Неделен хороскоп за 8. до 15. јуни 2026 година - Канал 5

Неделен хороскоп за 8. до 15. јуни 2026 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 8. до 15. јуни 2026 година. 

Неделен хороскоп за 8. до 15. јуни 2026 година

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Доколку и натаму барате сродна душа, обрнете внимание на личностите од вашето работно место. Некој веројатно сака да биде со вас и чека тоа да го забележите . Доколку сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен , а двете страни задоволни и мирни.

Кариера

Можеби ќе ви се чини дека ве притискаат од сите страни , но всушност се работи за предизвиците на кои ќе треба да одговорите за да дојдете до подобри деловни резултати. Пред вас е мала борба во мкоја треба да покажете дека сте борец.

Здравје и совет

Внимавајте на пречувствителноста на промената на температурата.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Со трпение и толеранција би можеле да го подобрите односот со саканата личност. Никаква расправија , а особено некоја мотивирана од љубомора нема да донесе резултати. Време е да играте со затворени карти , па бидете воздржани.

Кариера

Соработката со угледни и влијателни луѓе полека ќе избива во прв план. Вие ќе бидете тркалото , важно во целата постапка. Затоа немојте да бидете прескромни , туку дозволете си да ги изразите и своите амбиции. Одредете ја својата позиција , а уште повеќе шансата.

Здравје и совет

Не претерувајте со храна и пијалоци. Движете се повеќе.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ведрина , позитивен дух , смисол за хумор – сето тоа ќе биде нагласено деновиве во вашиот приватен живот. Затоа не треба да се трудите премногу , туку само држете ги очите отворени и реагирајте како што треба. Се ќе си дојде на место само по себе , а вие ќе уживате.

Кариера

Се наоѓате во период кога некои работи дефинитивно треба да ги приведете до крај. Токму оваа недела е карактеристична по тоа. Ќе завршите некои проекти и ќе свртите нов лист. Кај некои тоа ќе биде малку порадикално . Не брзајте , туку првин направете проценка.

Здравје и совет

Уживајте , но не претерувајте.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Поголемиот дел од слободното време ќе го минувате во сосема обични активности , уживајќи во нечија наклонетост. Без голема помпа ќе знаете да ги цените малите работи , а саканата личност ќе ви врати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без поголеми барања.

Кариера

Почнува фазата во која вашето знаење ќе се цени се повеќе. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашаат за совет или да ви понудат тесно специјализирана работа.

Здравје и совет

Уживајте во животот и во природата.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашиот копнеж ќе биде силен , а вие некако препуштени самите на себеси. Оние кои имаат добар пријател или пријателка , ќе се обидат да ги споделат своите фрустрации. Оние во врска ќе чувствуваат дистанца во односот , а некои ќе бидат во искушение за љубомора. Издржете.

Кариера

Вработените во услужните дејности ќе имаат многу работа , додека другите ќе бидат отворени за да им помогнат на колегите. Некои ќе се покажат како добри советници и своето знаење лесно ќе го применуваат во пракса. Малите недоразбирања во комуникациите ќе бидат минливи.

Здравје и совет

Повремени нервози и мали грижи.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веројатно че дадете се од себе за да се разубавите ,а ќе забележите и дека лицата од спротивниот пол постојано ве одмеруваат. Оние во врска ќе се обидат да го освежат односот , додека осамените ќе излегуваат често и ќе заведуваат. Отворете се и ќе бидете успешни.

Кариера

Што е готово , завршило. Немојте веќе тоа да го анализирате. Оставете времето нека работи за вас , а вие сконцентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не многу дефинирано. Бидете отворени.

Здравје и совет

Не ги поместувајте границите по секоја цена.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се чувствувате како да не можете да се фатите за ништо што е сигурно. Во право сте, но размислете колку сте и самите одговорни за тоа. Партнерот ќе ви покаже како полесно да ги изразувате емоциите. Применете ги советите кои сметате дека се добри.

Кариера

Пред вас се нови предизвици , кои бараат паметен и обмислен пристап. Ќе треба и повеќе да соработувате со колегите , а неретко така да правите и прифаќате компромиси. Не сметајте дека тоа е лошо зашто повеќе очи подобро гледаат.

Здравје и совет

Најдете секој ден малку мир за себеси.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе дружење. На вашата најсакана личност тоа не мора да и се допадне , па потрудете се да ја понесете со себе или да и објасните дека имате потреба за друштвеност. Осамените лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол.

Кариера

Се повеќе ќе ви биде важно вашето знаење и стручноста во работењето.Многумина ќе добијат шанса за да ги покажат своите специфични таленти или нивната диплома ќе добие на тежина. Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагање на испитите. Некои ќе контактираат странци.

Здравје и совет

Издржете како и секогаш. Ќе се исплатува.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе ви изгледа како љубовта да е далеку од вас. Кај некои тоа ќе биде така и во реалноста , зашто саканата личност ќе биде во овој период отсутна. Копнежот ќе се засили, а со тоа и чувството за осаменост.Некои ќе најдат мир во активирање на фантазијата и на совите сништа.

Кариера

Ќе можете без никаков страв да се потпрете на своите претходни резултати. Некои тоа ќе го искористат за да отидат чекор понатаму , а ќе има и такви кои ќе живеат на старата слава колку што можат подолго. Главно , немојте да се успиете , работата напредува ,а со тоа и вие.

Здравје и совет

Обезбедете си повеќе време за сон.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Преокупираноста со другата страна ќе биде голема , а вие подготвени да се борите до крај за врската да успее. Оние во стабилна врска , ќе го обноват својот еротски живот на најдобар можен начин. Они , пак , кои бараат сродна душа ќе бидат упорни и ќе одат до крај со додворувањата.

Кариера

Работите се интензивираат , а се што работите добива претприемнички карактер. Многумина овие денови сериозно ќе се фатат за работа или од нив ќе се бара поголем ангажман на работното место. Оние кои бараат работа, исто така ќе бидат активни.

Здравје и совет

Не го занемарувајте редовниот сон.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате робар ветар во грбот , кога станува збор за љубовните прашања. Ќе ви се отвораат многу полесно вратите , ќе бидете повикувани на интересни забави и на уште поинтересни места. Доколку сте сами , прифатете ги поканете и измешајте се со луѓето. Тие ве очекуваат.

Кариера

За да го поправите она што го работите , морате да се отворите и повеќе да соработувате со колегите. Ставот дека сте незаменливи и единствени не е добар , а особено ако тоа го мислите за себеси. Поработете на сопствената анализа и се ќе ви биде појасно и полесно.

Здравје и совет

Одете на јога или на медитација за да се опуштите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е вашиот избор. Оние кои се во врска ќе минуваат низ период на заситеност , кога ќе им биде потребна голема трезвеност за да издражат. Тоа нема да трае уште долго , затоа поминете низ него.

Кариера

Некои ваши соработници отворено ќе ви ја покажуваат својата наклонетост , додека други на ист начин ќе ви покажуваат дека не ве сакаат. Прифатете ги на мирен начин и едните и другите. Барем ќе знаете со кого имате работа. Држете се до зацртаните правила.

Здравје и совет

По прошетките на свеж воздух, добро наспијте се.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Убиен е уште еден бугарски бизнисмен- сопругот на неговата бизнис партнерка е меѓу приведените

Еден од тројцата мажи приведени од бугарското Министерство за внатрешни работи за убиството на Слави Бинев во населбата Павлово во Софија е сопруг на неговата деловна партнерка.

Убиен е уште еден бугарски бизнисмен- сопругот на неговата бизнис партнерка е меѓу приведените

Бинев и неговата сопруга имале заеднички бизнис со жената, која е вклучена во големи градежни проекти, првенствено во Пловдив и Софија, дознава бугарскиот весник „24 часа“.

Сопругот на жената, кој е еден од тројцата приведени, тренира теквондо во Турција.

Се претпоставува дека зад убиството стојат нерешени финансиски односи. Бинев и осомничениот се познаваат многу години.

Полицијата вели дека Бинев е убиен во својот дом во населбата Павлово во Софија, и дека полицијата добила дојава утрово околу 10:20 часот по локално време, објави бугарскиот „Дневник“.

Бугарските медиуми објавија дека Бинев бил застрелан, и дека тројца осомничени биле приведени на автопатот и дека биле вооружени, а „Дневник“ пишува дека приведените лица ја познавале жртвата и дека веројатно имало финансиски спор меѓу нив. Ова е второ убиство на бизнисмен во Бугарија во изминатиот месец.

Две оружја се пронајдени во автомобилот во кој беа приведени тројца мажи, уапсени за убиството на Слави Бинев. Полицијата ги фати во реонот на тунелот „Трајанова порта“ на автопатот „Тракија“. Сите тројца имаат чисти досиеја. Двајца од Турците се постојани жители на Бугарија.

Двајца од приведените имаат турски имиња, а третиот маж е Бугарин. Мотивот за убиството се утврдува. Според првичните информации, станува збор за личен конфликт, објавува 24chasa.bg.

Бинев (60) беше бугарски бизнисмен, поранешен член на Европскиот парламент и поранешен претседател на Бугарската федерација за теквондо.

Во 1992 година, Бинев ја освои европската титула во теквондо на Отвореното Европско првенство што се одржа во Целје, Словенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Старлинк“ е повторно достапен во Украина

Украина објави дека повторно воспоставила „стабилна врска“ со системот Starlink на SpaceX, кој е од витално значење за нејзината војска, по неколкудневните ограничувања на брзината поради тензиите со Вашингтон.

„Старлинк“ е повторно достапен во Украина

„Системите за следење на Министерството за одбрана го регистрираат повторното воспоставување на брзините на Starlink/Starshield. Евидентираме брзини поголеми од 400 км/ч, а врската е стабилна“, изјави украинскиот министер за одбрана, Евгениј Хмара. „Тоа е првенствено важно за нашите фронтовски линии, за нашата армија, за операциите со беспилотни летала, за логистиката и за комуникациите“, додаде тој. Хмара го поздрави „цврстиот став на украинскиот претседател на највисоко ниво“, верувајќи дека тој „вроди со плод“.

Неколку дена Украина се жалеше на ограничувањето на брзината на терминалите на Starlink до 160 км/ч, што ја попречуваше нејзината способност да користи одредени беспилотни летала.

Ограничувањата создаваат проблеми

Володимир Зеленски го обвини Вашингтон дека стои зад ограничувањата и дека постојано не го предупредува Киев за напливот руски ракети пред да погодат.

Белата куќа и милијардерот Илон Маск, чија компанија SpaceX управува со Starlink, ја негираа одговорноста за ограничувањата на сателитскиот систем.

Вчера, Доналд Трамп објави дека Илон Маск ја „рестартирал“ мрежата Старлинк за Украина.

Ограничувањата започнаа по зголемените тензии меѓу Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, кои разменија остри критики во медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српската дијаспора масовно се пријавува за гласање- се очекува голема излезност на изборите

Граѓаните на Србија утре одат на вонредни парламентарни избори, а клучното прашање што доминира во јавноста е колкава ќе биде излезноста. 

Српската дијаспора масовно се пријавува за гласање- се очекува голема излезност на изборите

Се очекува дека тоа би можело да биде рекордно и со тоа да даде појасен увид во расположението на гласачите и нивната подготвеност да влијаат врз иднината на земјата, пренесе Индекс.

Политикологот Александар Ивковиќ за порталот Нова изјави дека очекува бројот на граѓани на гласачките места да ги надмине претходните рекорди. Според неговата проценка, излезноста би можела да биде поголема од 61 процент, што е моментален рекорд за парламентарни избори.

Во недела, гласачите во Србија ќе изберат ново свикување на парламентот, а на гласачкото ливче има 18 изборни листи. На полноќ започна изборниот молк, со што заврши повеќенеделната кампања во која учесниците се обидоа да ја обезбедат поддршката од граѓаните.

Едно од главните прашања за време на кампањата беше колку луѓе всушност ќе излезат на гласачките места и како тоа би влијаело на конечниот резултат. Затоа, излезноста се јавува како одлучувачки фактор на овие избори, кои се одржуваат по две години политичка криза и социјални тензии. Резултатите ќе покажат кому граѓаните му веруваат, но и колку партиите успеале да ги мотивираат своите гласачи, што на крајот ќе ја покаже состојбата на српското општество.

Важноста на високата излезност

„На овие избори очекуваме поголема излезност и речиси сум сигурен дека претходниот рекорд од 61 процент за парламентарните избори ќе падне. Рекордот за претседателските избори е 68 проценти, а беше поставен во вториот круг во 2008 година помеѓу Борис Тадиќ и Томислав Николиќ. Можеби е амбициозно да се очекува поголема бројка, но нема да бидам изненаден ако процентот се приближи до неа. Треба да се запомни дека официјалната излезност од 60 проценти во Србија всушност значи „вистинска“ излезност од над 70 проценти, ако го земеме предвид бројот на луѓе кои всушност живеат во земјата“, рече Ивковиќ.

Тој објаснува дека високата излезност обично покажува дека граѓаните ги гледаат изборите како клучни за насоката во која се движи земјата. „Таков беше случајот во 2008 година на претседателските избори или во 2000 година на изборите за претседател на СР Југославија. Верувам дека е така и сега. Перцепцијата дека овие избори се клучни е доста распространета, а за ова придонесува и силната поделба во општеството. Анкетата на ИРИ од мај покажа дека во тоа време дури 68 проценти од граѓаните биле сигурни дека ќе гласаат, иако точниот датум сè уште не бил познат. Дополнителни 15 проценти рекле дека веројатно ќе гласаат“, наведува тој. Ивковиќ.

Со оглед на настаните од изминатите две години, тој верува дека не е изненадување што мнозинството граѓани сакаат да ги искажат своите ставови за ситуацијата во земјата. „Општо земено, високата излезност е секогаш добра за легитимитетот на изборите и идните институции. Сепак, таа легитимност не зависи само од бројот на гласачи, туку и од начинот на кој се спроведуваат изборите. И покрај бројните проблеми во изборниот процес што ги забележаа набљудувачите како што е ОДИХР, овие избори барем ќе го имаат тој важен демократски елемент“, заклучува Ивковиќ.

Рекорден интерес на дијаспората

Важноста на овие избори се докажува со бројот на граѓани од дијаспората кои се регистрирале за гласање, кој е многу пати поголем отколку во 2023 година. Во Германија, бројот на кандидати се зголемил за трипати, додека Австрија, Босна и Херцеговина, САД, Швајцарија, Италија, Шведска и Норвешка исто така забележале значителен раст.

Во Германија се регистрирани повеќе од 18.000 гласачи, но отворени се само осум гласачки места, од кои повеќето имаат повеќе од 2.000 регистрирани гласачи. Во БиХ, бројот на гласачи порасна од 13.000 на речиси 20.000, а отворени се и 10 нови гласачки места.

Зголемување на бројот на кандидати е забележано и во Франција, Словенија, Црна Гора, Обединетото Кралство, Холандија и Шпанија. Во Австралија, за прв пат се отворени две гласачки места, додека нема да има гласање во Бугарија, Романија, Турција и Словачка.

Излезност на последните избори

Вкупно 3.820.746 граѓани гласаа на вонредните парламентарни избори одржани на 17 декември 2023 година, што претставува излезност од малку повеќе од 58 проценти.

За споредба, на федералните избори на 24 септември 2000 година, според официјалните податоци, гласале 4.916.920 гласачи, или 71,55 проценти од вкупниот број регистрирани во регистарот на гласачи.

Во недела, на 25 октомври, гласачите гласаа на гласачкото место означено според нивната адреса на живеење. Гласачките места се отвораат во 7 часот наутро и се затвораат во 20 часот. За гласање е потребна важечка лична карта со фотографија, како што е лична карта или пасош.

Откако изборната комисија ќе го утврди идентитетот и ќе го пронајде гласачот во списокот, гласачот го потпишува и го зема гласачкото ливче. Гласањето се врши тајно зад параван, со заокружување на редниот број пред името на избраната листа. Потоа гласачкото ливче се преклопува и се става во кутијата за гласање. Никој не може да влијае на одлуката на гласачот или да провери за кого гласал.

По затворањето на гласачкото место, започнува броењето на гласовите и составувањето записници, а податоците се доставуваат до изборната комисија. Првите неофицијални резултати се очекуваат во текот на вечерта. Конечните резултати ги објавува надлежната изборна комисија, по што започнуваат роковите за поднесување приговори и формирање нова влада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер