проблем од аптеките. „Креонот“ ни е навистина потребен, бидејќи без него не можеме да имаме ниту еден оброк, затоа што тој ни помага во варењето на храната и го консумираме пред секој оброк, нагласува Стамболиски. Како 26-годишен пациент, тој ги плаќа сите потребни лекарства од сопствениот џеб, иако Асоцијацијата бара начин да го тргне овој товар од грбот на пациентите. Во Собранието во јуни не помина предлогот за ослободување од партиципација од медицински услуги и лекови на пациенти со цистична фиброза над 26 години. Подоцна, тие биле информирани оти се ослободени од партиципација уште во 2019 година. Но, очигледно тоа стои само на хартија, бидејќи искуството на оние со кои разговаравме, го потврдува спротивното. Што се однесува до трошоците на месечно ниво, Стамболиски вели дека тие изнесуваат од 6.000 до 7.000 денари. - Но, овие трошоци знаат да бидат и многу поголеми во зависност од здравствената состојба на пациентот и компликациите што тој ги има, бидејќи цистичната фиброза е мултикомплексна болест и со тек на годините таа сѐ повеќе прогресира и развива други здравствени компликации, појаснува Стамболиски. Вели дека сѐ уште не прима трикафта, лек кој во моментот го примаат само 12 пациенти. - Во моментот, лекот одговара на околу 80 пациенти, а ние добивме ветување од министерот за здравство дека лекот ќе се набави за уште околу 30 пациенти до крајот на годината, што е долг период. Како пациенти со цистична фиброза бараме системско решение со кое ќе се набави трикафта, кафтрио, за сите пациенти. Единствен услов за тоа да биде пациентот да има цистична фиброза, бидејќи сите пациенти сме приоритетни, вели Стамболиски за МИА. И Атанасоска нагласува дека Асоцијацијата бара „трикафта“ да добијат сите на кои им е потребен овој лек. - Во Европа се дава на пациенти од над шест години, а во Америка границата ја симнаа од над две години. Кај нас, за жал, направија да биде над 12 години и сѐ она што зборувавме и се залагавме дека најважно е да биде како превентива за малите деца да не дојдат до потешка клиничка слика, е игнорирано. Сѐ уште немаме официјални информации кога другите пациенти би почнале со примање на „трикафта“. Немаме план за динамиката со што би одела набавката и исто така, стравуваме дали ќе продолжи, бидејќи се порачува за една година. Ние, 12 кои почнавме со „трикафта“, слушнавме дека нема да има за цела година, туку само до декември. Но, сѐ тоа се шпекулации, никој не нѐ информира директно, вели Атанасоска за МИА. [Лицата со цистична фиброза освен со болеста, водат војна и со стигматизацијата, имаат проблем со вработувањето, студирањето, социјализацијата. Сѐ би било поинаку, со обезбедувањето на неопход] Другиот претседател на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар за МИА посочува дека Асоцијацијата е подготвена да оди на протести, доколку не се решат нивните проблеми. Најавен нов модерен центар за лицата со цистична фиброза Министерот за здравство Фатмир Меџити деновиве на прес-конференција најави модерен центар за лицата со цистична фиброза, каде би имало посебни оддели за возрасни пациенти и за деца. Како што посочи тој, се обезбедуваат средства - еден дел ќе биде преку донации, а другиот дел ќе се обезбеди од буџетот. Пациентите го очекуваат новиот центар кој се надеваат дека ќе биде по европски стандарди за лекување. - Сите пациенти не одговараат за „трикафта“ според мутацијата и има пациенти на кои и понатаму често ќе им требаат хоспитализации. Во моментов, возрасните се на Клиниката за пулмологија, каде има само една соба на располагање и таа е за еден пациент. И двајца може да примаат терапија во текот на денот, доколку се од Скопје да доаѓаат двапати на ден. Тоа е голем проблем со оглед на влошувањата што можат да им се случат на пациентите, а да нема можност да се хоспитализираат соодветно, посочува Атанасоска. Таа информира дека со помош на спонзори се реновира и одделот за цистична фиброза на Детската клиника и пред да биде готов, од Министерството за здравство излегле со информација дека во Козле ќе ги префрлат и децата и возрасните. - За да исполнува услови оддел за цистична фиброза, мора да е терцијарна здравствена установа, да има тим од различни области. Тоа, во моментов, не е исполнето. Најважно е тоа што мора да се донесе решение што нема да се менува на неколку месеци како досега затоа што, една третина од животот, пациентите поминуваат во болница и се приврзуваат и со доктори и со сестри. Кога се води состојбата, треба да се води во континуитет, а не да се менува, порачува Атанасоска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНова афера во ФИФА: Во игра се милијарди долари, домашна помошничка и врските со Трамп Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е под истрага на Службата за внатрешни приходи на САД (IRS) поради сомнение дека нелегално вработил домаќинка во неговата вила во Мајами, платена од фудбалската организација. Според британските медиуми, Инфантино наводно користел врски во администрацијата на Доналд Трамп за да ја обезбеди својата работна дозвола пред Светското првенство во 2026 година. Доколку обвинувањата се покажат како точни, ФИФА би можела да го изгуби својот привилегиран статус како непрофитна организација во САД и да плати неколку милијарди долари даноци. Што се случува? Инфантино престојувал во вилата во Мајами од јуни 2025 до 2026 година пред турнирот што се одржува во Соединетите Американски Држави. Се сомнева дека тој вработил триесетгодишна асистентка која била на платниот список на ФИФА за лични потреби во тој дом. Се вели дека таа добивала плата од светската фудбалска организација, но работела исклучиво во домот на Инфантино за него и неговата партнерка, Лина. Портпаролот на ФИФА ги негираше обвинувањата. „Прашањата за личниот и приватниот живот на претседателот на ФИФА се негова приватна работа. Сепак, за да се избегне каква било двосмисленост, трошоците за домашниот персонал ги сноси лично претседателот на ФИФА“, рече тој. Сепак, британскиот „Телеграф“ се повикува на интерно писмо од јануари 2026 година и наведува дека подружницата „Фифа (Америкас) Инк.“ ѝ исплатила на асистентката целосна плата од 1 август 2024 година до 31 октомври 2025 година. Овој договорен однос сега ќе биде детално истражен од американските даночни власти. Поврзаност со администрацијата на Трамп Асистентката, државјанка на Никарагва, пристигнала во САД со работна дозвола како дел од програмата за бегалци, но ѝ се заканувала со депортација откако администрацијата на Трамп ги заостри правилата за имиграција во 2025 година. Според англиските медиуми, Инфантино продолжил да ја вработува во вилата речиси една година без регулиран статус. Во исто време, тој барал начини да стигне до кругот на Трамп преку соработници за да ѝ ги обезбеди потребните документи. Карлос Кордеиро, десна рака на Инфантино во САД и член на работната група за Светското првенство во 2026 година, наводно бил задолжен за директен контакт со администрацијата. По неговата интервенција, никарагванската жена добила дозвола за легална работа во јануари 2026 година. Можни финансиски последици Тужбата против Инфантино ја поднесе Абед Ајуб, адвокат специјализиран за имиграциско право. Ајуб предупредува дека докажувањето на вината може да ја чини ФИФА нејзиниот статус на непрофитна организација во САД. Губењето на овој привилегиран статус би имало сериозни финансиски последици. Наместо целосно ослободување од данок, ФИФА би морала да плати 21 процент корпоративен данок во САД за приближно 15 милијарди долари што се очекуваат од Светското првенство. Таквиот финансиски удар значително би ги намалил средствата доделени на 211-те национални асоцијации членки на ФИФА. Исто така, се поставува прашањето дали скандалот ќе го загрози реизборот на Инфантино на претседателските избори во март 2027 година, на кои тој се сметаше за фаворит.Тагови: Доналд Трамп ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСе урна воен хеликоптер во Турција- нема информации за жртвиВоен хеликоптер С-70 се урна и се запали во турскиот град Малатја, објавија локалните медиуми.Според Ројтерс, откако се слушнал силен тресок во близина на контејнерската населба Саманкој, воениот хеликоптер се урнал и се запалил. На местото на настанот во источна Турција пристигнале пожарникари, медицински служби и екипи за пребарување и спасување, додека полицијата презела безбедносни мерки во поширокото подрачје. Сè уште нема прецизни информации за бројот на лица во воениот хеликоптер, ниту за нивната здравствена состојба.Тагови: турција хеликоптер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДвајца загинати, меѓу кои и напаѓачот во пукотницата во близина на Белата куќа (ВИДЕО)Едно лице е убиено, а четворица други се повредени во пукотница на повеќе локации во населбата Логан Серкл во Вашингтон, на околу една милја од Белата куќа. Осомничениот напаѓач, исто така, почина откако се забарикадирал во стан на седмиот кат од зграда над теретаната Вида Фитнес, објави NBC Washington. Смртта на осомничениот беше потврдена за NBC News од два извори на федералните органи за спроведување на законот и еден полициски службеник. Вршителот на должноста шеф на полицијата Џефри В. Керол претходно на прес-конференција изјави дека стрелецот бил пронајден со прострелна рана во станот каде што се забарикадирал. Според него, стрелецот се чини дека се застрелал во себе. Полицијата влегла во станот откако слушнала истрел Полициските преговарачи претходно стапиле во контакт со осомничениот. Откако слушнале истрел од станот, полицајците ја отвориле вратата насилно и влегле, каде што го пронашле ранет. BREAKING: Washington DC shooting suspect has died, Sky's US news partner NBC News reports The news breaks as former SWAT Operator and detective joins @JayneSeckerSky on air. https://t.co/mU12og4Vv2 https://t.co/8k63jtnRtc — Sky News (@SkyNews) November 12, 2026 Полицијата, исто така, потврди нови информации за жртвите од пукотницата. Вкупно пет лица биле застрелани, од кои едно починало на местото на настанот. Останатите четири се однесени во болница. Едно лице е во критична состојба, додека другите тројца имаат повреди кои не се опасни по живот. Пукањето се случило на раскрсницата на 15-та улица и улицата П во северозападен Вашингтон. Сè уште не е јасно дали жртвите биле застрелани внатре или надвор од зградата. Идентитетот на стрелецот не е објавен. Сведок: „Слушнавме многу гласни истрели“ Оскар Васкез, менаџер на блискиот центар „Повикај ја мајка ти“, рече дека првпат го слушнал противпожарниот аларм во зградата. Минута до два откако сите го напуштиле местото, ги слушнале истрелите. „Слушнавме многу гласни, силни истрели. Не звучеа како истрели“, рече Васкез. „Видовме луѓе како трчаат кон нас. Целиот тим се врати внатре и се обиде да извлече што е можно повеќе луѓе од улицата. После тоа, ги заклучивме сите врати. Полицајците ни рекоа да не пуштаме никого внатре и се држевме подалеку од прозорците“, рече тој. Вида Фитнес се наоѓа на источната страна од 15-та улица, додека „Повикај ја мајка ти“ се наоѓа на северната страна од улицата П, веднаш зад аголот, во истиот блок. DC SHOOTING SUSPECT SHOOTS HIMSELF A gunman wanted over a shooting in Washington DC turned his weapon on himself after a standoff with police. Officers found the suspect with a self-inflicted gunshot wound once negotiations that stretched beyond an hour had come to an end. #WashingtonDC #DCShooting #BreakingNews #PoliceStandoff #USNews #Shooting https://t.co/zSEKZmg8Zh — Diganta Guha (@diganta_guha) November 12, 2026 Полицијата ги блокираше околните улици Полициската управа на Вашингтон претходно издаде итно предупредување до жителите да ја избегнуваат областа околу 15-та улица и улицата П. Спроведувањето на законот ги блокираше околните улици, а издадена е наредба за засолнување на местото за блокот 1500 на 15-та улица. Полицајци во тактичка опрема и бројни служби за итни случаи пристигнаа на местото на настанот. Агенти од федералното биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF) исто така беа вклучени во операцијата, помагајќи ѝ на локалната полиција. 13 училишта во готовност 13 училишта во близина на местото на пукањето беа ставени во готовност, потврди портпаролот на јавните училишта во Вашингтон (DCPS). Ова значеше дека никој не можеше да влезе или да излезе од училишните згради, додека часовите и другите активности во училиштата се одвиваа нормално. Рајан Дубики, жител на блиската зграда, рече дека околу 8 часот наутро по локално време, слушнал приближно пет гласни тресоци од неговиот стан. „Беа доста распоредени, па помислив дека станува збор за градежни работи“, рече тој. Набргу потоа, како што раскажа тој, „полицијата беше насекаде“. Управата на неговата зграда потоа испрати предупредување до станарите за можен активен напаѓач.Тагови: Белата куќа напаѓачот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook