Недоградената црква на ул. „Македонија“ оди под стечај!? - Канал 5

Недоградената црква на ул. „Македонија“ оди под стечај!?

Долг од еден милион и 100 илјади евра, ја носи црквата Свети Константин и Елена кон стечај.

Недоградената црква на ул. „Македонија“ оди под стечај!?

За првпат во историјата на државата е покрената ваква постапка за верски објект и покрај тоа што изградбата се уште не е завршена. Фирмата Бетон која е изведувач, бара наплата на високата сума од фондацијата Св. Цар Константин која беше основана за собирање на донациите. Процедурата е започната – имотот и сметките се замрзани, а веќе е закажано и првото судско рочиште на 11ти ноември.

- Основ за поведувањето на постапката е неспособност за плаќање – неликвидност на должникот Фондација Св. Цар Константин Скопје. Долгот на должникот спрема доверителот предлагач е од нотарски платен налог кој е правосилен и е во фаза на извршување, а износот на долгот е 67.570.171 денари – велат од Основниот суд Скопје 2 во одговор за порталот ИРЛ.

Земјиштето од 2200 квадратни метри влезе во ДУП-от на Општина Центар, го купи МПЦ од државата во 2012 година за само 1100 евра, а за изградбата на црквата во фондацијата се слеваа илјадници евра од бројни познати бизнисмени и политичари. Прв донатор беше од касата на МПЦ, а во првите три години тогаш владејчката ВМРО ДПМНЕ организираше донаторски конференции, и учесниците на хартија ја пишуваа сумата со која ќе помогнат во изградбата на храмот. Осум години по поставување на темелите, надворешниот дел на црквата во строгиот центар на Скопје е завршен, а за моменталната состојба за внатрешноста и фрескописот – информации нема.

Земјиштето околу црквата е оградено, а градежните активности се прекинати со самата стечајна постапка. И покрај најавите од Македонската православна црква дека до крајот на годинава ќе заврши целата изградба, вратите на храмот остануваат затворени.

Канал 5 се обиде да добие повеќе информации и од скопската епархија и од Фондацијата како црквата стигна до оваа состојба, но оние кои одговорија на повиците детали не открија.

Инаку, црквата Св. Константин и Елена беше повод и за протести во главниот град. Се организираа и протести и контрапротести, за кои се води и судски процес наречен Шамари во Центар кој го отвори сега згаснатото СЈО, а во кој неправосилно е осуден на година ипол поранешниот премиер Никола Груевски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар ред

Од информациите пристигнати досега до Државната изборна комисија, од вкупно 88 болни или немоќни лица, своето право на глас го оствариле 85.

ДИК: Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и  се одвива во најдобар ред

Од вкупно 9 лица кои се запишани во Избирачкиот список а се на издржување на казна затвор или притвор, досега гласале 7 гласачи. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Северна Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар ред, без евентуални проблеми или потешкотии во остварување на избирачкото право или одвивање на изборниот процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марко Џорлев го освои светскиот врв – злато за Македонија на СП во Полска

Македонскиот карате репрезентативец во кадетска конкуренција Марко Џорлев го освои златниот медал на Светското првенство во Полска, триумфирајќи во финалето со 4-1 против унгарецот Адам Баги.

Марко Џорлев го освои светскиот врв – злато за Македонија на СП во Полска

Македонското карате доби нов светски шампион! Марко Џорлев се искачи на највисокото место на пиедесталот на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21, кое се одржува во Бјелско-Бјала, Полска, откако во финалната борба во кадетската конкуренција до 63 килограми го совлада Адам Баги од Унгарија со 4-1.

Со сигурен настап, одлична тактичка подготвеност и контрола врз финалната борба, Џорлев го потврди својот квалитет и го заокружи настапот на светскиот шампионат на најдобар можен начин. Овој резултат претставува исклучително достигнување за младиот македонски репрезентативец и значаен успех за македонското карате на меѓународната сцена.

Пет победи до светскиот врв

Патот до светската титула беше исполнет со одлични настапи. Џорлев забележа пет победи, совладувајќи ги сите противници со убедливи резултати.

Во почетните фази од натпреварувањето, македонскиот каратист беше поуспешен од Алехандро Перез од Куба со 10-6, Хозе Андрес Гарсија од Гвајана со 6-1 и Леонс Акоповс од Латвија со 6-0.

Во полуфиналето следуваше уште една доминантна изведба, во која Џорлев го совлада Јан Мата од Панама со 8-0, обезбедувајќи пласман во големото финале. Таму, со победата од 4-1 над унгарскиот претставник Адам Баги, македонскиот репрезентативец го потврди својот статус на најдобар во светот во својата возрасна и тежинска категорија.

Резултати на Марко Џорлев – кадети, -63 кг:

Марко Џорлев – Алехандро Перез (Куба) 10-6

Марко Џорлев – Хозе Андрес Гарсија (Гвајана) 6-1

Марко Џорлев – Леонс Акоповс (Латвија) 6-0

Полуфинале: Марко Џорлев – Јан Мата (Панама) 8-0

Финале: Марко Џорлев – Адам Баги (Унгарија) 4-1

Успех зад кој стојат континуитет и квалитетна подготовка

Светската титула е продолжение на одличната натпреварувачка година за Џорлев. Тој претходно го освои златниот медал на натпревар од Светската младинска лига на Светската карате федерација (WKF) во Пореч, а на Европското првенство го освои петтото место. Неговите резултати го позиционираа и на врвот на светската ранг-листа во неговата категорија.

Зад овој успех стојат посветената работа, натпреварувачкиот напредок и искуството стекнато на меѓународните турнири. Со триумфот во Полска, Џорлев направи уште еден голем чекор во својата спортска кариера и испрати силна порака за потенцијалот на младата македонска карате-генерација.

Важна улога на ова светско првенство одигра и неговиот селектор Дејан Ристески

Посебно значајна улога во настапот на македонскиот репрезентативец има селекторот во борби за кадети Дејан Ристески, кој ја предводеше македонската кадетска репрезентација во борби на ова светско првенство и го следеше Џорлев во овој важен натпреварувачки предизвик.

Настапот на најголемата светска младинска сцена бара не само физичка и техничка подготвеност, туку и тактичка зрелост, концентрација и правилен пристап кон секоја борба. Освојувањето на златниот медал е големо признание за самиот натпреварувач, но и значаен момент за стручниот тим што ја подготвува и ја води македонската репрезентација на меѓународните натпреварувања.

Успехот на Џорлев претставува силен поттик за сите македонски каратисти кои настапуваат на шампионатот и потврда дека македонските спортисти можат да се борат за највисоките одличја и во најсилната светска конкуренција.

Македонската репрезентација продолжува со настапите

Светското првенство во Бјелско-Бјала собра 2.022 каратисти, со вкупно 1.970 натпреварувачки влезови, од 114 држави, што дополнително ја нагласува тежината на постигнатиот резултат.

Македонските репрезентативци продолжуваат со своите настапи, а вниманието е насочено и кон Реџеп Рушити, кој во конкуренцијата до 21 година, во категоријата до 84 килограми, ќе се бори за бронзениот медал.

Златото на Марко Џорлев е голем ден за македонското карате и потврда дека со посветена работа, квалитетна подготовка и вистински натпреварувачки пристап може да се стигне до светскиот врв.

Честитки до Марко Џорлев за историскиот успех, до селекторот Дејан Ристески и до сите членови на македонската репрезентација кои ја претставуваат државата на ова големо натпреварување.

Огромен придонес во развојот и подготовката на Џорлев секако имаат и неговите клупски тренери Сашко и Жарко Арсовски, кои со својата долгогодишна работа придонесуваат за напредокот на младите каратисти и за постигнувањето значајни резултати на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциски контроли на возачи на електрични тротинети – 871 прекршок констатиран во септември

При спроведените контроли констатирани се вкупно 871 прекршок, од кои најголем дел, односно 377, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).

Акциски контроли на возачи на електрични тротинети – 871 прекршок констатиран во септември

Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на лесни електрични возила (електрични тротинети).

При спроведените контроли констатирани се вкупно 871 прекршок, од кои најголем дел, односно 377, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).

Најголем број на прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Битола - 290 прекршоци, потоа Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирала 167 прекршоци, СВР Охрид 125 прекршоци, СВР Струмица 113, додека другите прекршоци се констатирани на подрачјето на другите сектори за внатрешни работи.

Во рамки на контролите евидентирани се и осум случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Исто така, во текот на контролите одземени се 17 електрични тротинети.

Дополнително, констатирани се и 5.362 прекршоци што ги направиле други учесници во сообраќајот.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на лесни електрични возила задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да се движат на површините предвидени за нивно безбедно учество во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер