ХороскопНеделен хороскоп за 8.- 15. февруари 2021 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 8.2. - 15.2. 2021 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Наредните денови ќе дојде до постепено подобрување во вашиот приватен живот. Луѓето повторно ќе станат поотворени кон вас и обратно. Многумина ќе ја обноват својата врска со излегување на убаво место. Самите повторно ќе излегуваат почесто. Кариера Разновивидна работна недела . Од една страна со нетрпение ќе очекувате да се изразите и покажете колку можете, а од друга страна за некои теми ќе биде подобро да молчите или да ги одложите. Најдобро ќе поминат оние кои знаат да балансираат. Здравје и совет Следете ја својата интуиција. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Деновиве ќе излегувате поретко и ќе се концентрирате на своето заедничко секојдневие. Нема да ви биде потребна поголема атракција. Ќе ви биде доволно да останете дома со саканата личност или да заминете на место каде ќе бидете сами. Кариера Како што ќе минува неделата , ќе ви биде јасно дека вашите работни планови се развиваат доста добро. Ова сознание ќе ве исполни со мир и задоволство. Ќе бидете подготвени и за секаква соработка. Лесно ќе ги рушите предрасудите. Здравје и совет Некои ќе ги освежат старите спомени. Овен 21.3-20.4. Љубов Оние кои се уште се сами ќе се двоумат дали да останат дома , каде се чувствуваат заштитено и добро.Сепак , ако се решат да излезат , ќе увидат дека таму ќе се чуствуваат уште подобро. Затоа, би било штета да се пропушти шанса за ново познанство. Кариера Ќе испробате различни опции на работење што би можеле да доведат до заработувачка.Некои дури и ќе експериментираат. Оваа игра ќе им донесе и радост , зашто нема да биде здодевно. Сепак , важно е да се штеди силата , зашто ќе ви недостига енергија. Здравје и совет Ќе поработите на својот стил и внатрешната состојба. Бик 21.4- 20.5. Љубов Како што ќе минува неделата , ќе добивате се повеќе покани за излегување и забава, па и покани за љубов. Веројатно ќе бидете добредојден гостин , а вие самите ќе се трудите да не пропуштите ништо. Било во врска или сами , добро ќе си поминувате. Кариера Во темите поврзани со вложувања, спонзорства или недвижности ќе дојде до мала затегнатост , а вие ќе мора да ги согледате, анализирате и донесете одлуки што ќе го насочат натамошниот тек на развој. Обидете се да бидете објективни и не брзајте. Здравје и совет Не заборавајте да се одморите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многу убави љубовни шанси ќе се нижат во вашиот приватен живот, така што нема да знаете што би избрале. Концентрирајте се на она што го сакате , па ќе знаете исправно да се поставите кон секого. Кариера Можноста креативно да се изразите ќе биде најдобриот дел од целата работа оваа недела. Се другом ќе биде поврзано со стрес или мали борби во кои ќе согорувате. Ќе успеете да поставите некои работи , но на крај ќе бидете многу заморени. Здравје и совет Наспијте се . Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас се денови во кои ќе имате можност да тренирате толерантност и трпение. Токму од тие ваши особини ќе зависи квалитетот на вашиот љубовен живот. Ако сакате да бидете задоволни препуштете и на другата страна и таа да води во нешто. Кариера Со задоволство би сакале да го смените својот систем на проценка на луѓето. Ќе поработите на тоа. Овој пат вашите критериуми ќе бидат повисоки , а ќе ги следи и вашата поголема отвореност кон другите. Само преку јасна комуникација , ќе направите подобри одлуки во работењето. Здравје и совет Се менувате на добро. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе бидете загатка за другите , а во душа подготвени за љубов. Многумина ќе ја откријат својата еротичност. Ако сте веќе во врска , таа би требало да се подобри , а партнерот повторно ќе се заљуби во вас. Самите ќе бидат повикани во друштво , но на дискретен начин. Кариера Ќе се активирате во обновување на деловните контакти и ќе се обидете да оживеете некои претходни проекти за кои верувате дека се добри. Ќе балансирате меѓу отворен пристап и дискреција. Некои работи сепак ќе зачувате за себеси. Здравје и совет Одете таму каде што се чувствувате добро. Девица 23.8.-23.9. Љубов Оние во подолги врски , ќе имаат се поголема потреба за интимност , па најверојатно ќе се повлечат дома , за да уживаат заедно.Оние кои уште бараат сродна душа , би можеле да ја сретнат на обични секојдневни места. Кариера Следуваат денови кога ќе бидете вешти во извршување на работите , но неспретни во изразувањето. Би можело погрешно да ве разберат . Затоа , потрудете се да бидете што појасни или не објаснувајте ништо ако не морате. Здравје и совет Телесно сте во добра форма. Вага 24.9.-23.10. Љубов Планетите ви се наклонети кога станува збор за љубов.Оние во врска сепак нека бидат малку потолерантни . Оние осамените ќе излегуваат и ќе се забавуваат до крајни граници. Ќе им одговараат големи друштва и бучни места.Ќе бидат радосни. Кариера Време е за средување на ситните работи. И оние познатите , но не преамбициозни лесно ќе ги извршите. Ако сакате да се впуштите во нешто поголемо , поатрактивно и покомплицирано , ова не се погодни денови. Подобро е да ги сумирате резултатите. Здравје и совет Уживајте во природа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете желни за забава и настани , а нема да има доволно за да ве задоволат. Имајте на ум дека ова е преоден период, па не треба да му придавате преголемо значење. Од друга страна , ако сте во долга врска , работите се развиваат сосема добро. Кариера Ќе комуницирате со соработниците за помали задачи, што ќе ги одработите беспрекорно. Понекогаш ќе ви недостигаат вистински предизвици , зашто оние кои секојдневно ги доживувате , ќе бидат помалку атрактивни. Здравје и совет Ќе уживате во секаков вид спорт. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Пред вас се убави љубовни денови, во кои ќе има многу шанси за зближување. Вашиот друштвен живот ќе станува секој ден се побогат , а вие порадосни. Не седете дома, излезете меѓу луѓе и уживајте. Кариера Не сте свесни за своите можности. Од вас се очекува повеќе и подобро зашто сте способни. Потрудете се и одработете го она што морате , а потоа посветете се на она што го сакате. Така ќе напредувате на стабилен и сигурен начин. Здравје и совет Некои размислуваат за одење на козметичар. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете расположени за љубов , но другата страна ќе се држи резервирано. Не се откажувајте , издржете. Младите полесно ќе се поврзуваат , а забава нема да изостане. Кариера Пред вас се некои нови можности. Доаѓаат одговорите на претходно поставени прашања.Тоа ве насочува кон натамошна работа во која ќе се појават вашите мали таленти и знаењето.И натаму одржувате бројни контакти , кои ве поттикнуваат. Здравје и совет Ве чекаат нови сознанија .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизХајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата. Хајди не се крие Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“. Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен. „Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа. Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди. Таа не сака инјекции за слабеење Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“. Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
СветЖена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случајМаж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево. Жена пренесена во Женева на лекување Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
АвтомобилизамДури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во кризаУделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени. Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати. „Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто. Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“. Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи. Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“. Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно. Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили. Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење. Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно. Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“. Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина. Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter