Божиновска на средба со претставници од ЕБОР: Заложбите за стабилен енергетски систем препознаени како услов за просперитет на државата
2Божиновска на средба со претставници од ЕБОР: Заложбите за стабилен енергетски систем препознаени како услов за просперитет на државата
ХороскопНеделен хороскоп за 9.-16. септември 2024 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник 9.- 16. септември 2024 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако емотивно нема да го чувствувате она исполнување што сте го очекувале , вашиот позитивен и отворен став ќе ви носи некои љубовни поени. партнерот ќе ја разбира вашата зголемена потреба за друштвеност. Некои ќе одат на забави со пријателите без план. Кариера Откако сте решиле еден проблем , од сега ќе работите со помалку напнатост и со поголемо задоволство. Сепајк , од вас и натаму ќе се бара зголемен ангажман. така ќе биде уште оваа недела. Затоа , засукајте ги ракавите и не поставувајте непотребни прашања. Здравје и совет Прошетајте се пред спиење. Вага 24.9.-23.10 Љубов Елоквенција и отвореност ќе бидат вашите адути за заведување на личност од спротивниот пол. Понекогаш за другите ќе бидете недостижни . Сепак , предајте му се на оној што го сакате , а најмногу за да не зажалите подоцна. Љубовта можеби е далеку , но вие сте тука. Кариера Главниот мотив за работа оваа недела ќе ви биде соработка и прифаќање на понекој компромис.Не терајте по свое зашто главниот збор засега го водат некои други. Бидете отворени и кооперативни , па се ќе тргне во добра насока. Здравје и совет Елиминирајте ги фрустрациите преку спорт. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои се вљубени , ќе сакаат интензивно , а другата страна ќе им возвраќа помналку интензивно. Сепак , нека го прифатат она што го имаат , зашто сите не сме во двојка во иста фаза. Самците ќе освојуваат брзо и лесно. Деновите се добри за љубов и за друштвен живот. Кариера Погледнете подобро околу себе и ќе најдете многумина кои би сакале дасоработуваат со вас.Потребно еподобро да се поврзете и да смислите поефикасен организационен план. Кога ќе го направите тоа , ви преостанува да постапувате според него. Вие тоа го можете. Здравје и совет Анализирајте ги своите ставови. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите кои ги среќавате на забави или на спортски приредби. Некому веројатно сте му привлечни и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен , а двете страни задоволни. Кариера Како што ќе минува неделата , ќе станува се појасно дека вие го имате потребното знаење и стручност , кое сега се бара.Многумина ќер покажуваат кон вас и ќе речат дека токму вие сте личноста што треба да се ангажира. Но , тој ангажман нема да дојде лесно , зашто ќе треба да соработувате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Првиот дел од неделата ќе донесе убави љубовни настани , а од средината на неделата работите се забавуваат. Вашето љубовно расположение ќе се намалува, шанситеза познанаства ќе бидат поретки , а оние во врска малку ќе се дистанцираат еден од друг. Кариера Пред вас е добра шанса за развој на кариерата или за усовршување во професијата. Без оглед на надворешните околности, прифатете го она што ви се нуди и тргнете во освојување на нови искуства. Ќе ги проширите хоризонтите , а нешто и ќе заработите. Здравје и совет Не треба да ги намалувате сопствените критериуми. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Сега ви е во целост јасно дека сакате и сте сакани. Единаствено се прашувате до кога тоа ќе потрае. Ова прашање сега е непотребно, а вашите грижи само ја оптоваруваат хармонијата во која живеете.Од вас зависи дали ќе се свртите кон светлоста или кон темнината. Кариера Ќе ви изгледа камко се да е во рацете на накои други. Што е најлошо , ќе бидете во право. Во овој момент вие не можете многу да влијаете на работите , но тоа не значи дека нема да можете малку подоцна. За да го дочекате подготвени овој период, немојте да се нервирате. Соработувајте дипломатски. Здравје и совет Издржете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Без оглед на внатрешната сигурност , ќе правите грешки во чекори. Од вас и вашата способност за самојконтрола ќе зависи успехот во приватниот живот. Потрудете се и дајте се од себе , но при тоа бидете реални. Кариера Сите шематски работи сега ве попречуваат. Ќе бидете во ситуација да се прилагодувате кон нови програми и тоа најчесто такви што ги смислил некој друг. Немојте бурно да реагирате , туку поминете низ тоа. Ништо друго не ви преостанува. Ако ништо друго , уште повеќе ќе созреете. Здравје и совет Истражете ги сопствените таленти. Овен 21.3-20.4. Љубов Страста што ќе ја покажете кон другата страна понекогаш ќе ја плаши. изгледа како точно дазнаете што сакате и очекувате да ви биде возвратено од саканата личност. Сепак , ќе треба малку повеќе такт и трпени за да се искристализираат ставовите. Бидете умерени. Кариера Ќе има денови кога ќе се затекнете во искушение од самозадоволство. вашата проценка на сопствените можности треба да биде реална и зрела. Во секој ваш потег се гледа она што го носите во себе. Затоа препуштете им на другите да зборуваат за вашата работа. Така ќе биде поубедливо. Здравје и совет Мал пад на имунитетот. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе се појави ново светло на вашето љубовно небо. Она што долго го чекавте се исполнува и нема дури да ви се верува дека се отвораат нови љубовни шанси. Дотерајте се и излезете надвор , меѓу луѓе. Сепак , не претерувајте со сопствената презентација. Кариера На работниото место ќе имате многу интересни содржини. Оние чиј карактер на работата е креативен , ќе имаат успех. Ќе биде нагласено поврзувањето со млади соработници. Вие самите ќе подготвувате нови , подобри услови за работа. Здравје и совет Ќе се чувствувате дека можете повеќе и подобро. Потрудете се. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со трпение и толеранција би можеле да го подобрите односот со саканата личност. Никаква расправија , а особено онаа мотивирана од љубомора нема да донесе резултати. Време е за играње со затворени карти , па бидете воздржани. Ќе биде добро. Кариера Вработените во сите дејности поврзани со акција ќе можат ќе можат во својата работа да дојдат до израз повеќе од кога било. Многумина ќе бидат препознаени како талентирани или барем како квалитетни работници. Другите ќе им бидат интересни на соработниците. Здравје и совет Бидете она што сте и не се плашите. Рак 22.6-22.7. Љубов Императив во вашиот приватен живот ќе биде забавувањето. Нема да тежнеете кон сериозна врска , барем не по секоја цена, но доколку се случи , ќе ја прифатите. Оние кои се веќе во врска , ќе се поврзат со младо друштво, па заедно ќе се забавуваат. Ќе биде добро. Кариера Можно е да се најдете во ситуација кога најсериозно ќе се мерат вашите постигнувања. Критериумите би можеле да бидат строги , но не се плашите- ги имате сите квалитети за да добиете заслужено добра оценка.Тоа ќе покрене некои трансформации. Здравје и совет Помалку напрегање , повеќе одморање. Лав 23.7-22.8. Љубов Согледувате дека не треба омраза ниту кавга , зашто тоа не води никаде. Подобро е да се повлечетѕе и да размислувате во тишина , па и за она што во моментов не ви се допаѓа. Потоа опуштете се и фокусирајте се на она што е добро во вашиот приватен живот. Ќе најдете нешто. Кариера Техниката со еден удар да се убијат две муви , овој пат нема сосема да се оствари, но вашата способност да работите две работи во исто време ќе биде успешна.Затоа одлучете се за ова второто. Работите во тишина се нагласени, а вие низ сето тоа се борите за своите идеи. Здравје и совет Наспијте се . Потребен ви е одмор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаО. Бутел: Целосна реконструкција на двата паркинга на улицата „Костурска“ во Скопје СеверОпштина Бутел продолжува со интензивна реализација на инфраструктурните проекти во населбата Скопје Север.Започна целосната реконструкција на големиот и малиот паркинг на улицата „Костурска“. Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект ќе се обезбедат подобри услови за паркирање, уреден јавен простор и поквалитетно секојдневие за жителите на Скопје Север. Градоначалникот Дарко Костовски и Општина Бутел продолжуваат со реализација на ветените проекти, со посебен акцент на подобрување на инфраструктурата и рамномерен развој на сите населени места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
МакедонијаБожиновска на средба со претставници од ЕБОР: Заложбите за стабилен енергетски систем препознаени како услов за просперитет на државатаМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници од Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) коишто се во посета на земјава.Во рамките на делегацијата од ЕБОР, составена од директори надлежни за различни региони, беа присутни Рене ван Хел, директор за Холандија, Кина, Македонија, Ерменија и Монголија, потоа Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР за земјава, како и директорите за другите земји од регионов и светот. На средбата министерката Божиновска ги претстави активностите на Министерството за зајакнување на домашниот енергетски систем, енергетската инфраструктура и забрзување на реформските процеси во земјата. Во таа насока, беа презентирани конкретните законски решенија на кои во моментов работи Министерството, а кои се насочени кон остварување на стратешките цели на државата во енергетскиот сектор. Претставниците на Европската банка за обнова и развој ги поздравија заложбите на Министерството за создавање на стабилен и предвидлив енергетски систем, оценувајќи ги како многу понапредни во однос на одредени земји од регионот, на коишто им е потребен подолг период за реализација на конкретни чекори во енергетиката. Во фокусот на разговорите на денешната средба беше искористувањето на потенцијалот на обновливите извори на енергија во земјава, како и можностите за складирање на енергијата од обновливите извори. Министерката Божиновска истакна дека постои огромен интерес кај граѓаните и компаниите за користење на енергијата од обновливите извори и дека Министерството ќе работи на овој план во иднина. Посебен дел од разговорите се посвети и регионалното поврзување на земјава со соседите, за што министерката информираше за напредокот во однос на енергетското поврзување со Грција и Србија, потенцирајќи дека се работи и на нови мрежни поврзувања со земјите од регионот. На средбата беше нагласено значењето и на сајбер безбедноста, како предуслов за безбеден енергетски систем, за што беше истакната можноста за взаемна соработка на ова поле. Министерката Божиновска, на состанокот, ја потврди силна посветеност кон партнерството со ЕБОР, како еден од клучните партнери на нашата држава во напорите за создавање стабилна енергетска иднина за државата. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува целосно посветено на партнерски пристап и целосна имплементација на реформските чекори за зголемување на енергетската сигурност што ќе придонесат за побрз развој на државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
ТенисТенисот се реформира: 350 милиони за играчите, промени во рангирањето! АТП планира сериозни промени од 2028 година белиот спорт, кои треба да им донесат значително поголеми заработки на тенисерите, поинаков систем на рангирање и појасна структура на календарот.Според планот што го претстави претседателот на АТП, Андреа Гауденци, вкупниот износ на средства наменет за играчите би требало да достигне околу 350 милиони долари годишно, без да се вклучи наградниот фонд од гренд слем турнирите. Директните исплати од АТП кон играчите би требало да надминат 100 милиони долари, додека фондот за бонуси би се зголемил од сегашните 21,5 на 50 милиони долари. Покрај тоа, дополнителни 25 милиони долари би биле наменети за играчите кои ќе ја завршат сезоната меѓу најдобрите 250 во светот, додека уште 30 милиони долари би се издвоиле за пензиски програми за околу 300 тенисери на годишно ниво. „Тенисот денес е во многу силна позиција. Нашите турнири растат, навивачите го следат спортот на сè повеќе начини, а заработката на играчите е на рекордно ниво. За да остане силен, спортот мора да продолжи да се развива“, изјави Гауденци. Една од најважните промени ќе се однесува и на АТП-рангирањето. Резултатите на најголемите турнири би требало да имаат поголема тежина отколку што имаат сега, при што АТП се стреми да ја намали потребата тенисерите да бркаат дополнителни поени на помали натпреварувања по лошите резултати на големите турнири. Планот предвидува и воведување појасно дефинирани недели резервирани за одредени категории турнири, со цел тенисерите полесно да ја планираат сезоната и да најдат повеќе простор за одмор. Во новата структура ќе биде вклучен и турнирот од серијата „Мастерс 1000“ во Саудиска Арабија. Овие промени доаѓаат во време кога сè повеќе тенисери јавно се жалат на физичкиот напор што го носи сезоната долга речиси 11 месеци, како и на системот што ги поттикнува да играат на голем број турнири за да освојат поени и финансиски бонуси. АТП, исто така, ќе ја разгледа долгорочната иднина на натпреварите во двојки, вклучително и можните промени во големината на ждрепките. Доколку тоа доведе до намалување на наградниот фонд за двојки, планот е тие средства да се пренасочат кон квалификациите и раните рунди во поединечна конкуренција. Гауденци смета дека целиот пакет ќе им овозможи на тенисерите подобро да го планираат својот календар, да заработуваат повеќе и да добијат поголема финансиска сигурност. „Следната фаза претставува можност сезоната да стане позначајна, како за играчите, така и за навивачите, а истовремено да се поттикне развојот на спортот преку создавање повеќе можности во рамките на целата АТП-турнеја“, изјави првиот човек на АТП. Предлозите допрва треба да поминат низ дополнителни консултации и одобрувања, а АТП планира конечниот пакет да го претстави на завршните состаноци за сезоната, кои ќе се одржат во Торино.Тагови: АТП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26