Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
2Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ХороскопНеделен хороскоп за 7- 14. јуни 2021 година Дневен хороскоп за периодот од понеделник 7- 14. јуни 2021 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со трпение и толеранција би можеле да го подобрите односот со саканата личност. Никаква расправија , а особено онаа мотивирана од љубомора нема да донесе резултати. Време е за играње со затворени карти , па бидете воздржани. Ќе биде добро. Кариера Вработените во сите дејности поврзани со акција ќе можат ќе можат во својата работа да дојдат до израз повеќе од кога било. Многумина ќе бидат препознаени како талентирани или барем како квалитетни работници. Другите ќе им бидат интересни на соработниците. Здравје и совет Бидете она што сте и не се плашите. Рак 22.6-22.7. Љубов Императив во вашиот приватен живот ќе биде забавувањето. Нема да тежнеете кон сериозна врска , барем не по секоја цена, но доколку се случи , ќе ја прифатите. Оние кои се веќе во врска , ќе се поврзат со младо друштво, па заедно ќе се забавуваат. Ќе биде добро. Кариера Можно е да се најдете во ситуација кога најсериозно ќе се мерат вашите постигнувања. Критериумите би можеле да бидат строги , но не се плашите- ги имате сите квалитети за да добиете заслужено добра оценка.Тоа ќе покрене некои трансформации. Здравје и совет Помалку напрегање , повеќе одморање. Лав 23.7-22.8. Љубов Согледувате дека не треба омраза ниту кавга , зашто тоа не води никаде. Подобро е да се повлечетѕе и да размислувате во тишина , па и за она што во моментов не ви се допаѓа. Потоа опуштете се и фокусирајте се на она што е добро во вашиот приватен живот. Ќе најдете нешто. Кариера Техниката со еден удар да се убијат две муви , овој пат нема сосема да се оствари, но вашата способност да работите две работи во исто време ќе биде успешна.Затоа одлучете се за ова второто. Работите во тишина се нагласени, а вие низ сето тоа се борите за своите идеи. Здравје и совет Наспијте се . Потребен ви е одмор. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако емотивно нема да го чувствувате она исполнување што сте го очекувале , вашиот позитивен и отворен став ќе ви носи некои љубовни поени. партнерот ќе ја разбира вашата зголемена потреба за друштвеност. Некои ќе одат на забави со пријателите без план. Кариера Откако сте решиле еден проблем , од сега ќе работите со помалку напнатост и со поголемо задоволство. Сепајк , од вас и натаму ќе се бара зголемен ангажман. така ќе биде уште оваа недела. Затоа , засукајте ги ракавите и не поставувајте непотребни прашања. Здравје и совет Прошетајте се пред спиење. Вага 24.9.-23.10 Љубов Елоквенција и отвореност ќе бидат вашите адути за заведување на личност од спротивниот пол. Понекогаш за другите ќе бидете недостижни . Сепак , предајте му се на оној што го сакате , а најмногу за да не зажалите подоцна. Љубовта можеби е далеку , но вие сте тука. Кариера Главниот мотив за работа оваа недела ќе ви биде соработка и прифаќање на понекој компромис.Не терајте по свое зашто главниот збор засега го водат некои други. Бидете отворени и кооперативни , па се ќе тргне во добра насока. Здравје и совет Елиминирајте ги фрустрациите преку спорт. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои се вљубени , ќе сакаат интензивно , а другата страна ќе им возвраќа помналку интензивно. Сепак , нека го прифатат она што го имаат , зашто сите не сме во двојка во иста фаза. Самците ќе освојуваат брзо и лесно. Деновите се добри за љубов и за друштвен живот. Кариера Погледнете подобро околу себе и ќе најдете многумина кои би сакале дасоработуваат со вас.Потребно еподобро да се поврзете и да смислите поефикасен организационен план. Кога ќе го направите тоа , ви преостанува да постапувате според него. Вие тоа го можете. Здравје и совет Анализирајте ги своите ставови. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите кои ги среќавате на забави или на спортски приредби. Некому веројатно сте му привлечни и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен , а двете страни задоволни. Кариера Како што ќе минува неделата , ќе станува се појасно дека вие го имате потребното знаење и стручност , кое сега се бара.Многумина ќер покажуваат кон вас и ќе речат дека токму вие сте личноста што треба да се ангажира. Но , тој ангажман нема да дојде лесно , зашто ќе треба да соработувате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Првиот дел од неделата ќе донесе убави љубовни настани , а од средината на неделата работите се забавуваат. Вашето љубовно расположение ќе се намалува, шанситеза познанаства ќе бидат поретки , а оние во врска малку ќе се дистанцираат еден од друг. Кариера Пред вас е добра шанса за развој на кариерата или за усовршување во професијата. Без оглед на надворешните околности, прифатете го она што ви се нуди и тргнете во освојување на нови искуства. Ќе ги проширите хоризонтите , а нешто и ќе заработите. Здравје и совет Не треба да ги намалувате сопствените критериуми. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Сега ви е во целост јасно дека сакате и сте сакани. Единаствено се прашувате до кога тоа ќе потрае. Ова прашање сега е непотребно, а вашите грижи само ја оптоваруваат хармонијата во која живеете.Од вас зависи дали ќе се свртите кон светлоста или кон темнината. Кариера Ќе ви изгледа камко се да е во рацете на накои други. Што е најлошо , ќе бидете во право. Во овој момент вие не можете многу да влијаете на работите , но тоа не значи дека нема да можете малку подоцна. За да го дочекате подготвени овој период, немојте да се нервирате. Соработувајте дипломатски. Здравје и совет Издржете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Без оглед на внатрешната сигурност , ќе правите грешки во чекори. Од вас и вашата способност за самојконтрола ќе зависи успехот во приватниот живот. Потрудете се и дајте се од себе , но при тоа бидете реални. Кариера Сите шематски работи сега ве попречуваат. Ќе бидете во ситуација да се прилагодувате кон нови програми и тоа најчесто такви што ги смислил некој друг. Немојте бурно да реагирате , туку поминете низ тоа. Ништо друго не ви преостанува. Ако ништо друго , уште повеќе ќе созреете. Здравје и совет Истражете ги сопствените таленти. Овен 21.3-20.4. Љубов Страста што ќе ја покажете кон другата страна понекогаш ќе ја плаши. изгледа како точно дазнаете што сакате и очекувате да ви биде возвратено од саканата личност. Сепак , ќе треба малку повеќе такт и трпени за да се искристализираат ставовите. Бидете умерени. Кариера Ќе има денови кога ќе се затекнете во искушение од самозадоволство. вашата проценка на сопствените можности треба да биде реална и зрела. Во секој ваш потег се гледа она што го носите во себе. Затоа препуштете им на другите да зборуваат за вашата работа. Така ќе биде поубедливо. Здравје и совет Мал пад на имунитетот. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе се појави ново светло на вашето љубовно небо. Она што долго го чекавте се исполнува и нема дури да ви се верува дека се отвораат нови љубовни шанси. Дотерајте се и излезете надвор , меѓу луѓе. Сепак , не претерувајте со сопствената презентација. Кариера На работниото место ќе имате многу интересни содржини. Оние чиј карактер на работата е креативен , ќе имаат успех. Ќе биде нагласено поврзувањето со млади соработници. Вие самите ќе подготвувате нови , подобри услови за работа. Здравје и совет Ќе се чувствувате дека можете повеќе и подобро. Потрудете се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Живот Што се случува со организмот ако постите седум дена?Истражување кое открива како реагира организмот на рестрикција на калориите.Истражување спроведено на 12 здрави лица покажа дека седумдневниот пост на вода го менува телото и органите, а најголемите промени се случуваат околу третиот ден. Повеќедневното постење на почетокот почнува со трошење на складираните масти. Истражувачи од Лондонскиот универзитет на кралицата Мери и Норвешкиот универзитет за спортски науки следеле 12 здрави лица кои седум дена консумирале само вода. За време на истражувањето анализирале околу 3.000 протеини во крвта на учесниците за да утврдат како организмот се прилагодува на целосното исклучување на храната. Телото во првите три дена од користење на гликозата преминало на користење на складираните масти како главен извор на енергија, па учесниците изгубиле 5 до 7 кг, и масно и немасно ткиво. Меѓутоа, она што се случило по првите три дена ги изненадило истражувачите. Почнале да се случуваат значајни промени во нивото на протеини поврзани со многу органи и процеси во организмот. Третина од анализираните протеини се промениле за време на постот, а некои промени не можеле да се објаснат со губење на килограмите. Меѓу нив се промените на протеините кои имаат улога во структурата и функционирањето на нервните клетки, што укажува дека долготрајното постење може да има многу поголемо влијание врз телото отколку што се сметаше некогаш. Резултатите не значат дека треба да гладувате За првпат можеме да видиме што се случува на молекуларно ниво во организмот додека постиме. Нашите резултати нудат докази за здравствената придобивка на постот и не се однесуваат само на губењето килограми, тие се видливи дури по три дена целосна рестрикција на калориите – објаснува Клаудија Лангерберг од Универзитетот Кралицата Мери. Важно е да се нагласи овие резултати се однесуваат на целосна рестрикција на храна во текот на неколку дена, а не на кратки форми на повремен пост, како што се популарните режими засновани на автофагија. Според тоа, овие резултати не можат автоматски да се применат на секоја форма на пост. Научниците се надеваат дека подоброто разбирање на овие промени еден ден би можело да помогне во развој на терапии кои би имитирале одредени ефекти на постот, без притоа да се бара од пациентите целосно воздржување од храна со денови. Мајк Пицнер, еден од авторите на студијата, истакна дека долготрајниот пост не е безбедна опција за секого, особено не за лицата со веќе постоечки здравствени проблеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноДошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)Адилсон Марсаро (48) од Бразил го загуби животот во необична несреќа на гробиштата, кога пропаднал во гробот на сопствениот татко. Трагедијата се случила додека тој престојувал на гробиштата на погреб на пријател, а бетонската конструкција на која седел наеднаш се урнела. Несреќата се случила во средата, на 21 октомври, на градските гробишта Сао Хозе во Линхарес, во бразилската држава Еспирито Санто. Марсаро дојде тој ден да присуствува на погребот на пријател кој загинал во сообраќајна несреќа претходниот ден. Според гробарот Назаре Бравин, човекот пристигнал на гробиштата со мотор, ги поздравил присутните и прашал каде ќе биде погребан неговиот пријател. После тоа, тој ги оставил моторот и кацигата, а потоа се упатил кон гробот на својот покоен татко, кој се наоѓал на истите гробишта. Кога стигнал до гробот на својот татко, Адилсон седнал на бетонскиот надгробен камен. Во тој момент структурата наеднаш попуштила под неговата тежина и човекот пропаднал во гробницата. Силен тресок го привлече вниманието на луѓето во близина. Кога сфатиле што се случило, веднаш повикале брза помош. На местото на настанот пристигнале припадници на противпожарната служба и брзата помош, но несреќниот човек не можел да се спаси. Лекарите можеле само да констатираат смрт. Неговото тело е извлечено од урнатата гробница и пренесено на обдукција. Како што пишува Њујорк Пост, Марсаро бил погребан веќе следниот ден, на истите гробишта каде што го загубил животот. View this post on Instagram A post shared by Agora Brasil (@agorabrasilnews) Градските власти на Линхарес изразија сочувство до семејството и пријателите на жртвата. Во соопштението тие наведуваат дека вработените на гробиштата веднаш ги известиле надлежните органи, но дека обидите за спасување биле неуспешни. Воедно, тие ги потсетија граѓаните да бидат особено внимателни при посетата на гробните места, особено во пресрет на празникот Денот на мртвите, кога се очекува поголем број посетители. По трагедијата се отвори и прашањето за безбедноста на гробните градби. Градската управа соопшти дека е надлежна за одржување на заедничките површини, патеките и другите јавни делови на гробиштата. Сепак, одржувањето на поединечните гробови и надгробни споменици, според локалните правила, е обврска на семејството на починатиот. Бразилската цивилна полиција покрена истрага за да се утврдат сите околности на несреќата. Засега не е соопштено зошто попуштила бетонската конструкција или дали претходно имало знаци на нејзино оштетување.Тагови: гробот погреб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора да престане да убива ирански лидери за да утврди со кого преговараат САД и го повтори својот став дека на Иран никогаш не смее да му биде дозволено да развива нуклеарно оружје.„Морам да престанам да убивам ирански лидери затоа што морам да сфатам со кого, по ѓаволите, преговараме“, рече Трамп на предизборен митинг во Џорџија, објави Дејли експрес. Трамп повтори дека Иран повеќе нема авиони, нема бродови и нема лидери. „Лидерот од прво ниво го нема, лидерот од второ ниво го нема“, рече Трамп. Тој, исто така, ја бранеше својата одлука од 2018 година да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, постигнат под тогашниот американски претседател Барак Обама, велејќи дека ја донел одлуката во клучно време за да го спречи Техеран да добие нуклеарно оружје. „Го раскинав еден од најлошите договори што некогаш биле склучени, Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) на Барак Хусеин Обама, познат и како нуклеарен договор со Иран, што доведе до тоа Иран да добие нуклеарно оружје. За среќа, го раскинав токму на време“, тврдеше Трамп. Тој повтори дека САД го уништиле капацитетот за збогатување ураниум на Иран во воените операции спроведени оваа и минатата година. „Ги победивме воено, финансиски и на други начини. Мора да се погрижиме тие никогаш, ама баш никогаш да не добијат нуклеарно оружје“, повтори Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook