Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката
1Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката
МакедонијаНеделков: Изминатите пет години платите на просветните работници се зголемени за 70 процентиОд 2020 до 2025 година СОНК кумулативно ги има зголемено платите за околу 70 проценти. Од јануари месец 2020 година, кога почнавме со 10 проценти зголемување, до оваа година во март месец кога имавме зголемување од седум проценти, кумулативно сите овие години зголемувањето изнесува 70 проценти. Овој континуитет ќе продолжи и следните три години, согласно спогодбата со Министерството за образование и наука, каде ќе се зголемат платите кумулативно од 46 до 52 проценти. Во зависност од развојната политика и економија во Буџет овие проценти можат да бидат и повисоки, истакна претседателот на СОНК Јаким Неделков. Во вечерашното гостување на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, во врска со висината на платите кај просветните работници, Неделков истакна дека е задоволен и оти СОНК во континуитет се труди да ги зголеми платите во образованието. – Во континуитет се трудиме да ги подигнеме платите во образованието и да дојдеме до нормална висина каде што просветниот работник нема да стравува како ќе го истера месецот од плата до плата. За професорите во средно образование основната плата е околу 40.000 денари, додека за основно образование 38.000 денари. Ова се основите на кои има додатоци за одделенско раководство и други додатоци како минат труд, рече Неделков. Вели сѐ уште не се усогласени ставовите помеѓу СОНК и Владата за превозот, како и за процентот на регрес за годишен одмор, којшто рече мора да биде повисок од тоа што е во општиот колективен договор. – За додатокот за класно раководство ги усогласивме ставовите, додека за превоз, за жал, сѐ уште не сме усогласени. Процентот за регресот за годишен одмор не ни утврден, тој мора да биде повисок од тоа што е во општиот колективен договор, е сега, колку е тоа повисок се уште имаме различни толкувања. Јас сум убеден дека по завршувањето на локалните избори ќе се изнајде решение, сега е период за креирање на Буџетот за 2026 година и треба да се предвидат дополнителни средства за овие работи кои што се на преговарачка маса и се од стратешки интерес и од Синдикатот и од Владата. Се надевам дека со новата фискална година од 2027 година дека тие новини ќе се применуваат, рече Неделков. За тоа како СОНК ја оценува подготвеноста на училиштата за почеток на новата учебна година, Неделков посочи дека дел од наставниците биле на соодветни обуки поврзани со новите наставни програми, додека пак, во врска со инфраструктурата во училиштата ширум земјава нагласи дека е доста подобрена. – Дел од наставниците беа на соодветни обуки по некои новини кои што се реализираат со новите наставни програми, а во однос на инфраструктурата знам дека доста училишта се инфраструктурно подобрени со реновирани тоалети и училници. Обезбедувањето на наставни средства е дел на организаторите на воспитнообразовниот процес, но гледаме дека изјавите на Министерството за образование се во позитивна насока и останува да видиме. Во овој момент не можеме да кажеме дали сме задоволни или не, како наставници сме спремни, но ќе видиме со кои предизвици ќе се сретнеме, така што оставам простор за дополнително изјаснување, рече Неделков. Прашан дали наставници на предмети по етика или философија досега пријавиле проблем во СОНК, со оглед на најавата за укинување на тие предмети, Неделков рече дека за среќа досега нема такви укажувања. Тој посочи дека во текот на денешниот ден до СОНК стигнале жалби од страна на наставници кои што сметале дека часовите биле неправилно распределени, но како што рече, тоа се индивидуални случаи. – Во текот на денешниот ден имаме безброј јавувања и жалби од страна на наши колеги кои што сметаат дека неправилно се распределени часовите во однос на нивното училиште, а можеби на ниво на општина. Тоа се индивидуални случаи кои мораме да ги решаваме, меѓутоа како група наставници на предмети по етика, за среќа, немаме јавувања или укажувања дека имаат проблем со наставни часови, рече Неделков. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и наукатаМинистерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, престојува во посета на Јапонија, каде што оствари повеќе средби со високи претставници на образовни, научни и државни институции.Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, престојува во посета на Јапонија, каде што оствари повеќе средби со високи претставници на образовни, научни и државни институции, со цел унапредување на билатералната соработка и отворање нови можности за партнерство во областа на образованието и науката. На средбата со јапонскиот министер за образование, култура, спорт, наука и технологија, Јошихиро Секи, се разговараше за организацијата и функционирањето на образовните системи во двете земји, како и за механизмите и мерките за поттикнување на научно-истражувачката дејност. Министрите разменија идеи за можни заеднички иницијативи, при што посебен акцент беше ставен на можноста за обезбедување јапонска поддршка за основање центри за извонредност во Македонија. „Јапонија е долгогодишен стратешки партнер на нашата земја и ви благодарам за досегашната поддршка, како и за можностите што им ги овозможувате на македонските студенти преку системот на стипендирање да се образуваат на престижни јапонски универзитети. Од особено значење за нас е и поддршката што ја добиваме во процесот на техничка модернизација и опремување на училиштата. Верувам дека дел од идеите за кои денес разговаравме наскоро ќе прераснат во конкретни проекти и активности“, истакна Јаневска на средбата во јапонското Министерство за образование. Унапредувањето на квалитетот на наставата и развојот на компетенциите кај учениците беа во фокусот на посетата на Националниот институт за образовни политики на Јапонија, каде што Јаневска оствари средба со генералната директорка Мизуе Шиоми. Соговорничките разменија искуства за методолошките пристапи во наставата, поттикнувањето на креативното и критичкото размислување кај учениците, а се осврнаа и на подготовката на учениците за меѓународното ПИСА тестирање, каде Јапонија традиционално покажува исклучително високи резултати. За можностите за реализација на нови партнерски проекти меѓу двете земји се разговараше и на средбата со парламентарната заменик-министеркa за надворешни работи, Икуина Акико. Таа посочи дека Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO) и Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) ќе продолжат активно да работат на идентификување и развивање нови можности за соработка. Во рамки на агендата, министерката го посети и Универзитетот во Токио, каде што со претседателот на Универзитетот, проф. д-р Теруо Фуџи, разговараше за интензивирање на соработката со македонските универзитети. Во таа насока, беа разгледани можностите за заедничко учество во програмата „Хоризонт Европа“, размена на наставно-научен кадар и студенти, како и воспоставување нови академски партнерства. Посетата на Јапонија опфати и средби во македонската амбасада во Токио. Јаневска и вршителката на должност амбасадор, Кристина Стојчевска, се сретнаа со Казуја Оцука, поранешен амбасадор на Јапонија во нашата земја, со македонски студенти, како и со средношколци од јапонско училиште кои го изучуваат македонскиот јазик. Средбите и разговорите во Токио претставуваат значаен чекор кон продлабочување на традиционално добрите односи меѓу двете земји и создавање нови можности за размена на знаења, искуства и експертиза, во интерес на унапредувањето на македонското образование и наука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамАмериканците се воодушевени од малечкиот „Fiat“ што едвај достигнува 40 км/чЕлектричниот „Fiat Topolino“ привлече купувачи во американските туристички места.Малиот електричен модел на „Fiat, Topolino“, предизвика значителен интерес кај купувачите во САД, иако има максимална брзина од само 40 км/ч и е првенствено дизајниран за кратки градски патувања и затворени станбени комплекси. „Fiat“ испорача 300 примероци од моделот „Topolino“ до дилерите во САД, а повеќето од нив се веќе продадени. Ова претставува пилот-лансирање, кое ѝ овозможува на компанијата да процени дали во САД постои доволно голем пазар за електрични возила слични на возилата за голф. Ендрју Вотерхаус, директор на „Fiat“ за Северна Америка, потврди дека повеќето од 300-те испорачани возила веќе нашле купувачи, иако напомена дека продажбата се одвива постепено, бидејќи станува збор за експериментално воведување на пазарот. Интересно е што 60 отсто од купувачите се одлучиле за верзијата „Dolce Vita“ – која нема врати ниту покрив – и е дизајнирана за возење на отворено. Оваа конфигурација е особено погодна за туристички дестинации, одморалишта и затворени станбени комплекси. Достапни се и стандардна верзија со целосни врати, како и варијантата „Open Air“ која има платнен покрив што може да се отвора. Според Вотерхаус, затворената верзија е посоодветна за градските корисници кои сакаат да ги остават своите лични предмети во заклучено возило. Во САД, „Topolino“ спаѓа во категоријата возила со мала брзина (Low-Speed Vehicles – LSV). Тоа значи дека неговата брзина е ограничена на максимум 40 км/ч и е наменет за употреба на локални патишта со одредени ограничувања на брзината. Не може да се користи како конвенционален автомобил на автопатишта. Моделот за 2027 година има максимална брзина од 40 км/ч, батерија со капацитет од 5,4 kWh и електричен мотор со моќност од шест киловати. Наведениот досег изнесува приближно 74 километри, додека полнењето преку стандарден домашен штекер трае од четири до пет часа. Почетната цена изнесува 14.985 долари – нешто помалку од 15.000 долари – без дополнителните трошоци за опции за специјални бои. Понатаму, „Fiat“ нуди бесплатен пакет за надградба за моделите од 2026 година, со цел да се осигура дека тие ги исполнуваат новите барања. Извор: Б92Тагови: Fiat САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Се пушти во употреба детската градинка „Лавче“ во ИнџиковоУште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка.„Добар ден и од мене. Уште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка. Кога се пушта во употреба ваков проект, тоа значи дека има повеќе среќа, повеќе радост, повеќе убави моменти, пред сè за најмилите, за дечињата, и нема како човек да ја скрие емоцијата, бидејќи ова се навистина за мене прекрасни моменти. Би сакал да се заблагодарам и на министерот, и на градоначалникот, и на пратениците во македонското Собрание, на советниците, на вработените во Општина Гази Баба, на колегите од Владата, што овие проекти, коишто ги започнавме уште при самото формирање на Владата во јуни 2024, полека, но сигурно добиваат своја смисла, односно еден по еден се завршуваат, се пуштаат во употреба и веќе имаме корисници коишто го ползуваат сето тоа коешто го планиравме, а наша цел беше да го направиме животот поубав, поедноставен и да го подобриме, во суштина, квалитетот. Продолжуваме во оваа насока и во иднина и продолжуваме да испорачуваме проекти. Има уште многу проекти во периодот којшто следи, којшто ќе финишираат, ќе бидат завршени, ќе бидат пуштени во употреба, така да што, еве, ве повикувам вас, медиумите, да го проследиме сето она коешто значи како Македонија се гради, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20