3Знамето на прославата „Силно светнал ден“ по повод 35 години независна Македонија причина за партиски реакции
Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките
1Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките
КултураНеделно попладне со бразилска џез музика на Широк сокак во БитолаПред споменикот на народниот херој „Стив Наумиов“ настапи бразилскиот џез гитарист Адриано Триндад.Битолчани се познати љубителни на сонце и добро кафе.Ова неделно попладне и музички додаток. Имено во организација на КИЦ - Битола со поддршка на „Аеро кафе“ денеска на Широк сокак пред споменикот на народниот херој „Стив Наумиов“ настапи бразилскиот џез гитарист Адриано Триндад. Бразилскиот музичар Адријано Триндад свири Џез/Бразил (од Бразил). Поминувајќи низ неколку земји, вклучувајќи ги Холандија, Белгија, Франција, Шпанија, Италија, Ирска, Шкотска, Швајцарија, Уругвај, Англија, Нов Зеланд, Данска, Германија, Чешка, Шведска, Норвешка, Австрија и секако Македонија, може да се каже дека Адријано е граѓанин на светот. Сметан за претходник на самба-рокот во Нов Зеланд и Европа, каде што живееше од 2007 година, Адријано Триндад отсекогаш бил пред самба џезот и самба-рок движењето што ги зафати Лондон и Париз неколку години, каде што се одржуваа ревиите на познатиот џез клуб Фавела Шик и Рони Скотс, позната игротека ширум светот. Адријано Триндад има направено емисии во 54 земји, генерално резиме. Почетокот беше со победничка сезона 1 година, свирење на најголемите фестивали во Океанија (Jambalaya Festival и Axe Weekend) и помина низ неколку градови во Нов Зеланд. Адријано учествуваше на големи фестивали во Европа како фестивал во Глазгов, Прашки џез фестивал, Love Box (Лондон), фестивал во Мон Блан, фестивал во Минхен, Бразилски фестивал и фестивал на Ројал Алберт Хол, Џез фестивал Прага, фестивал во Брно, и свиреше во куќи како Рони Scotts Jazz Dock, Reduta Jazz, Full Jazz, North Sea Jazz (Амстердам), Rio Scenarium (Бразил), U Jazz Club, Dr. Gabs, Favela Chic, Florianopolis, Hot Club de Lyon, Monument Jazz (Сараево), Jazz Dock, Редута џез (Прага) Мостар џез фестивал (Босна), Џез Скопје (Македонија), Северно Море Џез (Амстердам), Б Флет (Берлин), 38 Рив (Париз), меѓу другите. Во Италија Адријано направи прекрасно партнерство со италијанската пејачка Лиза Мароне, снимајќи заедно работа во која се меша џезот со боса нова. Исто така издадени 2 албуми, SOTAQUE BRASIL и LADO B, и двата од италијанскиот лејбл GB Music, со седиште во Рим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПравни дилеми околу решението на Уставен суд кој пријави судија за непочитување на судска одлука По летните одмори Судскиот совет се очекува да расправа за решението на Уставниот суд кој ги извести дека судија од Основниот граѓански суд Скопје не ја почитувал нивната одлукаПо летните одмори Судскиот совет се очекува да расправа за решението на Уставниот суд, кој ги извести дека судија од Основниот граѓански суд Скопје не ја почитувал нивната одлука која наложила повторување на постапката за предметот на новинарката Наташа Стојановска. Уставниот суд го достави ова решение „за понатамошно постапување„ до Судскиот совет и Јавното обвинителство, притоа напоменувајќи дека конечноста и извршноста на одлуките на Уставниот суд се заштитени и со кривично-правни санкции. Но во меѓувреме во јавноста, правната фела ја отвори дилемата дали со овој случај, Уставниот суд ги пречекорил неговите надлежности и дали се работи за потенцијален притисок врз судската независност и автономија. Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска која е и член на Судскиот совет, со објава на социјалните мрежи, вели дека овој случај може да воспостави потенцијално загрижувачки преседан. -Испраќањето одлука на Уставниот суд до Судскиот совет "за понатамошно постапување", во која толкување на процесен закон од страна на редовен судија, во сè уште незавршена постапка, се квалификува како "неизвршување на одлука на Уставен суд", со имплицирање на кривична одговорност, според мое лично мислење, отвора сериозни прашања за границите меѓу уставната контрола и судската независност. Би рекла дека допира и прашања на можен институционален притисок,- -Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат и член на Судски совет. Адвокатот Давидовиќ смета дека Уставниот суд во конкретниот случај прави опасен чекор кон пречекорување на како што вели неговите уставни надлежности и отворено се обидува да се наметне над редовното судство, преземајќи улога на над-судски орган ..адвокатот Владимир Туфегџиќ посочува дека за вакви случаи потребни се едукации на судиите преку што би се воедначила судската пракса. -Анализирано низ строго формално-правна димензија) , Уставниот суд со овој потег прави опасен чекор кон пречекорување на своите уставни надлежности и отворено се обидува да се наметне над редовното судство, преземајќи улога на над-судски орган кој дели директиви и се заканува со кривични пријави за правни сфаќања донесени во законски предвидена судска постапка,- -Звонко Давидовиќ. -Очекував во најмала рака Уставниот суд токму поради овој предмет и одлука, наместо барање кривична одговорност на судија, да укаже за потребата судовите и Академијата за судии и јавни обвинители да спроведат обука и едукација на судиите, - - Владимир Туфеѓџиќ, адвокат. Од друга страна Универзитетскиот професор Јове Кекеновски оценува дека решението на судот не треба да се толкува како одбрана на уставниот суд како институција, туку во случајот се брани Уставот, хиерархијата на правниот поредок и владеењето на правото. -Ако Уставот определил дека одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, тогаш тие не можат да бидат сведени на правни мислења што другите институции ќе ги почитуваат само доколку се согласуваат со нив,- - Јове Кекеновски, професор. Како што претходно појасни претседателот на Уставниот суд – Дарко Костадиновски, судот за прв пат го активирал механизмот за заштита на сопствените одлуки откако судијата од Основниот граѓански суд Скопје, повикувајќи се на Законот за парнична постапка, навел дека одлука на Уставниот суд не може да биде основ за повторување на постапката како нов факт или доказ. Според Костадиновски, со непочитување на одлуките на Уставниот суд, како што изјави, се губи смислата на постоењето на уставното судство. Во конкретниот случај се работи за предметот на новинарката Наташа Стојановска, по кој Уставниот суд утврди повреда на слободата на јавно изразување, а се однесува на настаните во Собранието од 27 април. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18
МакедонијаПоминаа 25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила, каде загинаа осум македонски бранителиЗвукот на химната, длабок поклон пред споменикот. Иако помина четврт век времето не ја брише болката и спомените за осумтемина македонски бранители кои трагично загинаа кај Љуботенски Бачила.Недалеку од местото каде што згаснаа нивните животи, во селото Љубанци, пред споменикот подигнат во нивна чест, свежо цвеќе положија семејствата на загинатите, граѓани и бројни државни делегации. Поминаа 25 години, но за оние што ги испратија и никогаш не ги дочекаа да се вратат дома, болката останува иста. Благица Златевска, мајка на Ивица Златевски, најмладиот меѓу осумтемина загинати, кобното утро го чекала синот да се врати дома, но наместо него пристигнала најстрашната вест. – Што буди оваа годишнина? Буди сè кај родителите, најмногу болка. Татко му почина, еве веќе 17 години, од болка по синот. Син ми го нема 25 години, а јас останав, како мајка, да се борам и да му оддавам почит. Толку можам. Ми се тресе душата кога зборувам за ова – вели изјави - Благица Златевска, мајка на Ивица Златевски, резервист на АРМ. Претседателот на Одборот на бранителите, Марин Најдов, во своето обраќање истакна дека кобниот ден никогаш нема да го заборави и дека сè уште ги памети раскажувањата на преживеаните за моментите по експлозијата. И по две и пол децении, вели, местото на трагедијата кај Љуботенски Бачила останува нем сведок на еден од најтешките настани од конфликтот во 2001 година. – Јас бев командант на Попова Шапка и ги следев сите случувања. Како што се случи и на Карпалак, одлично се сеќавам на бранителите од Прилеп, кои беа на позиции на Попова Шапка, и на нивната реакција за Љуботен. Војна е, се гине. Меѓутоа, мора да се води сметка за луѓето кои навистина се грижат за бранителите. Тоа се самите бранители, кои знаат што значи сето ова, како и родителите и роднините на бранителите. За чувството не треба ниту да се зборува – тоа се знае и не може да се избрише од потсвеста – раскажа Најдов. Најдов посочи дека заложбите на власта за подобрување на статусот на македонските бранители се позитивни, но дека секогаш има простор да се направи повеќе, особено кога станува збор за семејствата и најблиските на загинатите бранители. „Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена“, наведе премиерот Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук по повод 25-годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Љуботенски Бачила. Мицкоски порача дека и по четврт век Македонија со почит се сеќава на осумтемина бранители кои на 10 август 2001 година ги загубија животите. Почит кон загинатите одадода делегација од кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова,како и владина делегација предводена од вицепремиерот Николоски и претставници на здруженија на бранители. На 10 август 2001 година, при активирање мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18
МакедонијаЗнамето на прославата „Силно светнал ден“ по повод 35 години независна Македонија причина за партиски реакцииСо музика, театар и поезија, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид започна „Силно светнал ден“, манифестација посветена на 35-годишнината од независноста на Македонија..Драган Мијалковски, Игор Дурловски Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Андријана Јаневска и Миле Кузмановски се само дел од бројните звучни музички имиња кои настапија во музичко-сценскиот проект, во режија на Дејан Пројковски. Публиката слушна македонски поп-евергрини, народни песни и композиции од различни периоди на македонската музичка сцена. Се пееја и познати песни од Тоше Проески, а во чест на Владо Јаневски беше изведена „Црно тиквешко“. Но покрај разновидната уметничка програма, внимание во јавноста привлече и дел од сценографијата која се појави на видео бимовите, симбол кој на прв поглед наликува на македонското државно знаме, но наместо официјалните осум има дванаесет краци. 2:31.00Токму ова предизцика реакции од опозициската СДСМ. -За Мицкоски и ВМРО знамето е уметничка инсталација. Нова верзија со 12 краци. Ова е само уште еден доказ за нивната целосна неспособност.Сега нека излезат и да објаснат: Која компанија го направи знамето? Кој беше задолжен за визуелниот идентитет? Колку народни пари се потрошени? Кој ќе сноси одговорност за ова понижување на државниот симбол? – соопштија од СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ објаснујваат дека станувало збор за уметничка инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци. На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше. Настанот „Силно светнал ден“ по повод 35 години независност, е поздравен од сите граѓани и ја обедини државата, а само Филипче и тие неколкумина околу него пробуваат да го оцрнат проектот. – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. Караванот по Охрид утре продолжува во Битола, а на 12 август ќе пристигне и во Велес. Прославата на јубилејот ќе продолжи и со музички настани во главниот град. На 1 септември на Плоштад Македонија е најавен концерт на шпанскиот тенор Хозе Карерас, а на Денот на независноста, на 8-ми септември, на стадионот „Тоше Проески“ ќе настапи светски познатиот диџеј Дејвид Гета. Манифестацијата ќе заврши на 4 септември во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18