Неделна дебата во Лекарска комора - Канал 5

Неделна дебата во Лекарска комора

Пациентите со автоимуни ревматски болести со голем ризик на компликации од ковид-19, подготвено упатство за нивно вакцинирање.

Неделна дебата во Лекарска комора

Пациентите со автоимуни и инфламаторни ревматски болести, како на глобално ниво, така и кај нас, доколку заболат од ковид-19 имаат повисок ризик да добијат потешки симптоми и да бидат хоспитализирани, споредено со општата популација. За полесно справување со ковид-19 важно е овие пациенти да имаат добра контрола на хроничната болест, но и да им биде достапна целокупната терапија која е потребна за нивно лекување, истакна д-р Љубинка Дамјановска Крстиќ од Клиниката за ревматолошки болести во неделната дебата која ја организира Лекарската комора на РМ, а која овој пат беше посветена на ковид-19 и автоимуните и инфламаторни ревматски болести. Во дебата учествуваше и д-р Мимоза Николовска Котевска, претседател на Македонската ревматолошка асоцијација (МААР), која го презентираше „Упатство за доктори: Препораки за антиковид вакцинација на пациентите со автоимуни и инфламаторни ревматски болести“, кој е исклучително корисна алатка за лекарите, но и за пациентите.

Различни студии покажуваат дека пациентите со ревматоиден артритис имаат поголем ризик за инфекција со SARS-CoV-2, но и за хоспитализација во одделенијата за интензивна нега, поставување на механичка вентилација и смртност.

„Пациентите со ревматоиден артритис имаат поголем ризик за инфекција во споредба со општата популација и тоа не само во однос на ковид-19, дури и пред појава на овој вирус тие имаа два до четирипати поголем ризик за хоспитализација при појава на инфекција. При многу мал скок на активноста на болеста од само 0,6 единици доведува до 25 процентно зголемување на ратата на инфекции за кои е потребна хоспитализација, што е навистина голем скок. Ризикот за сериозни инфекции прогресивно се зголемува во однос на активноста на болеста. Пациентите во ремисија имаат најмал ризик за сериозна инфекција и како одиме од ниска кон умерена и висока активност на болеста, така се зголемува и ризикот од сериозна форма на ковид -19. Оваа група пациенти треба редовно да доаѓаат на контроли, да се придржуваат до дадената терапија и редовно да комуницираат со својот матичен лекар, интернист и ревматолог за да не се дозволи да имаат повисока активност на болеста. “, изјави д-р Дамјановска-Крстиќ .

Дел од лековите кои ги примаат пациентите со ревматоиден артритис теоретски може да го зголемат ризикот за инфекција и потежок клинички тек кај ковид-19, но особено е важно пациентите да не одлучуваат самостојно да ја прекинат терапијата, туку задолжително да се консултираат со својот лекар како да тече третманот на хроничната болест во случај на ковид-19.

Пациентите со системски лупус, исто така имаат поголем ризик од инфекции поради тоа што примаат имуносупресивна терапија и имаат органско оштетување.

„Антималаричните лекови (плакенил) се многу важни за пациентите со системски лупус, а се најдовме во ситуација да има недостиг на лековите во светски рамки, поради што пациентите направија долги паузи во примањето на терапијата, што доведе до влошување на состојбата кај многу пациенти. Имав две пациентки со ЦНС лупус, едната од Виница со белодробна тромбемболија, која беше хоспитализирана во психијатриска болницата во „Демир Хисар“, па потоа на пулмологија, беше во многу тешка состојба, но за среќа успеавме да ја стабилизираме со помош на телемедицина. Другата пациентка од Ростуше, исто така беше во сериозна состојба со конвулзии и лупус нефритис, поради што моравме да даваме албумини во Здравствениот дом во Ростуше. Затоа, упатувам апел да се обезбедат што повеќе лекови, да бидат достапни за пациентите за да може да имаат соодветен третман на болеста“, објаснува Дамјановска-Крстиќ.

Кога е во прашање јувенилниот артритис, односно артритисот кај деца, направена студија покажува дека од почетокот на пандемијата е зголемен процентот на случаи кај кои настанала реактивација на болеста.

„Пред пандемијата, односно во 2018 и 2019 година, имало реактивација на артритисот во 17% од случаите, но во 2020 година оваа бројка пораснала на 33%. Тоа е така бидејќи многу често родителите од страв за своите деца им ја прекинувале терапијата и не ги носеле редовно на контрола. Кај нас, за среќа, тоа не се случи, бидејќи родителите беа многу ревносни и редовно нè контактираа прашувајќи како да постапат во лекувањето на децата“, вели Дамјановска-Крстиќ.

Во однос на вакцинацијата пациентите со автоимуни и инфламаторни ревматски заболувања треба да имаат предност во однос на општата популација, а при носење на одлуката за вакцинација ревматологот треба да разговара со пациентите и детално да ги информира за придобивките и ризиците од антиковид вакцинацијата и заеднички да решат како да се постапи. За оваа група на пациенти не постои некој дополнителен ризик од компликации поради примање на вакцината, освен оној за појава на алергии од компонентите на вакцината што важи и за општата популација.

“Одговорот на ковид-19 вакцината се очекува да биде помал кај пациентите со автоимуни и инфламаторни ревматолошки заболувања кои примаат системска и имуномодуларна терапија што зависи и од нејзиното времетраење и јачина. Ниту една вакцина нема предност во однос на другите, така што вакцинирањето треба да се направи со таа што е достапна. Упатството за антиковид вакцинација кое го подготви Македонската ревматолошка асоцијација содржи прецизни информации за тоа кога треба да се даде вакцината и дали е потребно да се направи модулирање на терапијата. Пациентите треба да се вакцинираат независно од тоа дали примаат или не имуномодуларна терапија. Вакцината треба да се даде што поскоро, идеално кај добро контролирани болни или пациентите со ниска воспалителна активности. Кај активни пациенти со потешка форма на болест, задолжителна е консултација со ревматолог. По примање на вакцината пациентите треба и понатаму да се придржуваат до препораките за заштита, социјална дистанца, носење заштитна маска, почесто миење на раце. Доколку има потреба, елективните оперативни зафати треба да се планираат седум дена пред вакцинацијата или седум дена потоа“, објаснува Мимоза Николовска Котевска, претседател на Македонската ревматолошка асоцијација (МААТ).

Лекарската комора го објави Упатството за антиковид вакцинација на автоимуни и инфламаторни ревматски болести на својата Интернет страница со цел, да го направи подостапно за лекарите и пациентите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски балистички ракети го погодија Киев, оштетија мост и повредија шест лица

Неколку бранови руски балистички ракети го погодија Киев ноќеска, само неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува уште еден голем напад врз инфраструктурата.

Руски балистички ракети го погодија Киев, оштетија мост и повредија шест лица

Според властите, најмалку шест лица во градот Киев се повредени, заедно со уште едно лице во околната киевска област. Меѓу повредените во Киев е и 14-годишно девојче, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Двајца од повредените се хоспитализирани.

Рускиот напад, исто така, го оштети клучниот Северен мост во Киев, кој во моментов е затворен за сообраќај во двата правци, додаде тој. Од утрото, оштетени се коловозот, тролејбуската контактна линија и далноводот, рече Кличко.

„Сообраќајните работници и комуналните работници веќе работат на Северниот мост“, увери градоначалникот.

Додека воздухопловните сили на Украина предупредија дека балистичките ракети се насочени кон главниот град, серија експлозии го потресоа градот. Првиот бараж од ракети го нападна Киев брзо, а воздухопловните сили објавија дека најмалку шест ракети биле лансирани кон градот во рок од неколку минути непосредно пред 23 часот локално време на 6 ноември.

До утрото на 7 ноември, воздухопловните сили објавија дека Русија лансирала 172 дронови од типот Шахед, од кои 137 со млазен погон, и неодреден број балистички ракети кон Украина преку ноќ. Воздухопловните сили тврдеа дека собориле или потиснале четири балистички ракети и 149 дронови од типот Шахед, вклучувајќи 117 дронови со млазен погон, на 24 локации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Терористички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Најмалку пет лица се убиени, а десет се ранети во пукотница во близина на главниот плоштад во полскиот град Краков, јавува ТВН 24, а пренесува Ројтерс.

Терористички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Полскиот премиер Доналд Туск напиша на X дека полицијата го истражува инцидентот и дека добива информации од Министерството за внатрешни работи.

Според Би-Би-Си, меѓу ранетите има и полицајци.

Според полицијата, луѓето биле застрелани на случаен избор од маж кој отворил оган со автоматско оружје од автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија денес започнаа марш од седиштето на партијата до кабинетот на премиерот, како дел од протестот против владата, објави албанскиот „Евроњуз“.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Демонстрантите, предводени од пратениците Фламир Нок, Агрон Џекмарк и други, се придружија на студентските протести составени од млади луѓе од различни градови во земјата.

Тие ги повикаа граѓаните, професорите и другите да им се придружат, нагласувајќи дека продолжуваат да ги отфрлаат повеќекратните понуди за дијалог од албанскиот премиер Еди Рама.

YouTube video

Рама, исто така, создаде онлајн платформа чија цел, како што изјави, е да служи како простор за комуникација првенствено со студентите, но и со другите граѓани.

Според него, платформата е „функционален мост“ отворен 24 часа на ден, преку кој можат да се испраќаат прашања, критики и предлози.

Тој рече дека нема забранети прашања и дека сака да разговара со студентите.

Академиците постојано го отфрлаат повикот на Рама за дијалог, кој беше придружен со предлог за одржување состаноци пред зградата на владата.

Платформата предвидува одржување на доверливоста на корисниците, додека пристапот се остварува преку идентификација на порталот е-Албанија.

„Се очекува пораките од пошироко значење да добијат јавни одговори, додека индивидуалните проблеми ќе бидат проследени до надлежните институции“, пишува „ Albanian post “.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер