Недостаток на дел од биолошката терапија на Клиниката за онкологија, се очекува следните денови

На Клиниката за онкологија и радиотерапија повторно недостига дел од биолошката терапија.. 

Вештачењата од Србија покажале дека пациенти од клиниката за онкологија не биле соодветно лекувани. Вештачењата биле по барање на обвинителството, изјави денеска од Јавното обвинителство на брифинг со новинари. Од јавното обвинителство испратиле 16 истории во Србија со што то вештачење е изготвено и доставено до обивнителството. Другото вештачење по однос на 51 историја се уште се чека и извештајот ќе биде до крај на Јануари.

„Нашите сомнежи за несоодветно лекување се потврдени. А се сомневаме, дека на некои пациенти не им била дадена терапија иако им била препишувана. Но, за ова да почекаме да заврши истрагата“.

Државната ревизија, излегоа со наоди за нелегална препродажба на лекови и несоодветна грижа на пациенти на Клиниката за онкологија. Пропусти при набавка на биолошка терапија, лошо планирање на системот за приклучиување на пациенти на терапијата, набавка на лекови на реверс без формирана цена, пречекопрување на Буџетот за над 10 милиони евра и ненаплатени долгови од речиси 3,5 милиони евра. Ова беа дел од наодите на државните ревизори за работењето на Клиниката за онкологија во 2021 година. Основното јавно обвинителство на 2 септември 2023 отвори предистражната постапка за Клиниката за онкологија поради доцнење на терпаија кај пациентите и исто така дека вработени продавале онколошка терапија.

ПОЦ: За една недела во Општина Центар „пајакот“ отстранил 132 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 13.01. до 19.01.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 132 непрописно паркирани возила.

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 13.01. до 19.01.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар денеска апелираа до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

На автопатот Демир Капија - Неготино пронајдени шест мигранти

Mигрантите се сместени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На автопатот Демир Капија - Неготино синоќа околу 20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Е.Ф.(19) од Радовиш, затоа што во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти, три од Непал и три од Индија.

- Претходно, на наплатна станица Демир Капија, тој не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници и продолжил со движење кон Гевгелија, при што влегол во тунел каде се изведувале градежни работи и со возилото удрил во работна машина, соопштија денеска од МВР.

Mигрантите се сместени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Нејмар го напушта Ал-Хилал, се враќа во родниот Сантош

 Бразилската ѕвезда Нејмар ја заврши својата авантура во Саудиска Арабија. Од него се очекуваше многу, но никогаш не успеа да го покаже потенцијалот во Ал-Хилал, а паралелно со тоа проблеми му правеа и многу повреди.

Нејмар ја напушта арапската земја за да се врати во Бразил. Според последните информации, постигнат е договор и Нејмар ќе се врати во Сантос на позајмица во следните 6 месеци. Разбирањето е веќе факт и ќе биде официјализирано во следните неколку дена.

Во неделата, претседателот на Сантос, Марсело Тешеира и директорот Педро Мартинс се сретнаа со претставниците на Нејмар и преговараа за платата на играчот.

притисни ентер