Неделен хороскоп за периодот од 12-19 октомври 2020 година - Канал 5

Неделен хороскоп за периодот од 12-19 октомври 2020 година

Неделен хоросјкоп за периодот од понеделник,12-19. октомври 2020 година. 

Неделен хороскоп за периодот од 12-19 октомври 2020 година

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашиот копнеж ќе биде силен , а вие некако препуштени самите на себеси. Оние кои имаат добар пријател или пријателка , ќе се обидат да ги споделат своите фрустрации. Оние во врска ќе чувствуваат дистанца во односот , а некои ќе бидат во искушение за љубомора. Издржете.

Кариера

Вработените во услужните дејности ќе имаат многу работа , додека другите ќе бидат отворени за да им помогнат на колегите. Некои ќе се покажат како добри советници и своето знаење лесно ќе го применуваат во пракса. Малите недоразбирања во комуникациите ќе бидат минливи.

Здравје и совет

Повремени нервози и мали грижи.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веројатно ќе дадете се од себе за да се разубавите ,а ќе забележите и дека лицата од спротивниот пол постојано ве одмеруваат. Оние во врска ќе се обидат да го освежат односот , додека осамените ќе излегуваат често и ќе заведуваат. Отворете се и ќе бидете успешни.

Кариера

Што е готово , завршило. Немојте веќе тоа да го анализирате. Оставете времето нека работи за вас , а вие сконцентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не многу дефинирано. Бидете отворени.

Здравје и совет

Не ги поместувајте границите по секоја цена.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се чувствувате како да не можете да се фатите за ништо што е сигурно. Во право сте, но размислете колку сте и самите одговорни за тоа. Партнерот ќе ви покаже како полесно да ги изразувате емоциите. Применете ги советите кои сметате дека се добри.

Кариера

Пред вас се нови предизвици , кои бараат паметен и обмислен пристап. Ќе треба и повеќе да соработувате со колегите , а неретко така да правите и прифаќате компромиси. Не сметајте дека тоа е лошо зашто повеќе очи подобро гледаат.

Здравје и совет

Најдете секој ден малку мир за себеси.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе дружење. На вашата најсакана личност тоа не мора да и се допадне , па потрудете се да ја понесете со себе или да и објасните дека имате потреба за друштвеност. Осамените лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол.

Кариера

Се повеќе ќе ви биде важно вашето знаење и стручноста во работењето.Многумина ќе добијат шанса за да ги покажат своите специфични таленти или нивната диплома ќе добие на тежина. Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагање на испитите. Некои ќе контактираат странци.

Здравје и совет

Издржете како и секогаш. Ќе се исплатува.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе ви изгледа како љубовта да е далеку од вас. Кај некои тоа ќе биде така и во реалноста , зашто саканата личност ќе биде во овој период отсутна. Копнежот ќе се засили, а со тоа и чувството за осаменост.Некои ќе најдат мир во активирање на фантазијата и на совите сништа.

Кариера

Ќе можете без никаков страв да се потпрете на своите претходни резултати. Некои тоа ќе го искористат за да отидат чекор понатаму , а ќе има и такви кои ќе живеат на старата слава колку што можат подолго. Главно , немојте да се успиете , работата напредува ,а со тоа и вие.

Здравје и совет

Обезбедете си повеќе време за сон.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Преокупираноста со другата страна ќе биде голема , а вие подготвени да се борите до крај за врската да успее. Оние во стабилна врска , ќе го обноват својот еротски живот на најдобар можен начин. Они , пак , кои бараат сродна душа ќе бидат упорни и ќе одат до крај со додворувањата.

Кариера

Работите се интензивираат , а се што работите добива претприемнички карактер. Многумина овие денови сериозно ќе се фатат за работа или од нив ќе се бара поголем ангажман на работното место. Оние кои бараат работа, исто така ќе бидат активни.

Здравје и совет

Не го занемарувајте редовниот сон.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате добар ветар во грбот , кога станува збор за љубовните прашања. Ќе ви се отвораат многу полесно вратите , ќе бидете повикувани на интересни забави и на уште поинтересни места. Доколку сте сами , прифатете ги поканете и измешајте се со луѓето. Тие ве очекуваат.

Кариера

За да го поправите она што го работите , морате да се отворите и повеќе да соработувате со колегите. Ставот дека сте незаменливи и единствени не е добар , а особено ако тоа го мислите за себеси. Поработете на сопствената анализа и се ќе ви биде појасно и полесно.

Здравје и совет

Одете на јога или на медитација за да се опуштите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е вашиот избор. Оние кои се во врска ќе минуваат низ период на заситеност , кога ќе им биде потребна голема трезвеност за да издражат. Тоа нема да трае уште долго , затоа поминете низ него.

Кариера

Некои ваши соработници отворено ќе ви ја покажуваат својата наклонетост , додека други на ист начин ќе ви покажуваат дека не ве сакаат. Прифатете ги на мирен начин и едните и другите. Барем ќе знаете со кого имате работа. Држете се до зацртаните правила.

Здравје и совет

По прошетките на свеж воздух, добро наспијте се.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Доколку и натаму барате сродна душа, обрнете внимание на личностите од вашето работно место. Некој веројатно сака да биде со вас и чека тоа да го забележите . Доколку сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен , а двете страни задоволни и мирни.

Кариера

Можеби ќе ви се чини дека ве притискаат од сите страни , но всушност се работи за предизвиците на кои ќе треба да одговорите за да дојдете до подобри деловни резултати. Пред вас е мала борба во мкоја треба да покажете дека сте борец.

Здравје и совет

Внимавајте на пречувствителноста на промената на температурата.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Со трпение и толеранција би можеле да го подобрите односот со саканата личност. Никаква расправија , а особено некоја мотивирана од љубомора нема да донесе резултати. Време е да играте со затворени карти , па бидете воздржани.

Кариера

Соработката со угледни и влијателни луѓе полека ќе избива во прв план. Вие ќе бидете тркалото , важно во целата постапка. Затоа немојте да бидете прескромни , туку дозволете си да ги изразите и своите амбиции. Одредете ја својата позиција , а уште повеќе шансата.

Здравје и совет

Не претерувајте со храна и пијалоци. Движете се повеќе.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ведрина , позитивен дух , смисол за хумор – сето тоа ќе биде нагласено деновиве во вашиот приватен живот. Затоа не треба да се трудите премногу , туку само држете ги очите отворени и реагирајте како што треба. Се ќе си дојде на место само по себе , а вие ќе уживате.

Кариера

Се наоѓате во период кога некои работи дефинитивно треба да ги приведете до крај. Токму оваа недела е карактеристична по тоа. Ќе завршите некои проекти и ќе свртите нов лист. Кај некои тоа ќе биде малку порадикално . Не брзајте , туку првин направете проценка.

Здравје и совет

Уживајте , но не претерувајте.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Поголемиот дел од слободното време ќе го минувате во сосема обични активности , уживајќи во нечија наклонетост. Без голема помпа ќе знаете да ги цените малите работи , а саканата личност ќе ви врати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без поголеми барања.

Кариера

Почнува фазата во која вашето знаење ќе се цени се повеќе. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашаат за совет или да ви понудат тесно специјализирана работа.

Здравје и совет

Уживајте во животот и во природата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трик на трговците на кој наседнуваме со години

Клучна улога ја има првата цифра.

Трик на трговците на кој наседнуваме со години

Со децении, трговците применуваат еден од најпознатите принципи на психолошко одредување на цените: поставување цена што завршува на 9 веднаш под некоја заокружена цифра, бидејќи таквата цена на купувачите може да им изгледа значително пониска од речиси идентичната цена што претставува заокружен број.

*The Wall Street Journal* неодамна објави текст токму за ефектот на цените што завршуваат на цифрата 9. Иако разликата меѓу 9,99 евра и 10,00 евра изнесува само еден цент, ние не ги доживуваме двете цени на ист начин.

Клучна улога ја има првата цифра.

Едно од објаснувањата лежи во таканаречениот „ефект на првата цифра одлево“. Бидејќи цените ги читаме од лево кон десно, посебно внимание посветуваме на првата цифра. Како резултат на тоа, цената од 9,99 евра ментално ја класифицираме како „девет и нешто“, додека цената од 10,00 евра веднаш спаѓа во нова, повисока категорија. Токму затоа разликата од еден цент може да изгледа многу поголема отколку што навистина е.

Од *The Wall Street Journal* истакнуваат дека трговците се добро запознаени со важноста на ваквите психолошки граници. Некои компании дури и го менуваат дизајнот на амбалажата и ги намалуваат другите трошоци за производот да биде под износот што на купувачите им делува поприфатливо.

Примерот на американскиот производител на средства за чистење „Клинкалт“ (Cleancult) илустрира колку може да биде значајна ценовната граница „под 10“. Компанијата за „Волстрит џурнал“ (WSJ) изјави дека продажбата на нејзиниот детергент за перење се удвојува кога цената се намалува од приближно 12,99 долари на 9,99 долари.

Интересно е тоа што и двете цени завршуваат на 99. Според тоа, бројката 9 на крајот не е целата приказна. Во овој случај, производот навистина поевтинил за три долари, но исто така ја преминал и клучната психолошка граница: одеднаш, тој повеќе не чинел „дванаесет и нешто“, туку помалку од десет.

Ова не значи дека секој производ ќе го постигне истиот резултат, но ефикасно покажува колку влегувањето во нова ценовна категорија може да биде важно за трговците. Купувачот не гледа само пониска цена, туку и производ кој, на прв поглед, изгледа значително подостапен.

„Клинкалт“ отиде дотаму што со години избегнуваше да ги зголемува цените, иако таквата одлука врши притисок врз профитните маржи.

Цената што завршува на 9 не мора да значи дека е поевтина

Интересно е што цената што завршува на 9 не мора да значи дека производот е поевтин. Една опсежна студија на економистите Авихаи Снир и Даниел Леви, објавена во 2021 година, анализирала повеќе од 98 милиони евидентирани цени од голем американски малопродажен синџир.

Резултатот беше прилично изненадувачки: цените што завршуваа на 9 беа, по правило, повисоки од цените на споредливи производи кои завршувале на друга цифра. Разликата во некои случаи достигнувала и до 18%.

Зошто тогаш купувачите толку често ова го сметаат за поволна зделка? Авторите на истражувањето нудат интересно објаснување. Иако цените што завршуваа на 9 генерално биле повисоки, ситуацијата била поинаква кај производите на распродажба: намалените цени што завршуваа на 9 во просек биле пониски од намалените цени кои завршувале на друга цифра.

Со други зборови, купувачите често ја гледале деветката на крајот од цената токму кај поголемите попусти, па со тек на време почнале да ја поврзуваат со поволна понуда. Авторите исто така откриваат дека цените што завршуваат на 9 навистина биле пониски од порано, но со тек на време пораснале, додека нивниот имиџ на „поволна цена“ останал.

Некои дури го менуваат и пакувањето

Други производители бараат поинаков начин за да ја задржат посакуваната цена. WSJ наведува примери на компании што ја менуваат големината или пакувањето на производите за сепак да ги понудат под одредената психолошка граница.

Така, Hasbro го прилагодиле пакувањето на одредени играчки и игри за да ја задржат цената под 10 долари. Boston Beer направил слично нешто со Twisted Tea: кога веќе не можеле да го задржат пакувањето од шест лименки под таа граница, понудиле пакување од четири лименки што повторно чинело помалку од 10 долари.

Иако наведените примери се од американскиот пазар, истиот принцип на менување на левата цифра важи и кога цената е изразена во евра. Границата меѓу 9,99 € и 10 €, 19,99 € и 20 € или 99,99 € и 100 € може да изгледа позначајна отколку што е математички. Трикoт е стар, но сè уште функционира.

Цените како 4,99 €, 9,99 € или 99,99 € се толку вообичаени што честопати веќе и не ги забележуваме. Сепак, истражувањата покажуваат дека таквото одредување на цената сè уште може да влијае на нашата проценка за тоа колку е нешто скапо или достапно. Купувачот можеби е свесен дека 9,99 € се практично 10 €, но промената на првата цифра сепак може да влијае на првиот впечаток за цената.

Со други зборови, тој еден цент на крајот од цената понекогаш може да вреди многу повеќе за трговецот отколку за купувачот.

Извор: index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Семки од сончоглед или семки од тиква?

Едните имаат повеќе протеини, а другите повеќе масло

Семки од сончоглед или семки од тиква?

Семките од тиква и сончоглед се вообичаен додаток во салати, супи, јогурт и овесна каша. Иако и двата вида се нутритивно богати, се поставува прашањето кој од нив е подобар избор доколку сакате да го зголемите внесувањето на здрави масти.

Повеќе здрави масти во семките од сончоглед

Иако и двата вида содржат здрави масти, семките од сончоглед имаат мала предност. Порција од 28 грама семки од сончоглед содржи 14,1 грам масти, додека истата количина семки од тиква содржи 13,9 грама. Разликата е занемарлива, што ги прави двата вида одличен извор на незаситени масти кои се корисни за здравјето на срцето, особено кога ги заменуваат заситените масти во исхраната.

Околу 70 проценти од мастите во семките од сончоглед се полинезаситени масти, за кои истражувањата сугерираат дека можат да бидат корисни за здравјето на срцето. Замената на заситените масти со полинезаситени масти – како оние што се наоѓаат во семките од сончоглед – може да помогне во намалувањето на лошиот холестерол (LDL) и на ризикот од кардиоваскуларни болести.

Семките од тиква исто така содржат значителна количина здрави масти и можат да бидат дел од исхрана што го чува здравјето на срцето.

Нутритивна споредба

Порции од 28 грама семки од сончоглед и семки од тиква содржат речиси ист број калории – 165, односно 163. Семките од сончоглед содржат малку повеќе масти (14,1 g наспроти 13,9 g), јаглехидрати (6,8 g наспроти 4,2 g) и влакна (3,1 g наспроти 1,8 g). Од друга страна, семките од тиква се значително побогати со протеини. Една порција содржи 8,5 грама протеини, додека семките од сончоглед содржат 5,5 грама.

Избор според потребите

Двата вида семки лесно се вклопуваат во урамнотежената исхрана, семките од сончоглед се подобар избор за оние кои сакаат да внесат повеќе здрави масти, јаглехидрати и влакна. Покрај тоа, една порција семки од сончоглед содржи 7,4 милиграми витамин Е, што задоволува 49 проценти од препорачаната дневна доза.

Од друга страна, семките од тиква се подобар избор за оние што сакаат да внесат повеќе протеини. Тие се исто така богати со магнезиум – една порција содржи 156 милиграми, односно 37 проценти од препорачаниот дневна доза. Исто така обезбедуваат 2,17 милиграми цинк, што одговара на 20 проценти од препорачаната дневна доза.

И покрај овие разлики, и семките од сончоглед и оние од тиква претставуваат хранлив додаток во исхраната. Можат да се консумираат самостојно, како ужина со овошје или како крцкав додаток во салати, овесна каша и јогурт.

Извор: index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Човекојадец убил и изел 38 луѓе- го уапсиле во Уганда

Наводен канибал обвинет за убиство и јадење на речиси 40 луѓе е уапсен во Уганда и може да се соочи со егзекуција!

Човекојадец убил и изел 38 луѓе- го уапсиле во Уганда

Во период од 15 години помеѓу 2010 и 2025 година, „злиот“ Муџуризи Мосес е осомничен за убиство и распарчување на 38 лица. Највисокиот полициски службеник на Уганда го опиша Мосес како најлошиот сериски убиец.

Генералот Мухози Каинеругаба, началник на одбранбените сили на Уганда, изјави дека Мосес е најлошиот сериски убиец во историјата на земјата:

„Со задоволство ги информирам нашите сограѓани дека безбедносните сили го уапсија злиот Муџуризи Мосес. Најлошиот сериски убиец и канибал во историјата на Уганда. Тој убил и изел 38 луѓе помеѓу 2010 и 2025 година во Масака, Ибанда и Каз. Ќе го судиме јавно и дефинитивно ќе го егзекутираме“, рече тој.

Според Метро, ​​Мосес наводно нападнал цели семејства, провалувајќи во нивните домови и убивајќи ги.

Весникот, повикувајќи се на локални истражители, објави дека Мојсеј дупчел дупки низ ѕидовите на домовите на своите жртви, а потоа ги сечел до смрт со мачета. Меѓу неговите жртви наводно бил и Стивен Мугамбе, пентекостален пастор.

Тврдењата дека тој бил убиец и човекојадец првпат излегле на виделина кога жителите на Уганда контактирале со полицијата тврдејќи дека Мојсеј ги убил членовите на нивното семејство.

Истражниот извештај што го доби Метро вели дека 35 лица биле убиени во слични напади во пошироката област Масака во јужна Уганда.

Мојсеј наводно бил уапсен од властите неколку пати, но тој или избегал или бил ослободен под спорни околности.

На 16 октомври, радио мрежа од Уганда објави дека осомничениот се соочува со обвиненија за убиство и трговија со луѓе откако една жена била убиена во Голема Масака на 28 септември. Жртвата била намамена во „ритуално убиство“ со ветување за врска, според истражителите.

Уганданските власти сега истражуваат стари случаи на исчезнати лица, за да видат дали има некакви врски со Мојсеј.

Неговото апсење привлече внимание кон неколку наводни убиства помеѓу 2010 и 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер