Полицајци во САД пукале во автомобил и убиле едногодишно бебе, обвинителката смета дека било оправдано (ВИДЕО)
1Полицајци во САД пукале во автомобил и убиле едногодишно бебе, обвинителката смета дека било оправдано (ВИДЕО)
3Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
ХороскопНеделен хороскоп за 8. до 15. септември 2025 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 8. до 15. септември 2025 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако емотивно нема да го чувствувате она исполнување што сте го очекувале , вашиот позитивен и отворен став ќе ви носи некои љубовни поени. партнерот ќе ја разбира вашата зголемена потреба за друштвеност. Некои ќе одат на забави со пријателите без план. Кариера Откако сте решиле еден проблем , од сега ќе работите со помалку напнатост и со поголемо задоволство. Сепајк , од вас и натаму ќе се бара зголемен ангажман. така ќе биде уште оваа недела. Затоа , засукајте ги ракавите и не поставувајте непотребни прашања. Здравје и совет Прошетајте се пред спиење. Вага 24.9.-23.10 Љубов Елоквенција и отвореност ќе бидат вашите адути за заведување на личност од спротивниот пол. Понекогаш за другите ќе бидете недостижни . Сепак , предајте му се на оној што го сакате , а најмногу за да не зажалите подоцна. Љубовта можеби е далеку , но вие сте тука. Кариера Главниот мотив за работа оваа недела ќе ви биде соработка и прифаќање на понекој компромис.Не терајте по свое зашто главниот збор засега го водат некои други. Бидете отворени и кооперативни , па се ќе тргне во добра насока. Здравје и совет Елиминирајте ги фрустрациите преку спорт. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои се вљубени , ќе сакаат интензивно , а другата страна ќе им возвраќа помналку интензивно. Сепак , нека го прифатат она што го имаат , зашто сите не сме во двојка во иста фаза. Самците ќе освојуваат брзо и лесно. Деновите се добри за љубов и за друштвен живот. Кариера Погледнете подобро околу себе и ќе најдете многумина кои би сакале дасоработуваат со вас.Потребно еподобро да се поврзете и да смислите поефикасен организационен план. Кога ќе го направите тоа , ви преостанува да постапувате според него. Вие тоа го можете. Здравје и совет Анализирајте ги своите ставови. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите кои ги среќавате на забави или на спортски приредби. Некому веројатно сте му привлечни и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен , а двете страни задоволни. Кариера Како што ќе минува неделата , ќе станува се појасно дека вие го имате потребното знаење и стручност , кое сега се бара.Многумина ќер покажуваат кон вас и ќе речат дека токму вие сте личноста што треба да се ангажира. Но , тој ангажман нема да дојде лесно , зашто ќе треба да соработувате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Првиот дел од неделата ќе донесе убави љубовни настани , а од средината на неделата работите се забавуваат. Вашето љубовно расположение ќе се намалува, шанситеза познанаства ќе бидат поретки , а оние во врска малку ќе се дистанцираат еден од друг. Кариера Пред вас е добра шанса за развој на кариерата или за усовршување во професијата. Без оглед на надворешните околности, прифатете го она што ви се нуди и тргнете во освојување на нови искуства. Ќе ги проширите хоризонтите , а нешто и ќе заработите. Здравје и совет Не треба да ги намалувате сопствените критериуми. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Сега ви е во целост јасно дека сакате и сте сакани. Единаствено се прашувате до кога тоа ќе потрае. Ова прашање сега е непотребно, а вашите грижи само ја оптоваруваат хармонијата во која живеете.Од вас зависи дали ќе се свртите кон светлоста или кон темнината. Кариера Ќе ви изгледа камко се да е во рацете на накои други. Што е најлошо , ќе бидете во право. Во овој момент вие не можете многу да влијаете на работите , но тоа не значи дека нема да можете малку подоцна. За да го дочекате подготвени овој период, немојте да се нервирате. Соработувајте дипломатски. Здравје и совет Издржете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Без оглед на внатрешната сигурност , ќе правите грешки во чекори. Од вас и вашата способност за самојконтрола ќе зависи успехот во приватниот живот. Потрудете се и дајте се од себе , но при тоа бидете реални. Кариера Сите шематски работи сега ве попречуваат. Ќе бидете во ситуација да се прилагодувате кон нови програми и тоа најчесто такви што ги смислил некој друг. Немојте бурно да реагирате , туку поминете низ тоа. Ништо друго не ви преостанува. Ако ништо друго , уште повеќе ќе созреете. Здравје и совет Истражете ги сопствените таленти. Овен 21.3-20.4. Љубов Страста што ќе ја покажете кон другата страна понекогаш ќе ја плаши. изгледа како точно дазнаете што сакате и очекувате да ви биде возвратено од саканата личност. Сепак , ќе треба малку повеќе такт и трпени за да се искристализираат ставовите. Бидете умерени. Кариера Ќе има денови кога ќе се затекнете во искушение од самозадоволство. вашата проценка на сопствените можности треба да биде реална и зрела. Во секој ваш потег се гледа она што го носите во себе. Затоа препуштете им на другите да зборуваат за вашата работа. Така ќе биде поубедливо. Здравје и совет Мал пад на имунитетот. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе се појави ново светло на вашето љубовно небо. Она што долго го чекавте се исполнува и нема дури да ви се верува дека се отвораат нови љубовни шанси. Дотерајте се и излезете надвор , меѓу луѓе. Сепак , не претерувајте со сопствената презентација. Кариера На работниото место ќе имате многу интересни содржини. Оние чиј карактер на работата е креативен , ќе имаат успех. Ќе биде нагласено поврзувањето со млади соработници. Вие самите ќе подготвувате нови , подобри услови за работа. Здравје и совет Ќе се чувствувате дека можете повеќе и подобро. Потрудете се. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со трпение и толеранција би можеле да го подобрите односот со саканата личност. Никаква расправија , а особено онаа мотивирана од љубомора нема да донесе резултати. Време е за играње со затворени карти , па бидете воздржани. Ќе биде добро. Кариера Вработените во сите дејности поврзани со акција ќе можат ќе можат во својата работа да дојдат до израз повеќе од кога било. Многумина ќе бидат препознаени како талентирани или барем како квалитетни работници. Другите ќе им бидат интересни на соработниците. Здравје и совет Бидете она што сте и не се плашите. Рак 22.6-22.7. Љубов Императив во вашиот приватен живот ќе биде забавувањето. Нема да тежнеете кон сериозна врска , барем не по секоја цена, но доколку се случи , ќе ја прифатите. Оние кои се веќе во врска , ќе се поврзат со младо друштво, па заедно ќе се забавуваат. Ќе биде добро. Кариера Можно е да се најдете во ситуација кога најсериозно ќе се мерат вашите постигнувања. Критериумите би можеле да бидат строги , но не се плашите- ги имате сите квалитети за да добиете заслужено добра оценка.Тоа ќе покрене некои трансформации. Здравје и совет Помалку напрегање , повеќе одморање. Лав 23.7-22.8. Љубов Согледувате дека не треба омраза ниту кавга , зашто тоа не води никаде. Подобро е да се повлечетѕе и да размислувате во тишина , па и за она што во моментов не ви се допаѓа. Потоа опуштете се и фокусирајте се на она што е добро во вашиот приватен живот. Ќе најдете нешто. Кариера Техниката со еден удар да се убијат две муви , овој пат нема сосема да се оствари, но вашата способност да работите две работи во исто време ќе биде успешна.Затоа одлучете се за ова второто. Работите во тишина се нагласени, а вие низ сето тоа се борите за своите идеи. Здравје и совет Наспијте се . Потребен ви е одмор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотТрагнал да вози Ферари, па се заглавил во тесна уличка- сите му се смеат (ВИДЕО)Тесните улици на историскиот центар на Севиља станаа „стапица“ за црвен луксузен автомобил со португалски регистарски таблички.Возачот на скапиот автомобил се нашол во незавидна ситуација откако се обидел да сврти, а потоа се соочил со сериозни тешкотии при маневрирањето низ тесен премин, објавува „Ел Дебет“. Во видео кое се појави на мрежите, снимено од очевидец, можете да видите како Ферарито се заглавило откако се обидело да сврти на улицата Бамберг, на аголот со улицата Арготе де Молина. View this post on Instagram A post shared by Aymeric Grassart (@aymeric_grassart) Минувачите се обиделе да го насочат возачот за да избегне оштетување на каросеријата. Од друга страна, корисниците на социјалните мрежи биле помалку љубезни кон возачот на Ферари. Многумина потсетиле на ризиците од возење низ најтесните и најпрометните делови на Севиља. „Кој би возел автомобил вреден 250.000 евра низ стариот центар на градот?“, прашал еден од нив. Медиумите известуваат дека пристапот до овој дел од градот е ограничен на станари, сопственици на гаражни простори и возила на јавниот сервис, токму поради тесните улици и недостатокот на простор за непречено движење.Тагови: ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
СветПолицајци во САД пукале во автомобил и убиле едногодишно бебе, обвинителката смета дека било оправдано (ВИДЕО)Главниот обвинител на американската држава Мисисипи пресуди дека полицијата оправдано употребила сила кога пукала во автомобил за време на истрага за кражба во која загина едногодишно момче. Коен Вајли беше убиен во јуни додека седел во скутот на неговата мајка. Полицијата тврди дека возачот го возел автомобилот кон полицајците, пишува Би-Би-Си. Пукање по пријава за кражба На 14 јуни, полицијата била повикана во продавницата „Волмарт“ во Сенатобија за пријава за кражба на пелени и детска облека. Според Бирото за истраги на Мисисипи, полицајците пронашле две жени и едно бебе како се приближуваат кон автомобил на паркингот. Тие се обиделе да го запрат возилото, но според официјалната верзија, тоа тргнало кон еден од полицајците и речиси го погодило. Потоа еден полицаец отворил оган. Куршумот го уби момчето и сериозно ја повреди жената-возач, Латоја Ферел. Мајката на Коен, Велесија Вајли, која седела на совозачкото седиште со своето дете во скутот, негира дека таа или Ферел украле нешто. Таа рече дека го држела својот син кренат за полицајците да можат да го видат непосредно пред да биде застрелан. Не се поднесени кривични пријави против ниту една жена. Bodycam footage of the police shooting that killed 1-year-old Kohen Wiley has leaked through Dark Horse Press. Mississippi DPS claimed the Senatobia officer who fired the fatal shot feared for his life. His bodycam has not been released. Background: https://t.co/ubD9DFzyQZ https://t.co/eA6q7ssOZp — Ashton Pittman (@ashtonpittman) October 21, 2026 Спорна одлука на обвинителството Државната обвинителка Лин Фич го објави заклучокот од истрагата во кратка изјава во понеделник. „Во овој инцидент, канцеларијата на државниот обвинител утврди дека употребата на сила била оправдана“, напиша таа. Полицијата не ги објави снимките од пукањето, ниту оние од камерите што ги носеле полицајците на нивните униформи, ниту снимките од камерите за надзор од паркингот. Сепак, некои беа протечени на интернет, според кои се гледа дека полицајците пукаат во автомобил што бега од нив. Адвокатот на семејството Вајли, Бенџамин Крамп, се спротивстави на одлуката на обвинителот. „Како некој може да прифати таков заклучок додека на семејството на Коен и на јавноста сè уште не им е дозволено да ги видат снимките од полициските камери?“, рече Крамп. „Ако видеата ја потврдат одлуката на државата, објавете ги. Нема да се откажеме од борбата додека ова семејство не ја дознае вистината“, рече тој. Мартин Зумах, адвокатот на полицаецот што пукаше, за Асошиејтед прес изјави дека возачот „се обидел да го убие“ неговиот клиент. „Тој немаше друг избор освен да пука“, рече Зумах. Смртта на момчето се случи на американскиот празник Џунтинти, кој го означува крајот на ропството, што предизвика протести во Сенатобија. Демонстрантите тврдат дека расата играла улога во полициските акции. Коен и двете жени во автомобилот се црнци, додека полицаецот кој пукал наводно е бел, како и државниот обвинител. Минатиот месец, градот го отпушти својот началник на полицијата, кој е бел, откако еден весник откри негови СМС-пораки во кои тој постојано користел расни навреди.Тагови: бебе полицајци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
БизарноТринаесетгодишната ќерка на Ким кардашијан и Канје Вест шокира со новиот изглед (ВИДЕО)Норт Вест објави ново видео на TikTok во понеделник во кое покажа уште една промена во својот изглед. Тринаесетгодишната ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест се појави со нов детаљ на вратот што личеше на пирсинг, а видеото набрзо предизвика бројни реакции. Норт експериментираше со изгледи и претходно, особено со шарени перики, драматична шминка и лажен накит. @northwest ♬ original sound - North West Во новото видео, таа покажа многу изразена шминка, долга светло сина перика и екстремно долги црни вештачки нокти. Ги нагласи очите со темна шминка, ги обои усните во црно и покажа црни украси на забите. Сепак, детаљот во средината на вратот што личеше на пирсинг привлече најголемо внимание. Норт ја движеше камерата навнатре и нанадвор за да го покаже својот нов изглед додека во позадина се слушаше „The Reason“ од Hoobastank. Неколку часа претходно, таа објави уште едно слично видео, во кое носеше розова маска за очи, а околу вратот можеше да се види и накит. @northwest ♬ original sound - North West Ким Кардашијан не се појави во ниту една од тие објави. Следбениците изненадени од нејзиниот изглед Трансформацијата на Норт предизвика бројни реакции од корисниците на социјалните мрежи. „Пирсинг на грло?!“ напиша едно лице. „Ова е толку тажно...“ коментираше друг корисник, додека трет напиша: „Нема шанси да има 13 години“. Норт претходно објасни дека пирсингот е лажен Порано овој месец, Норт разговараше во живо со својата мајка за нејзиниот накит, а потоа разјасни дека пирсингот што го носи не е вистински. „Луѓе, овие пирсинг не се вистински“, рече таа. „Ги менувам толку често што мислите дека се вистински“. Ким се согласи со својата ќерка, додавајќи: „Да, како луѓето некогаш можат да помислат дека се вистински? Тие секогаш се различни“. Сепак, Норт не крие дека еден ден би сакала вистински „мост“ пирсинг на мостот на носот. Нејзините родители засега не се за идејата. „Можеби ќе ризикувам кога ќе бидам постара“, рече Норт, додека Ким ја затресе главата во позадина. Како компромис, таа предложи: „Засега, можеме само да ги залепиме“. View this post on Instagram A post shared by NORTH WEST (@northwsst) Нејзиниот изглед веќе предизвикуваше контроверзии Норт претходно беше критикувана поради начинот на кој експериментира со својот изглед. Следбениците реагираа на нејзините објави со лажни пирсинзи на образите и бутовите, како и со фотографија од неа со тетоважи на лицето. Канје Вест, исто така, реагираше на нејзиниот изглед претходно, кој ја критикуваше својата поранешна сопруга за тоа што, според него, ѝ дозволува на нивната ќерка да се облекува и дотерува посоодветно за нејзината постара возраст. Ким и Канје имаат четири деца - 13-годишната Норт, осумгодишниот Чикаго и синовите Сеинт (10) и Псалм (7). Поранешните сопружници го делат законското и физичкото старателство над децата.Тагови: Канје Вест Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22