3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ХороскопНеделен хороскоп за 9.- 16. август 2021 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник, 9.-16. август 2021 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција. Кариера Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог. Здравје и совет Ќе најдете компромис. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат. Кариера Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена . Вага 24.9.-23.10 Љубов Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение. Кариера Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Не ги напуштајте новите идеи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро. Кариера Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Oние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни. Здравје и совет Не го потценувајте здравиот и мирен сон. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм. Кариера Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта. Здравје и совет Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели. Кариера На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте. Здравје и совет Немојте да пиете студени пијалоци. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , не седете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни. Кариера Повеќето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор. Здравје и совет Би сакале да истражувате непознати места . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе организирате интересни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност. Кариера Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно. Здравје и совет Човек на човека е лек. Овен 21.3-20.4. Љубов Заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства. Кариера Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција. Здравје и совет Не заборавајте на редовниот одмор и сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете. Кариера Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични. Здравје и совет Можете да поместувате планини. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии. Кариера Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш. Здравје и совет Занимавајте се со јога и медитација. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги. Кариера Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни , но само за нивна рекреација. Здравје и совет Никаде не брзајте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотТаткото на Меган Маркл призна дека плаќал сексуални услуги на Филипините Томас Маркл (82), таткото на Меган Маркл, сопругата на британскиот принц Хари, призна дека платил за сексуални услуги на Филипините.Томас Маркл (82), таткото на Меган Маркл, сопругата на британскиот принц Хари, призна дека платил за сексуални услуги на Филипините, но цврсто ги отфрла обвинувањата дека поседувал фотографии и видеа од сексуална злоупотреба на деца. Според британскиот весник „Сан“, полубратот на Меган, Томас Маркл помладиот, тврди дека пронашол контроверзни фотографии и снимки во поранешниот дом на својот татко на Филипините. Наводно, тој пријавил во локалната полиција дека меѓу семејните фотографии пронашол и материјали што прикажуваат сексуална злоупотреба на деца. „Сан“ исто така наведува дека контактирал со ФБИ во јули. Филипинските власти рекоа дека ги истражуваат обвинувањата. Призна дека платил за сексуални услуги Во интервју за „Мејл он Сандеј“, Томас Маркл постариот ги негираше обвинувањата, велејќи дека „никогаш немал сексуални односи со лице под 18 години“. Тој призна дека додека бил слободен, патувал на Филипините најмалку двапати и таму платил за сексуални услуги. „Ми се допаѓаат азиските жени, но тоа не е кривично дело“, рече тој. „Моето здравје не ми дозволува да патувам на Филипините, но сум подготвен да разговарам со секој што сака. Немам што да кријам“, додаде тој. Маркл моментално е во дом за стари лица во Флорида, каде што повторно учи да оди откако му беше ампутирана ногата во 2025 година за време на итна операција.Тагови: Меган Маркл Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Кокошка“ на НУ Народен театар Битола ја доживеа својата 100. изведбаПред преполна сала, екипата на Народниот театар Битола по 100.пат ја изведе претставата „Кокошка“. Оваа изведба беше и со хуманитарен карактер, па така сите средства од продадените билети ќе бидат донирани за децата од СОС Детско село. Публиката на Битолскиот театар и овојпат докажа дека знае што значи да се биде хуман. Една од најбараните комедии на НТБ, претстава која ја сака публиката доби долготрајни аплаузи. Комедијата на Николај Кољада, во режија на Марјан Георгиевски, ги води посетителите низ свет каде што амбициите, љубовта, суетата и желбата за успех се судираат на најнеочекувани и најкомични начини. Претставата со брилијантен хумор, живи дијалози и препознатливи ситуации, ја освојува публиката затоа што сите се пронаоѓаме во неа. Смеата доаѓа природно, искрено и – до солзи. За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, драматург Оливера Павловиќ. Во претставата играат: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски, Николче Пројчевски. После изведбата 100.изведба беше прославена со торта. Да се множат успешни претстави. Еден град. Еден театар. 100 пати „Кокошка“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
ЕвропаБританскиот премиер: Треба повторно да го разгледаме слободното движење на работниците од ЕУ Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека сака да отвори дебата за враќање на правилата на Европската унија за слободно движење на работници, клучно прашање на референдумот за Брегзит во 2016 година.Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека сака да отвори дебата за враќање на правилата на Европската унија за слободно движење на работници, клучно прашање на референдумот за Брегзит во 2016 година, што доведе до напуштање на Велика Британија од блокот. Надоврзувајќи се на своите претходни коментари за потребата од преиспитување на односот со Брисел, Барнам изјави за „Сандеј тајмс“ дека приливот на работници од ЕУ во Велика Британија пред Брегзит претставувал многу сериозни предизвици. „Но, во исто време, тоа беше еден вид имиграција што можеби не беше толку тежок“, рече тој. „Миграцијата преку ротирачки врати, каде што луѓето доаѓаат и си одат, е поинаква работа. Рамнотежата на миграцијата се промени од тогаш, нели? Мислам дека само треба да имаме отворен и искрен разговор за овие прашања“, рече премиерот. Официјалните податоци покажуваат дека долгорочната нето миграција во 2025 година паднала на ниво блиску до она по Брекзит, кога беше воведен новиот систем за имиграција, кој стапи на сила на почетокот на 2021 година. Во септември, два месеци откако го замени Кир Стармер како лидер на лабуристите и премиер, Бурнам рече дека Велика Британија треба да разгледа опции за својот однос со ЕУ, вклучително и можноста за повторно приклучување кон блокот во иднина. Слобода на движење Тој претходно ги поддржа ветувањата на владата на Стармер, вклучително и враќањето на слободата на движење, што Брисел го поставува како услов за учество во единствениот пазар на ЕУ. Во интервју за „Сандеј тајмс“ снимено на 19 октомври, Бурнам истакна дека прашањето за слободата на движење може да се разгледа како дел од поширок преглед на односите Велика Британија-ЕУ, што би вклучувало прашања како што се споделувањето податоци и миграцијата. „Треба да се гледа во поширок контекст, а не изолирано, фокусирајќи се исклучиво на слободата на движење“, рече тој. Бурнам, кој се обидува да најде начини за зајакнување на британската економија, треба да се сретне со високи претставници на ЕУ на самитот на 20 ноември. Единствен пазар Тој рече дека е незамисливо да се сугерира Велика Британија да го усвои еврото или да се приклучи на правилата на ЕУ за патување без граници. Повторното приклучување кон ЕУ би барало нов референдум, но не мора да се приклучи на единствениот пазар или царинската унија, цитираше „Сандеј тајмс“ Бурнам. Поранешниот конзервативен министер за финансии Џереми Хант, кој водеше кампања за останување во ЕУ во 2016 година, рече дека би било погрешно повторно да се отвори една од фундаменталните дебати на референдумот, додавајќи дека олеснувањето на правилата за имиграција ќе им наштети на луѓето во Велика Британија. „Мислам дека тоа би бил сериозен удар врз напорите да се охрабрат луѓето да го напуштат системот за социјална помош и да влезат на пазарот на трудот“, изјави Хант за „Скај њуз“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook