СДСМ: Платформа за иднината на Мицкоски на која ѝ помина 12 часот a со него им помина и времето, ЗНАМ 2.0 нема да помине
2СДСМ: Платформа за иднината на Мицкоски на која ѝ помина 12 часот a со него им помина и времето, ЗНАМ 2.0 нема да помине
ХороскопНеделен хороскоп за 8-15. јуни 2020 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник , 8. - 15. јуни 2020 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии. Кариера Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш. Здравје и совет Занимавајте се со јога и медитација. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги. Кариера Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни , но само за нивна рекреација. Здравје и совет Никаде не брзајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Кариера Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуцваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност. Здравје и совет Ако треба да се борите, изборете се и не се плашите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат. Кариера Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена . Вага 24.9.-23.10 Љубов Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение. Кариера Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Не ги напуштајте новите идеи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро. Кариера Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Иние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни. Здравје и совет Не го потценувајте здравиот и мирен сон. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм. Кариера Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта. Здравје и совет Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели. Кариера На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте. Здравје и совет Немојте да пиете студени пијалоци. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , не седете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни. Кариера Повеќето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор. Здравје и совет Би сакале да истражувате непознати места . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе организирате интересни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност. Кариера Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно. Здравје и совет Човек на човека е лек. Овен 21.3-20.4. Љубов Заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства. Кариера Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција. Здравје и совет Не заборавајте на редовниот одмор и сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете. Кариера Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични. Здравје и совет Можете да поместувате планини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МетеоВрнежливо време со температура до 21 степенВремето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, а во претпладневните часови сè уште се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Во текот на денот врнежите постепено ќе престануваат. По обилните врнежи што ја зафатија земјава во петокот и продолжија во текот на ноќта, денеска ќе се задржи посвежо и претежно облачно време, соопштиja од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 7 до 14 степени, а дневните ќе достигнат меѓу 14 и 21 Целзиусов степен. Во Скопје ќе биде облачно и постудено. Во утринските и претпладневните часови ќе има повремени врнежи, по што се очекува постепено стабилизирање. Ветерот ќе биде слаб и со променлив правец. Од недела се очекува постабилен период, со повеќе сончеви интервали, но и со пониски утрински температури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Платформа за иднината на Мицкоски на која ѝ помина 12 часот a со него им помина и времето, ЗНАМ 2.0 нема да поминеГрупата што некогаш го водеше СДСМ. Денеска нов ЗНАМ 2.0. Андреј Петров. Игор Ивановски–Шема. Никола Ќуркчиев. Гордан Георгиев. Славјанка Петровска.Истите луѓе што ја доведоа партијата до изборен пораз. Истата екипа што помогна да се направи ЗНАМ 1.0. Иста екипа што молчеше додека Мицкоски го делеше СДСМ. Денеска таа екипа ја предава својата партија за тендерите на Мицкоски. Денеска за нив СДСМ вреди 1,6 милиони евра. Помалку од Дејвид Гета. За нив е само личен интерес. Затоа и министрите од ЗНАМ 1.0 јавно им даваат поддршка. ЗНАМ 1.0 со јавна поддршка за на ЗНАМ 2.0. Зошто некој би барал „реформи“ токму сега - кога СДСМ е единствената опозиција што се бори против организираната криминална група ВМРО и арамијата Мицкоски? Зошто токму на денот кога им кажавме на граѓаните дека трговец со оружје - уапсен, со казна платена од човек од кокаински канал, му ја плаќа агендата на Мицкоски? Токму кога објавивме дека ВМРО-ОКГ планира грабеж на националните ресурси. Кога го објавивме планот за рудниците. Токму тогаш се јавува „Платформата“ и зборува за насилно преземање на СДСМ. Луѓе што не се кандидираа за функции во партијата сакаат некого да сменат, себе да се постават. И тоа од ресторан. Од хотел. Не од партија. Истите што на претходниот собир седеа со луѓе што немаат никаква врска со СДСМ - членови на други партии и бараа промени кај нас. Истите што не сакаа да влезат на вратата од својата партија на разговор, туку прават обид за пуч. Недемократски обид да ги преземат органите на партијата. Истите луѓе кои ги водеа штабовите по изборните единици и изборната кампања. Кои изгубија. Истите тие кои доживеаја најголем историски пораз на СДСМ на изборите. Тие истите бараат реформи?! Постои начин како се станува член, функционер и претседател. СДСМ има статут и демократски избор. Така било секогаш. Така е и сега. Никој од кафеана, ниту од хотел нема да смени некого во СДСМ додека тој е со народот на терен се бори против организираната криминална група, бандата на Христијан Мицкоски. Еднаш ја продадовте партијата. Овој пат нема да помине. Џабе ви се орбановите медиуми што ве промовираат. Џабе ви се Латас и Ивона што ви ги туркаат текстовите за поддршка и соопштенијата на ВМРО-ОКГ. Џабе ви се ботовите на СНС-платформите во служба на ВМРО-ОКГ. Џабе ви се 1,6 милиони евра што ви ги дава Мицкоски преку тендери. Нема да помине. Џабе ви е сè. СДСМ постоел и ќе постои и после вас. Одиме со народот до победа над овој криминален режим. Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
КултураЗлатна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“Битола уште еднаш покажа зошто е вечниот Град на светлината и уметноста, испраќајќи уште едно фестивалско издание во историјата на најспектакуларен можен начин. Центарот за култура синоќа беше сведок на незапаметен аудио-визуелен спектакл кој ги сруши границите помеѓу филмот, историјата и технологијата. На свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“, архитектурата на сцената буквално оживеа, трансформирајќи се во гигантско, пулсирачко виртуелно платно преку магичен 3D видео-мапинг кој ја остави публиката без здив! Изминативе денови публиката во Битола имаше можност да гледа рекорден број филмови со висока естетска вредност. Учесниците не штедеа зборови во пофалбите на сцената. Рекоа дека на фестивалот се чувствувале како едно големо семејство на кинематографери и се заблагодарија на целиот тим што им овозможиле да се чувствуваат како дома. -Ви благодарам што сум повторно и годинава со вас на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола. Ова е магично место. Годинава имав можност да гледам многу филмови, за разлика од минатата година. Доаѓам од Холивуд каде се се врти околу парите и кога дојдов овде во Битола на вашиот фестивал видов уметност на големото платно и тоа ме воодушеви, рече оскаровецот Воли Фистер, кој годинава го предводи жирито во официјалната селекција за Камера 300 заедно со Семи Капланоглу, Давид Шамбиј и Наташа Петровиќ. Златна камера 300 доби кинематограферот Лукаш Жал за филмот „Татковина“ на Павел Павликовски. Сребрена камера 300 доби кинематограферот Жонгчијанг Лианг за „Непозната девојка“, а Бронзена камера 300 му припадна на Пол Спенгеман за филмот „До крајот на денот“. Селекцијата ја направи Слаѓан Пенев, а од лауреатите во салата присуствуваше Жонгчијанг Лианг, додека Спенгеман и Жал се обратија со видео пораки. -Ова е прв пат да учестувавам на „Браќа Манаки“ и прекрасно си поминав. Наградата ми значи многу и ќе им ја посветам на студентите во Белград кои сеуште се борат на улиците низ Србија рече Спенгеман и вети дека следната година повторно ќе дојде. Лианг рече дека иако филмот доаѓа од Кина, сепак приказната е универзална и се заблагодари на целата екипа од филмот особено на сопругата која е режисер на филмот. -Му благодарам на фестивалот „Браќа Манаки“ што изминативе седум дека имав неповторлива можност да се сретнам со мои идоли од светската кинематографија, да разговарам со нив и да се фотографирам, рече Лианг. Наградата на Лукаш Жал му ја додели жирито поради не само спектакуларната кинематографија, туку и поради тоа што ја следи приказната. Тој во видео порака рече дека за жал поради работа на проект не е во можност да биде во Битола. -Изненаден сум, почестен и жалам што не сум таму со вас. Му благодарам на жирито и на фестивалот, рече Жал. На присутните на свеченото затворање им се обрати директорот на фестивалот Димитрија Доксевски кој рече дека во изминативе седум дена се случи љубов, почит, забава...гледавме филмови, ги учевме децата да го сакаат филмот, гледавме мастеркласови, работилници, огромен број кинематографери. -Навистина сум многу горд и среќен сум што ова издание многумина од нас ќе го паметат цел живот. Имам многу идеи и мојот тим се потруди тоа да го реализира. Да живее „Браќа Манаки“ со многу љубов и многу почит, рече Доксевски заблагодарувајќи се на тимот и на публиката За наградата Кристална камера 300 за студентската камера селектирана од Ханис Багашов одлучуваа Ана Сари, Елеонора Венинова и Мајкл Чонг. Наградата ја доби кинематограферката Милда Јуодвалките за филмот „Зад ридот на Наполеоновата капа“ за „емоционалната интелигенција со која „нè воведува во приказната, водејќи нè низ спомените и сегашноста“ Јуодвалките се заблагодари со видео порака во која рече дека не ја очекувала и многу уживала во проекциите додека престојувала на фестивалот. Селекцијата на кратките филмови направена од Марија Апчевска и Атанас Велковски ја оценуваше истото жири и Мала златна камера 300 му додели на Хулијан Амару Естрада за филмот „Никој не го познава светот“ за „креативна разновидност со која камерата ја доловува суровата природа на општествената реалност и автентично го прикажува еден тежок свет“. -Ги гледав сите филмови од оваа селекција и таму имаше мнпгу што ја заслужуваат наградата, затоа ви благодарам, рече Хулијан Амару Естрада. Документарната програма ја селектираше Кумјана Новакова одлучуваше жирито во состав Дани Салал, Ивана Хаџиевска и Лука Коасин. Железна камера 300 ти им доделија на двајца добитници: Бенџамин Ечазарета за филмот „Кракатауа“ и Максим Катари за „Убавината на магарето“. -Кинематограферот Максим Катари ја пронајде соодветната дистанца на својот поглед за да ја раскаже приказната, додека Прецизната кинематографија на Бенџамин Ечазарета ја врамува бесконечноста. Тој нè пренесува од површината до срцето на нашата планета. Патување навнатре, кон самите себе, рекоа од жирито. Лауреатите се заблагодарија од сцената во Битола и изразија среќа и задоволство што се дел од фестивалот годинава. Специјално признание доби и кинематограферот Ала Кеир за филмот „Ништо не се случува по твоето отсуство“, за „вклопувајќи ја пустината во формат на слика 1.33, со ограничена опрема и специфична мизансцена, снимателот Ала Кеир испраќа силна порака: филмот е сведок на реалноста на луѓето“, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook