СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
2СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
ЗдравјеНеделна дискусија во Лекарска комора: Косопад е честа појава во пост ковид периодотНастанот го модерираше претседателот на Лекарската комора проф. д-р Калина Гривчева Старделова која истакна дека иако овие настани не се дел од континуираната медицинска едукација, сепак се многу корисни.Различни промени на кожата, манифестирани како црвенило, осип, лезии или поинтензивно опаѓање на косата се дел од симптомите кои може да ги предизвика Ковид19 во акутната фаза на болеста или во подоцнежниот пост ковид период, елаборираше асс. д-р Ивана Дохчева Карајованов во рамките на неделната дискусија која ја организираше Лекарската комора. Настанот го модерираше претседателот на Лекарската комора проф. д-р Калина Гривчева Старделова која истакна дека иако овие настани не се дел од континуираната медицинска едукација, сепак се многу корисни и претставуваат извор на релевантни научни и стручни сознанија кои се апликативни во секојдневната лекарска пракса. „Документирање на кожните симптоми поврзани со Ковид 19 е важен дел од сложувалката во градењето на нашето разбирање за болеста. Симптомите на кожата може да имаат клучна улога во откривањето на инфекцијата кај луѓето кои инаку се асимптоматски со што би придонеле за спречување на понатамошна трансмисија", истакна асс. д-р Ивана Дохчева Карајованов. Кожните симптоми се последица на директна вирусна инфекција, која предизвикува васкулопатија, односно промени на крвните садови, кои може да се јават и како последица од имуниот одговор на домаќинот. Се смета дека овие промени може да бидат поврзани и со третманот. Во акутната фаза на Ковид19 инфекцијата, односно во текот на првите 28 дена од болеста, евидентирана е појава на различни видови на кожни промени. Најчесто се сретнува морбилиформен неспецифичен осип на задникот, долниот дел од стомакот и бутовите, при што две третини од пациентите се жалат и на чешање. Црвенила налик на смрзнатини со папули или меури, кои се јавуваат на прстите на стапалата или на рацете, проследени со болка, печење, понекогаш и чешање, почесто се сретнуваат кај деца и млади пациенти. И двете промени може да изгледаат драматично за пациентите, но сепак се јавуваат кај полесни форми на болеста и поминуваат без посебна медикаментозна терапија. Пациентите со средно-тешка клиничка слика на Ковид19 може да манифестираат уртикарија која чеша, осип што личи на сипаници или точкести дамки на задникот, бутовите и зад колената. Опаѓање на косата во пост-ковид периодот е најчестиот симптом кој ги вознемирува пациентите и кој влегува во групата на пет најчести долготрајни ефекти од Ковид19. На Универзитетската клиника за дерматологија во тек е посебна студија во која 104 пациенти кои биле отпуштени од болница во периодот помеѓу 1 ноември и 31 декември 2020 година се следени за појава на косопаст во период од три и шест месеци по отпуштање од болница. „Може да заклучиме дека косопастот е честа појава кај хоспитализираните пациенти со Ковид19 во фазата на заздравување на болеста, односно до три месеци по отпуштање од болница со овој проблем се соочиле 30 пациенти (28.8%) од оние кои се опфатени во студијата. Почесто се јавува кај жените отколку кај мажите, а просечно траење на проблемот е околу 3,5 месеци. Пациентите добиваат совети за третман и терапија за побрзо смирување на симтомите, кои може да се состојат во препарати за локален третман, суплементарна терапија, медицински шампони или маски за коса", објасни асс. д-р Дохчева Карајованов. Лекарска комора на Република МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДеветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти. Тагови: флорида Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филеВо понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - КисмиСостојки за денешниот рецепт: 1500 гр. свинско филе 1 кг. свежи печурки буковки 200 гр. путер 100 гр. сенф 150 гр. мед 500 мл. кисела павлака сол, бибер лук во прав италијанска (тајланска) мешавина Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општинаМицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка. Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина. Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ. Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ. Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт. Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем. Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза. Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда. Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско. Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook