Неделно ќе се актуализира по еден загрижувачки случај на дете на разведени родители

„Иницијатива за заедничко родителство по развод“ и „Иницијативата 5 до 12“, со поддршка на Првата детска амбасада „Меѓаши“, денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Заедничкото барање на овие две иницијативи е државата, секогаш кога може, да ги задржи еднаквите родителски права на родителите по развод, а кога едниот родител не сака да го користи правото да биде со децата, да не може да ги избегне обврските.

Двете иницијативи одлучиле да соработуваат и почесто да ги актуализираат нивните проблеми откако им било кажано дека решенија можат да очекуваат 2019 година.
- По првпат политичка партија заедничкото родителство го стави во своја програма. Првпат имаме министер кој сака да го реши овој проблем. Сметавме дека решението ќе дојде брзо. Сепак, на крај на месецот јули, кога имавме состанок со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, бевме известени дека, иако Министерството сака брзо да најде решение, на него може да се надеваме во 2019 година затоа што има други реформи коишто треба да се направат, изјави Наум Рибарски од „Иницијативата за заедничко родителство“.

Тој информираше дека секоја недела ќе претставуваат по еден загрижувачки случај, за да покажат дека надлежните постапуваат спротивно на интересите на децата. Од оваа иницијатива ќе актуализираат случаи на деца од разведени родители, кои сега се возрасни лица, кои ќе сведочат како овој систем негативно влијаел врз нивниот развој.

- Министерката има одлична пракса секој петок да има средби со граѓаните. Ние планираме еднаш месечно по неколку случаи да ги изложуваме пред министерката и пред надлежните служби. Со надеж дека, наместо да добиваме одговор дека центрите за социјалана работа правилно постапиле оти ја следеле процедурата, тие случаи навистина да се отворат, истакна Рибарски.

Сузана Стојановска од „Иницијативата 5 до 12“ говореше за тешкотиите со кои се соочува родителот, кој по развод треба да се грижи за своето дете со посебни потреби.

- Нашите деца се маргинализирани, а родителите се принудени да бида социјални случаеви. Овие деца можат да придонесат за општеството само треба да им се даде шанса. Ние имаме барања за измени на неколку закони, вклучително и законот за семејство, со кој не се опфатени децата со посебни потреби. Родителите со деца со посебни потреби се соочуваат со голготи во здравствениот, образовниот и социјалниот систем. Овие деца бараат нега 24/7, 365 дена во годината и повлекуваат трошоци кои еднородителските семејства не можат да ги обезбедат, истакна Стојановска, која побара државата да им помогне финансиски на еднородителските семејства со деца со посебни потреби, и воопшто на семејствата кои имаат такви деца.

Драги Змијанац од „Меѓаши“ рече дека, Детската амбасада ги поддржува двете иницијативи не поради татковците и мајките, туку поради децата.
- Со поддршка на двете иницијативи им даваме надеж на децата дека тие не треба да бидат загрижени кога нивните родители се разведуваат и оти не го губат полниот родителски капацитет, рече Змијанац, кој потенцираше дека на децата им требаат двајцата родители и оти тие ги сакаат и мајката и таткото подеднакво.


ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи

ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче.

По објавениот документ од кој се гледа како Битиќи бара од компании да го поддржат затоа што им исплаќал државна помош тој требаше да се повлече од политиката.

Фактот што Битиќи не само што не се повлече, туку и не се извини, говори како СДС и ДУИ ја заробија државата и како 100тина функционери управуваат со државата како да е нивен личен имот.

ДКСК не смее да чека, да отвори случај и да се отвори постапка и пред другите институции.

Злоупотребите на институциите мора да запрат. По 8ми мај ќе се стави крај ма ваквите практики, а таквите како Битиќи ќе се соочат со одговорност.

Време е да ја вратиме државата на народот. Македонија повторно твоја,се наведува во партиското соопштение.

Пендаровски со порака по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака:

„Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество.

Квалитетните, професионални и независни новинари, коишто ја сфаќаат сериозноста и тежината на креирање на јавното мислење, можат да претставуваат силен глас на јавноста.

Затоа мора да продолжиме да вложуваме во воспоставувањето стандарди со кои медиумите ќе можат слободно и независно да работат и да се развиваат. Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето. Само така ќе имаме моќни и силни медиуми и новинари коишто ќе бидат објективни во известувањето и ќе ѝ служат на јавноста, а не на политичките елити и на изворите на финансирање.

На сите медиумски работници им го честитам Светскиот ден на слобода на медиумите.“, соопштуваат од неговиот кабинет.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер